Здраво и секое добро!
Како одговор на твоето писмо од 27 октомври, во врска со твоето прво прашање за тоа дека мора да се пази и да се повика љубовта во срцата на пријателите, за кое мислиш дека е непригодно, всушност мислам дека тоа е неопходно за тебе. Знаеш дека Баал ХаСулам вели дека од односот меѓу човек и човек се учи како да се однесува меѓу човек и Создателот. Тоа е така бидејќи Вишата Светлина е во целосно мирување, и мораме секогаш да ја привикуваме љубовта, „Додека љубовта од нашата свадба не задоволи.“ Со други зборови, од Вишото ти се покажува дека на овој начин, мораш секогаш да ја будиш љубовта на Неговото име, бидејќи сите чекаат на твоето будење. Тоа значи, како што гледаш дека во љубовта на пријателите имаш права, што значи како ти се покажува од Вишото, ти си повикукувачот (иако вистината не мора да биде таква; ако ги прашаш пријателите, не сум толку сигурен дека се согласуваат со твојот доказ дека само ти ги посакуваш нив, а не и обратно). Тоа е значењето на „Судијата го има само тоа што му го гледаат очите.“ Тоа значи, колку што може да се процени, мораш да судиш само според своето сведоштво. Затоа од Вишото ти е покажано дека мораш да продолжиш на тој начин да ја будиш љубовта на Создателот, дека мораш секогаш да бидеш на штрек, цел ден и цела ноќ, кога чувствуваш состојба на ден или состојба на ноќ.
Му велиме на Создателот, „Твој е денот, и ноќта е Твоја.“ Така, и ноќта, темнината на ноќта, доаѓа од Создателот во корист на човекот, како што е напишано, „Ден за ден значи говор, а ноќ по ноќ изразува знаење.“ (Види коментарот на Сулам, Дел 1, точка 103). Следува дека мораш да го привикнеш срцето на пријателите додека пламенот самиот не се крене, како што велеа нашите мудреци за тоа, „Кога ќе ги запалиш свеќите.“ Со тоа, ќе бидеш награден со будењето на љубовта кон Создателот во нас. А што се однесува до твоето второ прашање за тоа дека секогаш мораш да го привикуваш срцето на пријателите, кои, откако веќе биле наградени со согледување на важноста на учењето, итн., пак не ги почитуваат лекциите - и тоа ќе биде твоја заслуга. Со други зборови, мораш самиот да видиш дека Создателот веќе неколкупати ти ја има дадено својата блискост. Веќе неколкупати си чувствувал дека немаш друга грижа на светот освен вечно да бидеш припоен до Него, бидејќи си недостоен да го служиш Кралот дури и во наједноставните работи, бидејќи зошто ти да бидеш попривилегиран од твоите современици?
А сепак, чекаш Создателот да те разбуди за да работиш, што значи да добиеш будење од Вишото, и тогаш ќе почнеш да ги учиш лекциите. Имено, исто како што мораш да ги разбудиш студентите, ти велиш дека Создателот мора да те разбуди тебе. Тоа значи, ако Создателот ти даде причина и добар вкус во работата, ќе се согласиш да работиш. Но пред тоа, не можеш. Тогаш, одозгора ти е покажано колку за подолни ги сметаш студентите. А во врска со третото прашање, за одржување на забавата со големо претерување, тоа е затоа што така луѓето се однесуваат кога се уплашени дека бебето ќе ја напушти куќата само ноќе. Му велат, „Надвор има мечка и други диви ѕверови,“ бидејќи бебето не може да разбере на ниеден друг начин.
Со други зборови, кога бебето би ја знаело вистината, дека надвор нема ни лав ни мечка, туку дека е најдобро бебето да оди на спиење, и најважно, да остане внатре, тогаш бебето не би можело да ја прифати вистината. Затоа, треба да знаеш, брате мој, дека за да се прифатат патот и зборовите на вистината на Баал ХаСулам, нема многу луѓе кои можат да ги слушнат зборовите на вистината, бидејќи гледаш само многу деца. А што можам да ти кажам додека си во градинка, и додека те импресионираат, и ми пишуваш дека се весели и радосни? Навистина, такви се бебињата - весели и радосни. Но се знае дека никој не го зема сериозно кога бебето плаче или кога е среќно, бидејќи неговата возбуда и чувства се неважни работи. А кога ќе видиш дека бебето плаче за време на службата, импресиониран си, како и кога тоа се радува и танцува, и пишуваш дека им завидуваш на децата што се весели и танцуваат. А што сакаш ти? Пак да бидеш бебе? Треба да знаеш, брате мој, дека твоето детство е завршено, бидејќи пред да влезеш во собата на Баал ХаСулам, и ти играше како нив. И нека ни помогне Создателот и во телесното и во духовното.
Твојот пријател, Барух Шалом ХаЛеви Ашлаг, син на Баал ХаСулам