Лондон
На милиот пријател, учител и рав ***, нека свети свеќата негова.
Сите твои писма го добив благовремено, и она што сакаш да добиеш капар за книгата, за да може таа, на крајот на краиштата, да види светлина, тоа е правилно, затоа што достоинството на скромноста е да се крие додека тоа е можно, како што рекле мудреците: „Сите знаат зошто невестата оди под хупа (обред при склучување на брак)“ итн. Затоа што сите големи и важни работи се случуваат во скромност. И според можностите. Меѓутоа по (исцрпувањето) на можностите повеќе нема никакво достоинство во скромноста, иако почетната скромност е присутна и го шири благословот на човекот засекогаш.
Јехуда Лајб