Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Вовед во Книгата Зохар, Точка 61- 71

61. Според тоа, се јавува прашањето: „Зошто Зохар не бил откриен на претходните генерации, чии заслуги се несомнено поголеми од оние на подоцнежните генерации, и кои се подостојни?“ Мораме да прашаме: „Зошто не бил откриен коментарот на Книгата Зохар пред времето на Ари, на кабалистите пред него?“ И прашањето кое најмногу збунува: „Зошто коментарите на зборовите на Ари и на зборовите на Зохар не биле откриени пред времето на Ари, па сè до нашата генерација?“

Одговорот е дека светот, во текот на своите шест илјади години постоење, е како еден Парцуф поделен на три третини: Рош (глава), Тох (внатрешност), и Соф (крај), што значи ХаБаД (Хохма, Бина, Даат), ХаГаТ (Хесед, Гвура, Тиферет), НаХаЈ (Неца, Ход, Јесод). Еве што имаат напишано нашите мудреци. „Два милениуми на Тоху (хаос), два милениуми Тора, и два милениуми на времето на Месијата (Санхедрин 97а).“ Во првите два милениуми, Рош и ХаБаД, Светлините биле многу мали. Се сметале за Рош без Гуф (тело), бидејќи имале само Светлини од Нефеш. Тоа е затоа што има обратнопропорционален однос меѓу Светлините и садовите: со Келим (садовите) правилото е дека првите Келим прво растат во секој Парцуф; а со Светлините е спротивното – помалите Светлини први се облекуваат во Парцуфот.

Така, сè додека само Вишите делови се во Келим, Келим ХаБаД, тогаш само Светлините на Нефеш се облекуваат таму, најмалите Светлини. Затоа за првите два милениуми пишува дека се сметаат за Тоху. А во вторите два милениуми на светот, кои се Келим на ХаГаТ, се спушта Светлотлината на Руах и се облекува во светот, т.е. Тора. Затоа за средните два милениуми е речено дека се Тора. А последните два милениуми се Келим на НаХаЈаМ (Нецах, Ход, Јесод, Малхут). Затоа, во тоа време, Светлината на Нешама се облекува во светот, а тоа е поголемота Светлина, затоа тоа е времето на Месијата.

Тоа е однесувањето во секој посебен Парцуф. Во неговите садови на ХаБаД, ХаГаТ, преку Хазе (градите), Светлината е притаена и не почнуваат отворено да ја пуштаат Хасадим, што значи дека појавата на возвишената Светлина Хохма се случува само од Хазе надолу, во неговото НаХаЈаМ. Тоа е причината што пред да почне да се гледаат Келим од НаХаЈаМ во Парцуфот на светот, т.е. последните два милениуми, посебно мудроста на Зохар, а општо на мудроста кабала, општо се скриени од светот.

Но за времето на Ари, кога се наближувало времето на довршување на Келим под Хазе, Светлината на возвишената Хохма била откриено во светот, преку душата на светиот Раби Исак Луриа (Ари), кој бил спремен да ја прими та голема Светлина. Потоа, тој ги открил сите најважни работи во Книгата Зохар и мудроста кабала, сè додека не ги засенил сите негови претходници. Сепак, бидејќи овие Келим не биле уште довршени (бидејќи тој починал во 1572), светот уште не бил достоен да ги открие неговите зборови, а неговите свети зборови им биле познати само на избрани неколкумина, на кои им било забрането знаењето да му ги кажат на светот.

Сега, во нашата генерација, бидејќи се наближуваме кон крајот на последните два милениуми, дадена ни е дозвола да ги откриеме неговите зборови и зборовите на Зохар по светот во голема мера, на таков начин што од нашата генерација натаму зборовите на Зохар ќе бидат сè повеќе откриени во светот, додека не се откријат во целост, како што е желбата на Создателот.

63. Сега можете да сфатите дека навистина нема крај на заслугите на првите генерации во однос на последните, бидејќи тоа е правило во сите Парцуфим (множина од Парцуф) на световите и душите, почистите да бидат првите избрани за во Парцуф. Затоа, почистите Келим, ХаБаД, се прво избраните во светот и во душите. Така душите во првите два милениуми биле многу повозвишени. Сепак, не можеле да ја примат целата Светлина, поради недостиг на долни делови во светот и во нив самите, кои се ХаГаТ НаХаЈаМ.

А потоа, во двата средни милениуми, кога Келим на ХаГаТ биле избрани во светот и во душите, душите биле навистина многу чисти, сами по себе, бидејќи вредноста на Келим на ХаГаТ е блиску до онаа на ХаБаД. Сепак, Светлината била сè уште скриена во светот, поради отсуство на Келим од Хазе надолу, во светот и душите.

Така, во нашата генерација, иако есенцијата на душите е најлоша, што е причината зошто досега не можеле да бидат избрани за Кедуша, тие се оние кои што го употполнуваат Парцуф на светот и Парцуф на душите во однос на Келим, и работата е завршена само преку нив. Тоа е бидејќи сега, кога Келим на НаХаЈ се довршуваат, и сите Келим, Рош, Тох, Соф се во Парцуф, сега Целосната Светлина во Рош, Тох, Соф им слегува на сите што се достојни, што значи целосни НаРаН. Оттука, само по довршувањето на овие нижи души можат да се појават највисоките Светлини, и не пред тоа.

64. Навистина, дури и нашите мудреци го поставуваат ова прашање (Масехет Берахот, стр.20): „Рав Папа му рече на Абајеи: „По што се разликувале првите, што им се случило чудо, а по што сме ние различни, што нам не ни се случува чудо? Дали е поради учењето? Во времето на Рав Јехуда, целото учење беше во Незикин, додека ние учиме шест тома (целата Мишна). А кога Рав Јехуда навлегол во Окацин, рекол: „Ги видов таму Рав и Шмуел, додека ние учиме 13 Јешивот во Окацин. А кога Рав Јехуда го соблече едниот чевел, падна дожд, додека ние си ги измачуваме душите и извикуваме, и никој не нè забележува. Тој одговорил: „Првите си ги дадоа душите за светоста на Господ.“

Така, иако е очигледно, како за оној што прашува, така и за оној што одговара, дека првите биле поважни од нив, во однос на Тора и мудроста, Рав Папа и Абајеи се поважни од првите. Иако првите генерации се поважни од подоцнежните во есенцијата на нивните души, бидејќи почистите се избрани за први да дојдат на светот, во однос на мудроста на Тора, таа сè повеќе се открива во подоцнежните генерации. Тоа е така заради причината што веќе ја спомнавме, дека целата мера се довршува кај подоцнежните. Затоа добиваат поцелосна Светлина, иако нивната есенција е далеку полоша.

65. Оттука, можеме да прашаме: „Зошто тогаш е забрането да не се согласуваме со првите во откриената Тора?“ Тоа е затоа што се однесува до практичниот дел на Мицвот, е спротивно, оти првите биле посовршени во нив, од последните. Тоа е затоа што делото произлегува од светите Келим на Сефирот, а тајните на Тора и Таамим (вкусовите) на Мицва доаѓаат од Светлините во Сефирот. Веќе знаете дека постои обратен однос меѓу Светлините и садовите: во Келим, повисоките растат први (види точка 62), и затоа првите се подовршени, во практичниот дел, од последните. Но со Светлините, подолните влегуваат први, последните се подовршени од првите.

66. Имајте на ум дека сè што постои има внатрешност и надворешност. Во светот општо, Израел, потомците на Абрахам, Исак и Јаков, се сметаат за внатрешноста на светот, а 70-те нации се сметаат за надворешноста. И во Израел има внатрешност, а тоа се посветените работници на Создателот, и надворешност – оние што не се посветуваат на работата на Создателот. Меѓу нациите на светот, исто така има внатрешност, а тоа се Праведните Нации на Светот, и надворешност, кои се непристојните и штетните меѓу нив. Додатно, меѓу слугите на Создателот, меѓу децата на Израел, има внатрешност, и тие се оние кои се наградени со разбирање на душата за внатрешноста на Тора и нејзините тајни; и надворешност, се оние кои само го следат практичниот дел на Тора.

Има внатрешост и кај секој поединец од Израел – Израел што е внатре – која е точката во срцето, и надворешност – внатрешните нации на светот, самото тело. Но дури и внатрешните нации на светот во тој поединец се сметаат за проповедници, бидејќи спојувајќи се со внатрешноста, стануваат како проповедници од нациите на светот, кои дојдоа и се припоија кон целината на Израел.

67. Кога човек од Израел ја зајакнува својата внатрешност, која всушност е Израел во таа личност, во однос на надворешноста, која е нациите на светот во него, т.е. кога поголемиот дел од своите напори ќе го посвети да ја возвиши својата внатрешност, за добро на својата душа, а сосема мали напори вложува, само колку што е неопходно, да ги одржи во себе нациите на светот, што значи телесните потреби, како што е напишано (Авот,1) „Тора нека ви биде трајна а трудот привремен,“ и така правејќи, прави и децата на Израел да се возвишат во внатрешноста и надворешноста на светот, а нациите на светот, кои се надворешноста, да ја препознаат и признаат вредноста на децата на Израел.

Но ако, не дај Боже, се случи спротивното, и поединец од Израел ја цени и негува повеќе својата надворешност, т.е. нациите на светот во себе, повеќе од внатрешниот Израел, како што пишува (Деутер. 28) „Странецот што е во тебе“, што значи надворешноста на таа личност се возвишува, а ти самиот, внатрешноста, Израел во тебе, паѓа? Со таквите дела, човек доведува до тоа надворешноста на светот воопшто – нациите на светот – да се издигнат уште повеќе и да го совладаат Израел, деградирајќи го до земја, а децата на Израел, внатрешноста во светот, да пропаднат длабоко долу.

68. Не бидете изненадени што постапките на еден човек го издигнуваат или деградираат сиот свет, бидејќи е неумолив законот во кој општото и посебното се еднакви како две зрна грашок во иста мешунка. Сè што важи за општото, важи и за посебното. Покрај тоа, деловите го сочинуваат она што го има во целината, бидејќи општото може да се појави само откако ќе се појават деловите во него, според квантитетот и квалитетот на деловите. Очигледно, вредноста на едно постапка на делот ја издигнува или деградира сета целина.

Тоа ќе ви го појасни она што е напишано во Зохар, дека со изучување на Книгата Зохар и мудроста на вистината, ќе бидат наградени со целосно ослободување од прогонството (Тикуним, крај на Тикун бр.6). Можеме да прашаме, каква врска има проучувањето на Зохар со ослободувањето на Израел од нациите?

69. Од гореспомнатото можеме темелно да сфатиме дека Тора има внатрешност и надворешност, како целиот свет. Затоа, и тој што се занимава со Тора ги има овие два степени. Кога некој ќе ги зголеми своите напори за внатрешноста на Тора и нејзините тајни, во таа мера прави доблеста на внатрешноста на светот – Израел – да се крене високо над надворешноста на светот, т.е. нациите на светот. И сите нации ќе признаат и препознаат дека Израел има поголема вредност од нив, додека не се остварат зборовите: „И луѓето ќе ги земат, и ќе ги донесат кај нив дома: и куќата на Израел ќе ги поседува во земјата Господова“ (Исаја 14,2), и „Вака вели Господ Бог, Види, ќе ја кренам мојата рака над нациите, и ќе ги поставам моите правила на народите: и тие ќе ги донесат твоите синови во своите раце, а твоите ќерки ќе бидат носени на нивните рамена“ (Исаија 49, 22).

Но ако, не дај Боже, дојде до спротивното, и некој од Израел ја деградира доблеста на внатрешноста на Тора и нејзините тајни, која учи за однесувањето на нашите души и нивните степени и воспримањето, и вкусовите на Мицвот во однос на предноста на надворешноста на Тора, која се занимава само со практичниот дел. Исто така, дури иако некој повремено се занимава со внатрешноста на Тора, и реши да му посвети малку време, кога не е ниту ден ниту ноќ, како да е одвишна, со тоа ја омаловажува и деградира внатрешноста на светот, т.е. децата на Израел, и дава предност на надворешноста на светот – нациите на светот – над Израел. Тие ќе ги понижат и посрамотат децата на Израел, и ќе го сметаат Израел за нешто одвишно, како светот да нема потреба од него, не дај Боже. Уште повеќе, со тоа, ја прават надворешноста на нациите на светот да ја надвладее нивната сопствена внатрешност, бидејќи најлошите од светските нации, штетните и уништувачите на светот, ќе се кренат над нивната внатрешност, т.е. праведните нации на светот. Тогаш ќе ја донесат сета пропаст и крвавиот колеж кои нашата генерација ги видела, Бог нека нè чува отсега натаму.

Така гледате дека ослободувањето на Израел и неговото воздигнување зависат од проучувањето на Зохар и внатрешноста на Тора. И обратно, сето уништување и пропаст на децата на Израел се затоа што ја имаат напуштено внатрешноста на Тора. Ја деградирале нејзината вредност и ја направиле да изгледа одвишна.

70. Ова го пишува во Тикуним (Поправките) на Зохар (Тикун 30): „Разбуди се и стани за Светата Божественост, затоа што имаш празно срце, без разбирање да ја достигнеш, иако е во тебе.“ Значењето на ова е, како што е напишано (Исаија 40), дека има глас кој бие во срцето на секој од Израел, да плаче и моли за кревање на Светата Божественост, која е збир на сите души на Израел. Но Божественоста вели: „Немам сила да се кренам од прашината, бидејќи сето месо е трева, сите тие се како животни, јадат сено и трева.“ Тоа значи дека тие безумно следат Мицвот, како животни, „и сета доброст таму е како цвет на поле, сите добри дела што ги прават, ги прават за себе.“ Тоа значи дека Мицвот што ги вршат, немаат намера да ги вршат за да Му донесат задоволство на својот Создател. Вршат Мицвот само за своја корист, и дури и најдобрите меѓу нив, кои целото свое време го посветуваат на Тора, го прават тоа само за добро на своите тела, без посакуваната цел – да Му донесат задоволство на својот Создател.

