Слушнав на Саботната трпеза, на 23-иот ден на Омер, неделно поглавје Ахареј мот – Кидушин (7-ми мај 1949 г.)
Зошто се вели „Лехаим!“ кога се пие вино? Бидејќи така рекле мудреците: „Виното и животот – според мудреците и нивните ученици“ (Вавилонски Талмуд). Се поставува прашањето зошто само според мудреците, а не и според обичниот народ?
Работата е што кога се вели: „Лехаим“ (во превод „За животот!“), се мисли на Вишиот живот. И кога се пие вино, треба да се памети дека тоа напоменува на „опојното вино на Тора“ и треба да се привлече Светлината на Тора која се нарекува „живот“. Додека пак, земскиот живот меѓу мудреците се нарекува: „Грешниците во својот живот се нарекуваат мртовци“.
Токму заради тоа за мудреците може да се каже: „вино и живот“. Значи, само тие се спремни да го привлечат духовниот живот, а обичниот народ нема такви келим (желби), со кои што може да го привлечат (Можеби „според мудреците“ значи „според мислењето на мудреците“. Во оваа смисла се подразбира токму животот, кој тие го нарекуваат живот, односно духовниот живот).