Лондон
На драгите ученици, нека живеат со Создателот над нив
Пред два дена ми се случи чудесен настан: еден човек ме замоли да отидам кај него дома за да ми ја покаже својата богата колекција од книги, меѓу кои имаше и книги по кабала... Таму видов една голема книга, околу сто и осумдесет листа, по два на еден типографски лист, со наслов „Царска долина“ на еден од оние кои достигнале прекрасно чудо, равот Нафали Ашкенази, да биде вечен споменот за него во идниот свет, испечатена во Амстердам 1648 година. Авторот наведува целосен редослед за науката на Вистината, потпирајќи се на „Дрвото на Животот“, започнува со скратувањата, а завршува со пониските светови БЕ''А. Она што е „изградено“ е врз основите на Ари со сопствени објаснувања. Тој исто така, се потпира на кабалата од гаоните и раните толкувачи, највеќе на рав Јаков Капил.
Кога ја отворив книгата, во неа видов многу ситуации и основи кои не се наведени во никоја книга на Ари и раните толкувачи, освен во една – „Книга на проучувањето на Ацилут“. Тие во неговата книга се наведуваат буквално и за мене тоа беше чудно. Ја читав целата книга многу внимателно, додека не ми стана јасно дека целата „Книга на проучувањето на Ацилут“, која му се припишува на Ари, е измислена и фалсификувана, а тој кој ја ископирал ја скратил споменатата книга „Царска долина“ и од неа направил мал расказ, што всушност претставува „Книга на проучувањето на Ацилут“, која ние ја имаме. Покрај тоа, човекот кој ја копирал книгата бил голем незнајко и не знаел ништо од кабала, па затоа безобразно ги измешал страниците на книгата, односно зел една половина од листовите и една третина од другата половина и ги ископирал буквално, а потоа ги составил во една тема, па излегло дека една тема во „Книга на проучувањето на Ацилут“ е собрана и составена од третина од листовите од десетте одделни теми во „Книга на проучувањето на Ацилут“. Затоа таа е необична и чудна. Степенот на мојот револт од тој неразумен мрзливец е невозможно да се искаже на хартија, бидејќи многу време ми одзеде само споредувањето на темите.
Но, тие ми беа драги заради величењето на светоста во наведениот материјал, па затоа на оваа книга и потрошив толку време, повеќе отколку што претпоставував дека ќе ми треба. Сфаќам дека со сите големи луѓе се случувало истото. Затоа мојата желба е да им предочам на луѓето: прво, дека оваа книга не спаѓа во трудовите на Ари; второ, дека таа е испревртена и испомешана до степен што не треба ни да се погледне во неа, но и да се уништи за да се оттргне пречката за идните поколенија. Оние пак, кои инсистираат на светоста на овие зборови, нека ја земат гореспоменатата света книга „Царска долина“, во која работите се наведени целосно и со виша убавина. Јас мислам да го објаснам ова во предговорот кој го пишувам. Споменатата книга е реткост. Според она што го видов, печатена е само еднаш, пред околу триста години. Јас ја гледам прв пат. И Вишото управување учествуваше во тоа, бидејќи ја зедов „Книгата на проучување на Ацулит“, а кога сакав да погледнам во неа, не ја најдов. Се обидов да ја позајмам од некаде, но не можев да ја најдам никаде. На крај ја најдов во својата патна торба и тоа ми беше чудесно. Во врска со личните прашања. Ќе ја воздигнам мојата молитва каде и да се обрати тој да успее, бидејќи овие денови немам можност да се занимавам со лични прашања, од причина со многу грижи ме окупираат, па затоа „во Светлината Негова ние ќе видиме Светлина“.
Јехуда Лајб