За генерацијата од тоа време се вели: „Духот си заминува и нема да се врати на светов,“ што значи духот на Месијата, кој мора да го ослободи Израел од сите маки до целосното ослободување, за да ги одржи зборовите: „Бидејќи земјата ќе биде полна со знаење за Господ.“ Тој дух си замина и не свети во светот. Тешко на оние што го натерале духот на Месијата да си замине од светов, и да не може да се врати на светов. Тие се оние кои што ја прават Тора сува, без трошка влажност на разбирање и разум. Тие се ограничуваат на практичниот дел на Тора, и не сакаат да ја разбереат мудроста кабала, да ги дознаат и сфатат тајните на Тора и вкусот на Мицва. Тешко ним, бидејќи со тие постапки доведуваат до постоењето на сиромаштијата, пропаста, грабежи, пустошење, убивање, и уништување во светот.

71. Причината за нивните зборови е, како што објаснивме, дека кога сите што се занимаваат со Тора ќе ја деградираат внатрешноста и внатрешноста на Тора, оставајќи ја како да е вишок на светов, и се занимаваат со неа само во време кога не е ниту ден ниту ноќ, и во тој поглед, се како слепец што бара ѕид, со тоа ја интензивираат својата надворешност, доброто на своите тела. Надворешноста на Тора ја сметаат за повисока од нејзината внатрешност. Со тие постапки доведуваат сите облици на надворешност во светот да ги совладаат сите внатрешни делови на светот, секој според својата есенција.

Тоа е така бидејќи надворешноста на целиот Израел, што значи нациите на светот во нив, ја надвладува и поништува внатрешноста на целиот Израел, а тоа се сите што се големи во Тора.  Надворешноста на нациите на светот – уништувачите меѓу нив – се интензивираат и ја поништуваат внатрешноста меѓу нив, кои се праведните нации на светот. Покрај ова, надворешноста на светот, нациите на светот, исто зајакнуваат и ги поништуваат децата на Израел – внатрешноста на светот. Во таква генерација, сите уништувачи меѓу нациите на светот ги креваат главите и најмногу сакаат да ги уништат и убијат децата на Израел, како што е напишано (Јевамот 63), „Никаква несреќа не го снајде светот освен Израел.“ Тоа значи, како што пишува во горните поправки, дека тие предизвикуваат сиромаштија, пропаст, грабежи, убивање и уништување по целиот свет.

И низ многуте наши мани, го имаме видено сето она што го пишува во гореспомнатиот Тикуним, и уште повеќе, пресудата ги погоди најдобрите од нас, како што имаат речено нашите мудреци (Баба Кама 60), „Прво почнува со праведните.“ И од сета слава што Израел ја имаше во земји како Полска и Литванија итн. остана само посмртна останка во нашата света земја. Сега од нас, реликвиите, остатоците, зависи да ја исправиме таа страшна неправда. Секој од нас, остатоците, треба да земе на себе, со срце и душа, отсега натаму да ја интензивира внатрешноста на Тора, и да ѝ го даде вистинското место, според нејзината надмоќна вредност во однос на надворешноста на Тора. Потоа, секој еден од нас ќе биде награден со интензивирање на својата внатрешност, што значи Израел во нас, т.е. потребите на душата над нашата надворешност, или нациите на светот во нас, т.е. потребите на телото. Таа сила ќе му дојде на сиот Израел, додека нациите на светот во нас не препознаат и признаат колку поголема вредност имаат големите мудреци на Израел од нив, и ќе ги слушаат и ќе им се покоруваат.

Внатрешноста на Нациите на светот, праведните нации, ќе ја надвладее нивната надворешност, т.е. уништувачите. Внатрешноста на светот, т.е. Израел, ќе се крене во сиот сјај и доблест над надворешноста на светот, т.е. нациите. Тогаш, сите нации на светот ќе ја препознаат и признаат повисоката вредност на Израел над нив. И тогаш ќе ги следат зборовите (Исаја 14,2) „И луѓето ќе ги земат, и ќе ги донесат кај нив дома: и куќата на Израел ќе ги поседува во земјата Господова.“ И (Исаја 49,22), „ Ќе ги донесат твоите синови во своите раце, а твоите ќерки ќе бидат носени на нивните рамена.“  Така пишува во Зохар (Насо, стр. 124б), „преку овој состав,“ т.е. Книгата Зохар, „ќе бидат ослободени од прогонство со милост.“ Амин, така нека биде.

 

 [1] Белешка на преведувачот: Под Нефеш се подразбира првиот степен на НаРаНХаЈ.

[2] Белешка на преведувачот: Позитивни Мицвот се начела кои треба да се спроведат во дело, а негативни Мицвот се начела кои ги следиме така што избегнуваме одредени постапки.

 

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели