Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Писмо 21, 1927 г., стр. 75

На срдечниот пријател... нека свети неговата свеќа засекогаш!

Го примив твоето писмо од 13-ти Тишреј, во кое пишуваш: „Сфаќам колку големи надворешни воздржувања (ограничувања) се потребни за да го поправам мојот надворешен дел“. На ова веднаш ќе ти одговорам дека тебе не ти се потребни воздржувања и дека не треба да го поправаш својот надворешен дел. Всушност, кој ти ги кажа овие нови „мудрости“? Мислам дека ова е од причина што не си близок до мене како порано, па затоа „кроиш туѓи лозја“. Меѓутоа, знај дека немаш поверен пријател во целиот свет и затоа јас те советувам да не го поправаш твојот надворешен дел, туку само внатрешниот бидејќи само внатрешниот дел на човекот е наменет за поправање. Тој е порочен, во него има нечистотија, а знаците на таа нечистотија се егоизмот и гордоста. Нечистотијата не се плаши од никакви воздржувања на светот. Покрај тоа, таа ги сака затоа што егоизмот и гордоста се зголемуваат и зацврстуваат преку воздржувањата.

Доколку сакаш да ја исчистиш нечистотијата од себе, тогаш наместо со воздржувања, почни да работиш со поништувањето на егоизмот. Почувствувај дека си најнискиот од сите луѓе, но за да се разбере тоа, треба долго да се изучува кабалата. Исто така, треба да се проверуваш дали се лажеш самиот себе. Корисно е, всушност, да се понижуваш себеси пред пријателите. Но, внимавај да се понижуваш и поништуваш себе само во соодветна заедница, односно пред групата, а не пред туѓинци, за да почувствуваш дека си полош и понизок од сите луѓе на светот. Тоа е вистината. Овој мој лесен и јасен совет може да го исполни секој човек! Овој совет не го истоштува телото и е чист и совршен. Ако порано не сум ти зборувал за ова, тоа е од причина што немало потреба. Додека беше до мене и се соединуваше со мене, ти самиот постепено ја осознаваше својата нискост, без никакво учење или други дополнителни дејствија. Сега, кога повеќе не си до мене, ќе бидеш принуден да работиш за да се поништиш себеси.

Најважно е да ја зголемуваш молитвата и да се зацврстуваш во увереноста дека Создателот ќе успее да те удостои со целосно враќање за да дознаеш како да се соединиш со Него засекогаш во единствена врска, бидејќи тоа е важно и според ова се разликува работникот за Создателот од оној кој не работи за Него. „Не си давај мир на себе и не Му давај мир на Него“ (Ишајагу 62:7), додека не ги прости сите твои гревови и престапи и не те доближи кон Себе засекогаш и за вечни векови. Ти треба да се доближиш до мене така што ниедно растојание да не нè разделува, бидејќи мудреците рекле: „Држи се до Неговиот помазаник и самиот ќе бидеш помазан“ (Талмуд, Седер Незикин). Во ова е големиот принцип на учењето на Баал Шем Това – приближувањето до праведниците. Дај Боже да не ти недостига разум да го разбереш ова. И верувај дека од моја страна нема никакви препреки и потешкотии. Доколку би знаел дека можам да сторам за вас повеќе ако останам во земјата на Израел, се разбира, не би ве напуштил. Меѓутоа, во реалноста моето заминување за вас би било корисно на некој начин.

Јехуда Лајб Ашлаг

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели