Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

195. Удостојте се со духовен развој

Слушнав во 1938 г.

„Удостојте се да го надминете времето“, односно удостојте се со патот на Тора (духовниот развој). Инаку ќе тргнете по патот на страдањата и заедничкиот развој, кои сепак, на крајот ќе доведат до Замислата за созданието.

Патот на Тора се состои во тоа што на човекот му се дава сила од Вишото (сгула), за да може тој за себе да ги направи потребните келим. Келим се создаваат со помош на исполнување со Светлина и нејзино губење, затоа што суштината на кли е во желбата да се прими насладување, односно во чувството за недостаток. „Нема Светлина без кли“ – потребно е да се добие кли, за да може да се прими Светлина во него.

Обичниот човек нема потреба од духовното пред да го почувствува. Како што е запишано – „распространувањето и исчезнувањето на Светлината создаваат подготвено кли“.

На пример, еден човек има илјада лири и се чувствува себеси богат. Но, ако потоа заработи повеќе, да речеме пет илјади лири и изгуби три, па ќе остане со две илјади, тогаш ќе чувствува загуба на три илјади, бидејќи веќе добил келим за пет илјади лири кои некогаш ги имал.

Таков е патот на Тора. Кога човекот се привикнува на патот на Тора да жали за своите мали достигнувања, но секој пат добива мало светење кое ту се појавува, ту се губи, тоа во него предизвикува сè поголемо сожалување и создава сè поголемо кли.

На секого му недостига Светлина која би го исполнила. Затоа секое место кое не е исполнето со Светлина станува место за Светлината на вербата. А доколку би се исполнило со Светлина, не би било кли – место за верба.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели