Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

149. Зошто е потребно да се привлекува Светлината на мудроста

 Слушнав на 22-ри Адар (9-ти март 1953 г.), во Тел-Авив

Се поставува прашањето зошто е потребно да се привлекува Светлината на мудроста, која означува знаење, ако целата наша работа се одвива со верба над знаењата?

И објаснува Баал ХаСулам: ако праведникот на поколението немал знаења, тогаш народот на Израел не би можел да работи со верба над знаењата. Но, токму кога праведникот на поколението ја привлекува Светлината на мудроста (Хохма), тогаш неговото знаење (Даат) свети во народот на Израел.

Слично како во човековото тело, ако мозокот сфаќа и знае што сака човекот, тогаш сите органи работат исполнувајќи ги своите функции и немаат потреба од никаков разум – и раката и ногата и сите останати органи дејствуваат и го исполнуваат она што им е наложено. На никого нема да му дојде во главата да се посомнева и да рече дека ако рацете и нозете би имале свој разум, би работеле подобро.

Но, за органите на телото не е важен својот разум, затоа што тие се оценуваат според силата на мозокот. Ако мозокот има голем разум, тогаш сите органи, благодарение на него, се нарекуваат големи. Така и овде, ако народот дојде кај праведникот, се удостојува со знаења и може да дејствува со целосна верба, имајќи сè што е потребно, без да бара никакво дополнително знаење.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели