Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Писмо 35

Вечерта на Судниот ден 5718-та година (4-ти октомври 1957-ма година) ...По повод твоето прашање „Зошто нè оставил сами во борбата?“

Затоа кога праведен човек се повикува горе (пред лицето на Севишниот) и се чувствува недостиг (се чувствува „хисарон“), а чувствата и болката се натрупуваат во срцето, тогаш тоа се појавува во солзите. Се разбира, ако „хисарон“, недостатокот на определено ниво се чувствува во човек, тогаш овој „хисарон“ се нарекува молитва, а со молитва ние повторно продолжуваме, го привлекуваме изгубеното (поврзаноста со праведникот) кон себе. Но, ако не посветуваме внимание на ова и се помируваме со ситуацијата, секој пат сè повеќе се оддалечуваме додека не заборавиме. Познато е дека умрениот се заборава со срцето бидејќи смртта веќе е безнадежна. Тогаш на човекот, кој бил поврзан со покојникот со блиска врска, му се јавува обвинување: „Зошто умре праведникот, а никој не оддава должна почит на тоа?“. Затоа, за да нема обвинување против човекот кој бил поврзан со праведникот кој починал, праведникот умирајќи прави поправање со тоа што му го зема на човекот сето она што му го дал. И, секако, човекот станува најлош, бидејќи таквите луѓе имале желба да го примат духовното, па кога го губат духовното, тогаш материјалните работи почнуваат да го исполнуваат степенот на задоволство (на местото на) духовното, затоа што паѓаат долу во ниската состојба, односно во ниските страсти во потрага по почит во уште поголема мера. Затоа објаснив што се случило со нас кога сме ја заборавиле суштината и сме стапиле на патот на раздорот...

Јас на почетокот ги знаев идните резултати. Има луѓе кои можат да ги сокријат своите мисли, но и такви, кои немаат таква сила. Тогаш нивните мисли се откриваат и тие прават недолични дејствија, со што им покажуваат на сите дека тие не се и никогаш не биле поврзани со праведникот. Тогаш, зошто се чудиш сега? Тоа се случило веднаш после Судниот ден 1954 година (денот на смртта на Баал ХаСулам) и до сега тоа не е ништо повеќе од доследно откривање на нивните мисли и дејствија. Сега ти ќе ја разбереш големата потреба да поверуваш во она што го рекле нашите мудреци, нека биде благословен споменот за нив, кои го обврзале човекот да вели: „Овој свет е создаден за мене“. Како да се прифати ова величие – дека човекот треба да биде неизмерно горд? Меѓутоа, ако целата основа е во вербата, тогаш може да се поверува и во ова, бидејќи ако човекот работи за себе, тогаш постојат такви барања. Но, ако човекот посакува – во помал степен посакува да има желба во име на Вишиот, тој може да поверува во тоа затоа што вербата е неопходна на секој чекор.

„Праведниците се големи... повеќе отколку додека се живи“, значи дека треба да се засили вербата во нив после смртта повеќе отколку додека се живи затоа што целата основа на патот на праведникот, нека биде благословен споменот за него, е во вербата бидејќи само на тој пат се открива знаењето. Оној кој се удостоил да тргне на патот на вербата – само тој има „Хохма“ (мудрост) и „гвура“ (храброст). „Секој што е мрзелив според словото на мудрецот заслужува да биде погребан жив“ (Шабат, 105). Објаснување: онаму, каде што не се чувствува „хисарон“, се чувствува мрза, бидејќи не се чувствува загуба и тоа не е почувствувано за да возбуди говор за спомен во срцето. Тогаш иако тој (мрзеливиот) сè уште е жив, бидејќи сè уште има животна сила, која ја добил од мудрецот, тој во секој случај заслужува да биде погребан жив. Како што за починатиот нема поправање никаде освен во гробот, така и ваквиот човек заслужува да биде погребан затоа што смртта веќе е јасно дека ќе дојде, односно дека ќе излезе животот од него. За ова зборуваат нашите мудреци, нека биде благословен споменот за нив, дека тој уште сега заслужува да биде погребан...

Барух Шалом а-Леви Ашлаг, син на својот татко и учител Баал ХаСулам

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели