Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

214. Познатиот на градските порти

Слушнав на празникот Шавуот (1939 г.), во Ерусалим

„Јас сум твојот Семоќен Бог“ (Шмот). Исто така во Зохар е речено: „Познатиот на градските порти“.

Зошто мудреците го промениле називот на празникот „Ацерет“ (Престанување), за кој се говори во Тора како за празникот „Бикурим“ (Принесувања), како што е речено: „А во денот на принесувањето на првите плодови...“ и го нарекле празник на Дарување на Тора? Работата е што мудреците не промениле ништо, туку само со тоа ја откриле суштината на празникот „Бикурим“ (Принесувања).

Речено е: „Славете ги полињата и сè што е на нив, полевајте ги сите шумски дрвја“ (Псалм 96). Разликата меѓу полето и шумата е што полето дава плодови, додека шумските дрвја не даваат плодови. Полето ја означува Малхут, односно примањето на власта на Создателот врз себе, што ја означува вербата над знаењата.

Но, колку голема треба да биде вербата? Таа треба да биде таква, што ќе го исполнува човекот целосно и притоа сосема ќе го замени знаењето. Таквата Малхут се нарекува „Поле благословено од Создателот“, кое раѓа плодови. Само така човекот може да достигне соединување со Создателот, затоа што тогаш врз него нема никакви ограничувања бидејќи тој во сè се издига над знаењата.

Знаењето ограничува затоа што според неговата висина се определува големината на човекот. Од оваа причина тоа се нарекува: „туѓо бесплодно божество, кое не раѓа плодови“, односно „шума“. Но иако овие две сили се спротивни, меѓу нив мора да има средна: кога човекот има потреба од знаења, но под услов да не ѝ наштети на својата верба над знаењата.

Ако пак работи со помош на знаењата малу подобро отколку со вербата, веднаш губи сè. Затоа за него вербата и знаењата мора да бидат нераздвојни, без никаква разлика помеѓу нив. Тогаш „се слават полињата и се полеваат сите шумски дрвја“ бидејќи со тоа се поправа дури и „туѓиот бог“, кој бил дива, неплодна шума, и ја добива силата на вербата.

Затоа за Авраам е запишано: „Пред Мене оди и биди беспрекорен“. Тоа значи дека Авраам немал потреба од никаква поддршка. За Ное е речено: „Пред Семоќниот одеше Ное“, односно Ное барал поддршка, дури и од Создателот. Но, најлошо од сè е кога човек бара поддршка од луѓето во вид на подарок или заем:

Подарокот означува поддршка која човек ја добива од луѓето без да сака да ја врати назад, а посакува да ја користи цел живот.

Заемот пак, значи поддршка која човекот ја зема на одредено време, кога му треба, односно кога нема сопствени сили, но се надева дека со помош на својата чиста, духовна работа ќе добие сопствени сили и ќе го врати позајменото. Меѓутоа, и во ова има недостаток, затоа што ако не добие свои сили, сепак ќе падне.

Но, да се вратиме на нашата тема за називот на празникот Дарување на Тора, а не празник на примање на Тора, бидејќи тогаш се удостоиле да Го почувствуваат Оној кој ја дава Тора, како што е речено: „Сакаме самите да Го видиме нашиот Владетел!“. Значи најважно е што се удостоиле со својствата на Оној кој ја дава Тора и се претвориле во „поле благословено од Создателот“, односно поле кое дава плодови.

Во ова е смислата на празникот Бикурим, односно денот за принесување на плодови од првата берба од полето. Тоа е знак дека се удостоиле со поврзаност со Оној кој ја дава Тора и со целосно достигнување. Затоа е речено: „Арамеец – скитник бил таткото мој“ (Дварим), односно претходно тој имал падови и не бил искрен, а сега се здобил со постојана и вечна поврзаност со Создателот. Затоа мудреците го нарекле празникот Бикурим празник на Дарувањето на Тора, кога се удостојуваат со Оној кој ја дава Тора.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели