Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Писмо бр. 34

Вечерта на Рош Хашана (еврејската Нова година). 14 септември, 1947

За пријателите, нека живеат вечно.

Откако ви се доближив во замисленото телесно место, да се надеваме дека ќе ги зближиме срцата, затоа што веќе долго време си немаме пишано, а физичките чинови донесуваат единство, како што е речено во молитвата за Рош ХаШана (службата за еврејската Нова година), „И сите тие ќе станат едно општество.“ Во таа состојба, ќе биде полесно да се „спроведе Твојата волја од сè срце.“ Тоа е затоа што иако нема само едно општество, тешко е да се работи со цело срце. Место тоа, дел од срцето останува за своја корист а не за користа на Создателот. За тоа е речено во Мидраш Танума, „Ти стоиш денес,“ како што денот повремено свети а повремено се смрачува, така е и со вас. Кога ви е темно, Светлината на светот ќе ви свети, како што е речено, „И Господ ќе биде за вас бескрајна Светлина.“ Кога? Кога сите ќе бидете едно општество, како што пишува, „Секој од вас жив на овој ден.“

Обично, ако некој земе куп гранки, може ли сите одеднаш да ги скрши? Но ако зема една по една, дури и бебе може да ги скрши. Слично, гледате дека Израел нема биде спасен сè додека сите тие не бидат едно општество, како што е речено, „Во тие денови и во тоа време, вели Господ, децата на Израел ќе дојдат, заедно со синовите на Јуда.“ Така, кога ќе се соединат, ќе го примат лицето на Божественоста. Ги претставив зборовите на Мидраш за да не мислите дека проблемот на групата, кој е љубовта кон пријателите, се однесува на хасидизмот. Напротив, тоа е учењето на нашите мудреци, кои гледале колку е неопходно соединувањето на срцата во единствена група за да се прими лицето на Божественоста. Иако секогаш некој од пријателите ќе се истакнува и ќе вели, „Фатете се сите за раце за единствена група!“ и секогаш ќе им ја припише немарноста на пријателите, сепак не можам да го исклучам од пријателите, кои се немарни во тој поглед, и тоа треба да биде доволно за разбирање. Главно, да се надеваме дека во новата година, Шин-Тав-Хет-Јод („Да живеете“ но исто така и годината во хебрејскиот календар, броена во букви (1949-50), Создателот ќе ни даде вечен живот, како што е напишано: „Бидејќи Бог ме назначи како уште едно семе место Авел,“ итн. и „Да живеете“ ќе се обвистини.

Значењето на Рош ХаШана (Нова година) е нов почеток, кога човек почнува да гради нова структура. Како што велат нашите мудреци, „Човек секогаш треба да се смета за пола грешен, пола праведен. Ако направи еден единствен Мицва (добро дело/заповед), среќен е, бидејќи се осудил себеси и сиот свет на страната на добрината. Ако направи и еден престап, тешко нему оти се осудил себеси и сиот свет на страната на лошото.“ Треба да сфатиме што значи дека човек секогаш треба самиот себе да се смета како пола-пола.

1) Ако изврши една заповед, Мицва, и се пресуди на страната на доброто, како може да се каже дека пак е пола-пола? Сепак, веќе има пресудено и има мнозинство на добрини. И обратно, ако извршил еден престап, како може подоцна да се каже дека е пола-пола?

2) Како може да се каже дека е пола-пола кога самиот знае за себе дека е полн со гревови и престапи? Во исто време, се чувствува принуден да се исповеда, „Виновни сме, предавници,“ и „За гревот.“

Работата е во тоа што нашите мудреци ни даваат да го сфатиме редот во работата. Тука нема вердикт на суд и Вишиот суд. Само кога човек ќе дојде пред Вишиот суд се судат неговите престапи и заслуги. Напротив, нашите мудреци нè учат дека човек секогаш треба да почне со работата и да го избере доброто и да се гнаси од лошото. Така е затоа што изборот е применлив точно во нешто што е пола-пола, оти тогаш има моќ да избере. Но кога една од страните веќе го има мнозинството, тој веќе не може да реши бидејќи човек го следи мнозинството и тогаш не е релевантно да се зборува за избор. Тоа го покренува прашањето, „Како може да се лаже себеси и да каже дека е пола-пола кога знае дека всушност е полн со гревови?“ Меѓутоа, треба да знаеме дека изборот кој му е даден на човек е траен и вечно постои, како во, „Тој што е поголем од неговиот пријател, неговата склоност е поголема од него.“ Според ова правило, ако некој има многу гревови, тогаш има мала склоност, која не е поголема од добрата склоност, туку е точно пола-пола, па ќе може да се реши.

А бидејќи престапите доаѓаат преку злата склоност, а Мицвот (добрите дела/заповеди) доаѓаат преку добрата склоност, како што толкува РАШИ, „Ти го создаде праведното преку добрата склоност; Ти го создаде лошото преку злата склоност,“ затоа нашите мудреци велат, „Човек треба да се смета за пола добар, пола грешен и пола праведен.“ Со други зборови, што се однесува до изборот, тој е секогаш присутен, и ако престапите се од... тогаш злата склоност спласнува. Така, тој е пола-пола. Слично, ако изврши една единствена заповед, Мицва и веќе е осуден на страната на добрината, веднаш му е дадена голема зла склоност, како што пишува, „Тој што е подобар од својот пријател, неговата склоност е поголема.“ Така, сега тој е пола-пола, па ќе може да биде пресуден на страната на добрината. Затоа, на Рош Хашана, човек одново ја почнува својата работа. Покрај тоа, десетте покајанички денови се викаат „денови на простување и покајание за гревовите,“ за човек да ја има секоја прилика повторно да се придружи  во работата на Создателот, иако бил толку оддалечен од работата. А суштината на работата е молитвата, бидејќи само со молитвата може да се излезе од јавноста и да се влезе во подрачјето на Единствениот. Тоа е затоа што кога се работи за молитви, големото и малото се еднакви. Покрај тоа, тој што чувствува колку е долен може да упати поискрена молитва од дното на срцето, бидејќи знае за себе дека не може самиот да се извлече од тесното. Тогаш може да каже дека навистина, тие што се создадени со посебни дарови и добри одлики имаат потреба од милоста небесна. Така, само таков човек може да упати искрена молитва.

Меѓутоа, човек треба да внимава да не избега од кампањата, бидејќи склоноста се однесува на тој начин што кога човек може да упати вистинска молитва, таа му носи искри на очај и му дава докази, заклучоци, и наговестија дека неговата молитва ќе биде бескорисна. Конечно, човек станува неспособен да верува во „Оти Ти ја слушаш молитвата од сечија уста.“ Нашите мудреци велат, „Создателот копнее по молитвата на праведните.“ Тоа е затоа што молитвата е главната алатка за инспирација од Божественоста бидејќи се смета за молитва на сиромавите. Тоа е значењето на, „Затоа што сиромавите никогаш нема да ги снема од земјата.“ Треба да сфатиме зошто Создателот ни го ветил тоа - дека е неопходно секогаш да се имаат сиромавите. Не би било ли подобро да нема такво нешто во Израел? Меѓутоа, во горното толкување, „сиромав“ значи место за молитва, а ако нема место на недостаток, нема место за молитва. Така, нема ли место за молитва штом човек е награден со големина? Во тој поглед, Создателот ни ветува, „Сиромавите никогаш нема да ги снема,“ што значи дека секогаш ќе има место кај што е можно да се најде потреба за човек да се крене до повисок степен.

Тоа е значењето на, „Сиромаштијата му прилега на Израел како црвен појас на бел коњ.“ Тоа значи дека дури и ако тој е Евреин во целата своја величина, сепак, сиромаштијата прилега, оти таа е место на недостаток, така што ќе може да понуди молитва. Тоа е темата претставена во Гемара (Берахот 9б): „Раби Ела рече на Ула, ’Кога ќе одиш горе, поздрави го брат ми, Раби Берона, во присуство на целата група, оти тој е голем човек и се радува во Мицвот (заповеди/добри дела). Еднаш успеа да го спои покајанието со молитва, и насмевката не му слезе од лицето цел ден.“ Со други зборови, тоа што тој е голем човек е кога веќе е во состојба на покајание, спасен од сите недостатоци, без потреба да прави веќе било што. Во таа состојба, има работа да најде некаква мана во себе за да се моли за тоа. А кога го „споил покајанието со молитвата,“ тој веднаш нашол место за молитва и добил бескрајна радост, како што пишува, „Затоа што сиромавите никогаш нема да ги снема од земјата.“ Следува од сето горенаведено дека најважната работа е молитвата. Бидете силни во молитвата и верувајте во, „Ти ја слушаш молитвата од секоја уста.“

Нека бидеме запишани во книгата на животот!

Вашиот пријател, Барух Шалом ХаЛеви, син на Баал ХаСулам

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели