Подготовка за развитокот на душата
Како што во светот не може да постои тело без да има одредени знаења за законите на материјалната природа; како што тие знаења претставуваат смртоносна дрога, и тоа спалува и прави штета; како што без знаења и без она што се наоѓа во срцето на пријателот не може тој да постои во материјалниот свет, во иста мера душата на човекот не може да постои во идниот свет без стекнати знаења за природата на системот на Вишите духовни светови, нивните промени, соединувања, и резултатот. Во однос на телото разликуваме три периода:
1. Започнува од моментот на неговото појавување во светот, кога нема никакви знаења, а сите знаења потребни за неговата егзистенција ги добива од мајката и од таткото, и егзистира со помош на нивната заштитна моќ и мудрост. Тоа е првата мала состојба.
2. Настапува, кога човекот малку пораснува и стекнува некое знаење, кое му овозможува да се соочува со она кое што може да му наштети на неговото тело. Тој се грижи за тоа заедно со таткото и мајката. Тоа е втората мала состојба.
3. Тоа е зрела состојба, кога тој стекнал знаења кои се доволна за живот, што го чува во мерка која му дозволува да егзистира. Тогаш тој излегува од покровителството на таткото и мајката и почнува самостоен живот. Таква е третата состојба, наречена зрела состојба.
Така е и во однос на душата. Човекот прави циклуси, сè додека темелно не ја постигне науката кабала, без која нема да се развие душата. Меѓутоа, причина за растот на душата не се знаењата што ги има човекот, туку нејзината внатрешна природа. Но нема да пораснеш со помош на нејзиното влијание пред да стигнат до нејзините знаењата од духовната природа, затоа што развитокот на душата зависи од нивото на нејзините знаења. Причината за тоа е што кога би имала можност душата да порасне без знаења, тоа би ѝ наштетило. Како детето кое што нема знаења, тоа нема сила да оди. А кога би имало сила да оди со свои нозе, тогаш би се нашло во невоља. Меѓутоа основата на развојот ја прават добрите дела, кои зависат од постигнувањето на науката кабала. Овие две компоненти: и знаењата и добрите дела, зависат од постигнувањето на науката кабала, и двете тие доаѓаат заедно од причина која што ја наведовме погоре. Во тоа е смислата на реченото :„Ако не спознаеш – ќе си одиш” – „излези и види”. И затоа секоја совршена душа ги достигнува сите души, од Адам Ха Ришон до Конечната поправка. Така човекот врз основа на знаењата за своите познаници и соседи, или ги избегнува, или се соединува со нив и тие коегзистираат. Нема ништо зачудувачко во тоа, како човекот може да ги достигне сите души заедно, бидејќи духовното не зависи од просторот и времето и таму нема смрт.
Тело и душа
Секое тело нема трпение и е полно со гнев, бидејќи неговата животна сила е циклус од седум години глад и седум години изобилство. И секогаш законот е таков, што годините на гладот принудуваат да се заборават годините на изобилството. Така телото постојано се врти меѓу нив и се бруси, како каменчињата во морето. Уште поголеми непријатности му се додаваат, кога му се чини дека неговиот пријател се чувствува добро. Тоа се случува поради фактот дека душата во својата основа се сомелува, ротирајќи помеѓу добрата и злата склоност. Понекогаш, олеснување ѝ носи добрата склоност, понекогаш несреќи ѝ додава опкружувачката зла склоност.
Постигнување на знаењата во материјалното и духовното
Нема друга разлика меѓу телото и душата, освен во тоа што кај телото - тоа што со него се случува е условено со него самиот и природата, а кај душата - тоа што се случува со неа, е условено од работата и природата на интеракцијата на духовното со материјалното. Дополнително кај духовното, во споредба со материјалното е во тоа што во материјалното реалноста се спознава и без постигнувањето на нејзиниот извор, како што ја постигнува малото дете кое без оглед на тоа дека не го знае вкусот, нема да го жвака тоа што ќе му наштети. Но во духовното не може да се постигне реалноста, сè додека не се спознае нејзината причина и последицата. И во мера на спознавањето на тоа што се случува, се постигнува неговата сопствена големина и на духовната реалност која се наоѓа околу него.
Откривање на дејствата на Создателот е во скривањето!
„И Јас ќе Му бидам многубројна забава секој ден”. Разјасниле мудреците, дека пред доаѓањето на Месијата, кога го дочекуваат другите народи, во пресрет им излегуваат уметници, и секој од нив го забавува.
Првиот ден - ја открива Светлината, вториот – ги создава небесата и т.н. Такви се седумте денови на создавањето. Сите добиваат насладување и на седмиот ден престануваат со работата. Тој ден се насладуваат во световите. Како што е речено од мудреците: „Пред да се појават првенците - сите артисти стојат пред нив”, - т.е. токму во моментот кога тие се нарекуваат „мудреци“. Сфати го ова. Но уметниците не стојат пред учениците на мудреците, сфати го ова. Оди и погледни, колку е големо значењето на поправката во моментот на нејзиното одвивање, постигни го тоа, и ќе сфатиш.
Величието на саботата.
Во неа се содржи силата за поправка на сите работни денови. Без оглед на тоа, се чини дека поправката треба да се одвива во деновите на работа, наместо во саботата, кога се прекинува секоја работа, сепак силата на поправката на работните денови е содржана во саботата.
На прв поглед се чини дека за поправка треба да се работи, но всушност силата на Создателот во целата своја моќ не се пројавува никаде, освен во скривањето, бидејќи по прекинувањето на дејството на силата на скривањето во светот, веднаш само од себе се открива Неговото совршенство, и како да го потфрла стапот одоздола кон небесата. Стапот летнува нагоре под дејство на силата на спојување со Создателот, која го потфрла, и затоа целиот негов лет се одвива за сметка на таа сила. Во тој момент се пројавува и моќта на таа сила што го потфрла. Меѓутоа, кога тој се враќа и паѓа на земјата, тоа не се случува заради силата на потфрлање – туку тој самиот се враќа кон својот корен, без секаква помош. Соодветно со тоа, во сите скривања се видливи дејствата на Создателот. Но за враќање кон совршенството нема никаква потреба ниту од дејство, ниту од сила, бидејќи со прекинувањето на дејството на силата што пречи, тој сам од себе се враќа кон својот корен и кон совршенството. Во тоа се содржи смислата на реченото: „И одмарал Создателот седмиот ден, бидејќи тој ден не се врши никаква работа”. Т.е. тој ден не се пројавува силата на влијанието на Создателот врз светот, додека во текот на сите денови на создавањето таа работела, придавајќи му ја на светот неговата форма. Но седмиот ден не дејствувала никаква сила, сé одмарало, како што е речено: „И ги тргнав Јас рацете свои“. Затоа силата на совршенството е искована токму во тој ден, за тука да не дејствува силата на скривањето, и сфати го тоа.
Достигнување на духовните особини
Достигнувањето на духовните особини е следно. Тој што постигнува мора да ги открие неговите две страни:
1. Тоа во никој случај не треба да биде замислено;
2. Оној кој што достигнува, не треба да се сомнева во неговото знаење, како што не се сомнева во тоа што тој го поседува.
Терминот духовно укажува на тоа, дека е слично на воздухот. Без оглед на тоа, дека воздухот апсолутно нема граници, лик и форма, сепак не постои човек кој би се сомневал во неговата реалност, бидејќи од воздухот зависи неговата животна активност. Бидејќи ако од просторијата се испумпа воздухот и во неа се стави живо суштество, тоа ќе умре. Ако е така, тогаш реалноста на воздухот е очигледна, бидејќи тој е живот на човекот. Од материјалното може да се разбере духовното, бидејќи суштината на внатрешниот разум е слична со внатрешната суштина на телото, наречена „душа на секое тело” и претставува градба АВАЈА и неговите желби. Соодветно на тоа, внатрешната суштина на разумот се нарекува душа на разумот, и таа исто така претставува градба на желбата. Постигни и добро сфати го тоа.
Суштеството, кое ја чувствува својата градба АВАЈА, ги чувствува и неговите желби, додека пак за животните овој облик на разум е апсолутно скриен. Животното ја нема душата на разумот, ниту нејзините внатрешни особини, и затоа ги чувствува своите желби само во степен кој е неопходен за одржување на физичката егзистенција. Соодветно со степенот на постојаност на чувствувањето на таа желба, се мери неговата животна сила. Ако пак тоа не ја чувствува таа желба, нема да може да се потхрани, за да ја привлече својата градба АВАЈА, и ќе згасне. Згора на тоа, неговата големина и здравјето зависат од степенот на чувствувањето на желбата, исто како материјалното тело – кога тоа е здраво, неговиот апетит е максимален и тоа повеќе јаде, заради што се подобрува неговата крвна циркулација и здравјето.
Неопходност од достигнување на Создателот
Зошто треба да се знае каква желба чувствува душата на разумот? Затоа, ти велат, бидејќи тоа е желба за достигнување на Создателот, затоа што во нејзината природа е испечатен силен стремеж да се спознае Создателот и Оној што ја создал. Тоа се случува како последица на тоа, што таа ја чувствува својата градба АВАЈА, и сфати го тоа. Тоа значи, дека се воспоставуваат нејзините граници во суштината – со барање на тоа, што се наоѓа во Вишото. Не треба да се споменува, дека таа желба не е ограничена само со нејзино достигнување на Создателот. Душата тежнее кон сето скриено, нејзина желба е спознавање на она, што се наоѓа над природата, спознавање на циклусите, на тоа што се наоѓа во срцето на пријателот и сл.
Ова не се однесува на законот за кој што зборував погоре, согласно со внатрешното, кое е она што не излегува надвор од неговите граници, бидејќи тогаш не постоела желба да се постигне било што, освен неговиот Создател. Зошто е јасно, дека само ова достигнување претставува внатрешна желба, која не се нарекува екстравертна. Истражувањето во суштествата – тоа е дејство насочено кон ближниот, и кога не би постоеле други суштества во светот, на пример, кога би била создадена само една душа, тогаш таа апсолутно не би се стремела кон нивно достигнување. Нејзиното достигнување на Создателот – тоа е желба во однос на самата неа, тоа е нејзина градба, АВАЈА, кога таа се чувствува себеси како суштество. Достигни го и сфати, дека сите нејзини пројавувања туркаат кон тоа, и тоа е желба, во која душата чувствува дека може да го достигне Создателот. Во мера на тоа манифестирано чувствување ние можеме точно да ја замислиме нејзината големина. Достигни го и сфати го тоа добро.
Достигнување на Создателот
Речено е: „...бидејќи не ја виделе целата слика”. Тоа бара објаснување, бидејќи само глупавиот може да мисли и да размислува, додека Создателот нема никаков материален лик. Реално, во светот има аспект на достигнување на Создателот, бидејќи нема да се пробуди желбата кон тоа што не постои во реалноста. Благодарение на тоа, ние можеме да размислуваме за духовниот облик и неговите закони. И тој облик е повеќе духовен, отколку целата реалност. Токму во тоа е суштината на разумот, чија што форма се определува со чувствувањето на човекот при анализата на вистина и лага. Оваа посебна карактеристика во материјалниот свет се нарекува самиот разум, сфати го тоа. Речено е дека тоа е дел од Создателот, даден од Вишото, и тоа навистина нема никаква поврзаност со имагинацијата, се определува само со чувствувањата и се нарекува решение, или реалност, или отсуство на исчезнувањето на реалноста, што се разјаснува во законите и начините на дејствување. Овој закон се нарекува самиот разум и неговиот облик, сфати го тоа. Така овој закон претставува дел од Создателот, даден од Вишото. И затоа овој лик се открива во целината, и во нејзиното чувствување на себеси и нејзината реалност. Достигни и ќе сфатиш. Ликот во овој закон претставува целосна и постојана форма на неговата состојба, која не може да исчезне ниту целосно ниту делумно. Оваа форма се нарекува неопходна и задолжителна, без дополнување и без намалување. Достигни и ќе сфатиш. Во ова е смислата на реченото: „Јас, и да нема за тебе друг Создател. Го слушнавме тоа од Гвура“. Во „Јас” е вклучено исто така „да нема за тебе“. Т.е. „ако откривањето на Создателот би бил задолжителен закон, тогаш би немало потреба од науката кабала и предупредувањето: „да нема за тебе”. Но Создателот им се открива по своја желба, а не во задолжителна форма.
Тоа е слично на човекот, кој му го покажува на пријателот своето богатство и вели: „Гледај, јас имам можност да ти покажам, но ти сега не знаеш ништо за моето богатство. Потруди се да ја запомниш оваа форма, и тогаш кај мене ќе се појави желба да ти дадам дел од моето богатство, уште повеќе – да ти го покажам целото мое богатство. Но ти ќе го видиш само тогаш, кога оваа форма ќе биде сочувана во твојата меморија, т.е. кога ова решение ќе ти биде дадено во незадолжителна форма, како да нема господар, а Јас ќе бидам Господарот, „бидејќи за Мене е целата земја”. Целото сведоштво е во Неговата едноставна желба. Кога Јас ќе посакам, нема да се сетиш дури ниту на тоа што си го видел, а кога ќе посакам – секогаш ќе Ме гледаш Мене. Згора на тоа, Јас исто така ќе те потсетам на сè што си заборавил. Таква е чудната цел на Создателот, која не се вклопува во ниту еден разум, - да го научи човекот, во соодветност со апсолутната цел, сето тоа да остане во неговиот разум, и да биде негова сопствена желба, а не должност, да престојува во власта на Вишиот.
Осознавање на достигнувањето – само со помош на методата на кабала
Им се чудам на оние, кои што Го истражуваат Создателот. Сите нивни истражувања се срам за нас. Бидејќи тие се трудат да наведат докази за познатото, кое нема потреба од тоа, а тоа што е скриено, заради негирањето на ограниченоста на материјалното, целосно го отфрлаат. Во суштина Создателот нема потреба за филозофски модели, и тоа е основно правило, ниту да се разгледува. Тоа е слично на она, кога запрашале еден човек: „Кој напишал толку необично мудра книга?”. Тој одговорил, дека всушност во светот таков мудрец не постои, и сè се случило заради тоа, што неговиот малолетен син истурил мастило на краевите на страниците. Мастилото се разлеало и се собрало во букви, кои се соединиле во зборови на оваа необична наука. Но сите препреки произлегуваат од управувањето на Создателот со суштествата, и негирањето на тој факт е само поради ограниченоста на материјалниот свет. Затоа тие апсолутно ништо не можат да кажат, бидејќи тоа нема да се оствари на ниту еден друг начин, освен со помош на науката кабала, и тука нема да помогне никакво истражување во светот. Да знаеш и тоа, дека позитивноста на реалноста мора да произлегува од чувствувањето на Создателот. Тоа се нарекува целосно осознавање, кое со себе ја носи љубовта на Создателот и Неговото добро. Додека пак знаењето, добиено како резултат на суво ментално истражување, ниту возвишува, ниту спушта. Достигни, и ќе сфатиш.
Како што е речено од нашите мудреци: „И тие што се тука, и тие кои не се, сите души на народот на Израел се наоѓаат пред планината Синај, бидејќи од оваа состојба се протегнале сите души кон народот на Израел во сите поколенија. За тоа е речено, дека личи на телесна душа, која претставува АВАЈА и нејзините желби. А зголемувањето на животната сила зависи токму од постојаноста на желбата. И кога би постоело позитивно сведоштво, тогаш душата на разумот не би барала повеќе. Ако е така, тогаш не би можела да се насити и сосема би се поништила.
Меѓутоа, чудото на совршеното спознавање се состои во тоа, што сведоштвото веднаш станувало желба, која го придружувала без каква било принуда, и веднаш обезбедувала средства за закрепнување на таа желба. Смислата на реченото „да се намножат деновите ваши” се состои во придржувањето на методата на кабала и нејзините закони. Така се открива сведоштвото, небаре денес е добиено на планината Синај. Во секој ден за нив сè е како ново, затоа што од тоа зависи сведоштвото. Но ако се наруши барем еден закон на кабалата, веднаш ќе останат во мрак, како слепци, кои не ја гледаат Светлината.
Суштината на воспримањето со разум
Веќе ти е познато, дека тие што се потпираат на разумот на физичкото тело, апсолутно не ги интересира спознавањето на Создателот, исто како што се рамнодушни кон спознавањето на своите пријатели, како самите себеси. Дури ниту блискиот човек не може да ги осознае нивната духовна суштина, внатрешноста во чист облик, без обвивки, бидејќи самиот разум исто е завиткан во надворешна обвивка – сила на имагинацијата. И бидејќи неговиот разум не може да ја замисли духовната особина, тогаш целиот тој облик целосно му бега. Сепак, тој цело време гледа токму на надворешното, т.е. на телото на пријателот и неговите физички дејства. Силата на постојанството ќе му овозможи добро да ги распознае во него сите негови духовни скалила, затоа што само тоа тој сака да го спознае, а не неговото физичко тело. И воопшто нема да почувствува, дека тоа му е малку. И нема да почувствува никаква безнадежност поради тоа, дека не го знае неговиот разум и нивото на суштината на неговата духовна форма, бидејќи не е обврзан да го спознае својот пријател повеќе, отколку се знае самиот себе, сфати го тоа. Тој исто така не ја достигнува и неговата внатрешна суштина.
И затоа суштеството, кое добро ги знае сите закони на природата и нејзините норми во материјалниот свет, кога неговиот поглед постојано е закован за нив, ќе рече дека го знае Создателот „лице в лице”, слично на тоа, како човекот кој разговара со својот ближен, кога секој во својот дел е споен со својот ближен во имагинацијата, т.е. со силата на сличноста во формите и движењата на разумот. Кога истражуваме, соодветно со нашите сили, суштината на разумот, ќе дојдеме до заклучок дека тој е во соединувањето на духовните суштества. Токму тоа соединување го определува „неговото однесување”. Тоа значи, дека целата предност на човекот над животното се состои во тоа, што благодарение на градбата на човекот, тој има орган кој е подготвен да ги соедини, внатре во себе, духовните суштества. И затоа, предноста на едниот човек над другиот се состои во силата на привлекување, спомената погоре, а исто така и во особините на самите суштества: кога едниот привлекува важни суштества, додека другиот привлекува суштества кои се помалку важни и сл. Разликата помеѓу духовното суштество и однесувањето е во тоа, што рамките на суштеството е слика во разумот, која се раѓа во разумот и престојува во него без било какви промени, т.е. не е дадено таа да се разјасни со текот на времето. А однесувањето зависи од времето и местото. Така скржавецот по карактер може еднаш во животот да даде дарежлива милостина, наоѓајќи се под влијание на местото или времето, сфати го тоа.
Привлекувања, кои се складираат во разумот на човекот
Знај, дека гореспоменатата подготовка, наречена разум на човекот, претставува небаре капка на екстракт од сите органи и особини на неговото физичко тело, и се наталожува врз првите привлекувања кои се складирале во мозокот на човекот. На пример, кога детето ги гледа формите на творбите во светот и Создателот, едната го тера да тежнее кон разумот, другата – кон богатството, третата – кон храброста. И ако тоа ја одбира важноста на знаењата, бидејќи тоа му се допаѓа, излегува дека тоа привлекло, внатре во себе, добра творба, која понатаму ќе генерира во добро однесување. Ако тежнее кон богатство, се вели дека во својот разум привлекол помалку добра духовна творба. Потоа, кога ќе порасне, тоа гледа градации. На пример, еден човек го отфрла сето материјално и се насочува кон знаењата, а другиот одбира знаења, но материјалните работи не ја губат својата привлечност за него. И ако детето ја величи вредноста на првото, тогаш во својот мозок привлекува прекрасна творба. Ако пак повеќе му се допаднало второто, тогаш привлекува во својот мозок полоша творба. Понатаму тоа ги гледа видовите на знаењето: од Создателот, или од творбите. И потоа проверува, дали да прима награда или да не прима. Кога се создаваат сите тие слики, тогаш од тоа складирање се создава еден материјал, наречен разум.