Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Писмо 44, 1927 г., стр. 130,

...И го воспевам рав, кој го чувствувам поблиску од сите ученици. Со голема намера го фалам во лице со цел тој во своето срце да ја вознесе благодарноста кон Создателот заради тоа што после моето отстранување од него на одредено време, јас се удостоив да ја доведам во ред поврзаноста со него во голем степен. Тоа не е ништо друго, освен подарок од Создателот. Јас не одговарам на секого директно на неговите лични прашања, туку им ги праќам одговорите на други лица, не на оние кои ги поставиле прашањата со цел да не им дадам место на нечистите сили да се вмешаат меѓу нас. Затоа секој од нас треба да се обидува да ги разбере моите писма, без да обрнува внимание на кого се пратени тие писма. Воопшто нека нема сомнеж дали зборовите од писмата оставаат трага во срцето мое. Немојте ни да помислите на тоа. Напротив, јас го делам товарот со сите негови напори, грижи и несреќи. Навистина, еве поминаа неколку месеци откако ми спомена за силните болки, кои ја опфатиле половината од неговата глава. Јас многу сакав бргу да му напишам за чудесното и вистинско средство: да вложува напори во учењето на Тора. Меѓутоа, мојот исконски принцип е пред да му кажам на човек за своето чудесно средство, јас да Го молам Создателот за да успее човекот самиот да го достигне тоа. Откако самиот ќе го достигне тоа, јас му кажувам да го исполнува она што треба и како потврда му раскажувам за ова чудесно средство.

Затоа ми се израдува душата, кога после неколку недели од него добив коментар за строфата од Тора: „А овој човек, Моше, беше многу скромен“. Во ова писмо тој открил дека целото ослободување се состои во достигнувањето на мудроста (Хохма) и тајните на Тора. Тогаш јас Му се заблагодарив на Создателот. Но, после тоа од него добив писмо од кое што сфатив дека тој отстапил од својот збор и повторно го разбира патот и ослободувањето како пред достигнувањето на Тора, бидејќи ми пиша дека болка пак му ја опфатила главата. Затоа сега јас му се обраќам со напомена за заклучокот, до кој што веќе има дојдено: не е можно да се достигне целосно и вечно ослободување (поправање) пред достигнувањето на „Таамеј Тора“ (вкусот на Тора) и „Таамеј Мицвот“ (вкусот на Заповедите), па затоа треба да се жали само заради достигнувањето на Тора, бидејќи е речено дека Создателот не ја дава својата ќерка за обичен човек, како што рекле мудреците: „Секој, кој ќе ја даде својата ќерка за обичен човек е како да ја врзува и да става пред лав“. Познато е дека жената се нарекува според името на мажот, како на пример жената на царот е царица, мудрецот има мудра жена – тој е благоразумен и таа е благоразумна, како што е речено во „Поправањата според книгата Зохар“. Жената на обичниот човек е обична затоа што и нејзиниот маж е обичен бидејќи не се грижи за почитувањето на царот (за трепетот пред Создателот). Постојаното место на лошиот почеток е во срцето, кое е слободно од Тора, а Тора и мудроста постепено ги отстрануваат лошото и глупавоста од срцето. Затоа на обичниот човек му се дава обична жена, клипат Нога, која ја навела на грев Хава (Ева), жената на Адам.

За ова е речено: „Гневот живее во срцето на глупавите“. Овде ќе најдеш јасна причина зошто царот не ја жени својата ќерка за обичен човек. Ако пак, вистински твојата душа ја посакала ќерката на Јаков, тогаш не треба да го зголемуваш откупот и подароците, како што тоа го бара разумот на Хамор, таткото на Шхем, туку мора да се обидуваш да ги следиш достигнувањата на вкусовите од Тора и вкусовите од Заповедите, да не се скрие ниеден од нив, бидејќи тогаш неговата желба и нејзината желба ќе се сретнат и ќе се соединат една со друга, а љубовта ќе ја заврши својата работа без никаква помош од страна, односно помош од силата човечка.

Јехуда Лајб

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели