Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

232. Завршување на напорите

„Не му верувај на оној кој тврди дека вложувал напори, а не го пронашол посакуваното“. Што значи „пронашол“? Што треба да се најде? Треба да се најде благонаклоноста на Создателот.

„Не му верувај на оној кој тврди дека пронашол без никакви напори“. Меѓутоа, оној кој го вели ова, не лаже затоа што не се говори за конкретен човек, туку за општо правило за сите. И ако тој гледа дека нашол благонаклоност во очите на Создателот, зошто да не му се верува?

Работата е што понекогаш човекот се удостојува со благонаклоност во очите на Создателот преку молитвата, бидејќи во неа има посебна сила која може да дејствува слично на напорите (истото го гледаме и во нашиот свет, дека има луѓе кои заработуваат со своите напори, а има и такви кои се молат за заработка и ја добиваат).

Но, во духовното дури и да си се удостоил со благонаклоност во очите на Создателот, потоа ти секако ќе мораш да ја платиш целосната сума, односно да ја вложиш истата мера напори, која што ја вложува секој. Ако не ги вложиш истите напори, го губиш кли. Затоа се вели: „Не му верувај на оној кој зборува дека пронашол без никакви напори“, од причина што тој губи сè. Заради тоа, тој мора подоцна да „плати“ целосно со своите напори.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели