Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Дрвото на Животот

Сакам да ви ја прераскажам и прокоментирам познатата стихотворба на Ари „Дрвото на Животот”. Сега ќе можете да ја сфатите многу повеќе од порано. Всушност, тоа не е стихотворба – тоа е прв пасус од книгата „Дрвото на животот”. Можете да ја прочитате целата книга, таа изгледа доста поетично, иако во неа е сконцентрирано целото знаење на кабалистот за создавањето.

Од книгата на големиот кабалист Ари Дрвото на животот

Знај, пред почетокот на создавањето постоела само Вишата Светлина, која го исполнувала целиот простор.

Знаеме, дека првично сé започнало од Светлината, со ништо неограничена, која за нас претставува Создател бидејќи нè создава, и нормално, само Тој постои во почетокот, пред појавувањето, пред создаденото од Него суштество, пред  желбата за насладување.

И немало слободен неисполнет (со таа Светлина) простор.

Што значи – слободен? Слободен од Светлината, т.е. кога би постоело што било освен Светлината, би се наоѓало во таа Светлина, би ѝ пречело, би Ја потиснувало. Не постоел простор неисполнет со Светлина, кој би бил слободен од Неа.

Само Бесконечна постојана Светлина преплавувала сé.

Само Бесконечна – бескрајна, со ништо неограничена, постојана – без какви било промени, бидејќи промените укажуваат на постоење на некакви граници. Кога зборуваме за таква состојба, станува збор за светот на Бесконечноста, затоа што говориме за пројавувањето на Вишата Светлина во некое место, кое таа го преплавува целосно, бесконечно, апсолутно постојано, без какви било промени.

И кога Таа одлучила да ги создаде световите и суштествата кои ги населуваат...

И кога Таа одлучила – Вишата постојана Светлина – да ги создаде световите (свет – “олам”, исто и “олама” – скривање), т.е. кога Таа одлучила да се скрива, постепено да го смалува (скратува) своето присутство во тоа место кое целосно го преплавувала , каде што целосно се откривала, Таа почнала во тоа место себеси полека да се скрива – тоа значи дека почнала да создава скалила на скривањето, наречени светови (светови – кои го скриваат Создателот). Сега е јасно зошто Таа почнала да се скрива, постепено да го смалува Своето присутство: за, можеби, благодарение на тие смалувања, да се појават суштества, кои ги населуваат тие светови. Односно во тој степен, во кој Светлината (Создателот) се скрива, во тој степен во тоа место можат да се појават суштества.

Разоткривајќи го со тоа Своето совршенство.

Т.е. токму со своето смалување, кога Таа Себеси се смалува, се скрива – со тоа Таа како да го открива Своето совршенство. Нам тоа ни е апсолутно нејасно, но всушност тоа е така, бидејќи за Создателот е многу посложено да се смали, заради тоа што тоа смалување за Него значи – да ја намали емисијата на својата Светлина, на совршенството, на доброто. Со тоа Тој им го открива на суштествата Своето совршенство. Тој ги подготвува за нивното појавување, за тие да можат самостојно да егзистираат. Во колкава мера Тој се скрива, во толкава мера суштеството чувствува дека егзистира самостојно, без Создателот, сé до состојбата, кога Создателот целосно се скрива, a суштеството се чувствува како единствено тоа да постои  во универзумот, дека Создателот не постои – тоа е токму тоа што ние го чувствуваме. И сето тоа е создадено за сега, тргнувајќи од нашата состојба, ние да можеме постепено да Го откриеме Создателот – токму да го откриеме Неговото совршенство. За тоа говори Ари понатаму.

Што послужило како причина за создавањето на световите.

Т.е. сé што е создадено – световите и суштествата во нив, - создадено е за да се постигне совршенството на Создателот. Тоа не е како во нашиот свет: кога ние постигнуваме нечие совршенство, ние се наоѓаме долу и гледаме на него одоздола нагоре. Да се постигне совршенството на Создателот – значи да се кренеш до Неговото ниво, да станеш како Него, - во тоа е суштината на постигнувањето на совршенството. Т.е. совршенството на Создателот не е во тоа да ни го покаже нам Своето совршенство, туку да нè направи нас совршени, еднакви на Него. Како Го сторил тоа?

Тој се смалил себеси во својата централна точка.

Тоа било Негово најпрво дејство. Односно од најцентралната точка, која претставувала централна точка на Светлината на Создателот, се случило Неговото почетно смалување. Тој почнал да Се повлекува.

И се собрала Светлината и се повлекла.

Светлината се собрала според своите категории, квалитети и се повлекла - односно се случила регресија и според квалитетите и според интензитетот (категоријата “собирање на Светлината” ќе ја сфатиме при изучување на создавањето и структурата на целиот универзум).

Оставајќи слободен, со ништо неисполнет простор.

Слободен од Неговото влијание врз нас, како ни се чини, - Тој се смалил Себеси во днос на нас, се скрил Себеси во однос на нас, но не и во однос на Себеси Самиот. Т.е. и сега ние постоиме во повеќедимензионален простор, и постојат различни рамнини и различни димензии во него, само што ние не ги чувствуваме – тие се пенетрирачки. Тука постојат и Виши светови, и Создателот, и светот на Бесконечноста – сé се наоѓа во едно исто место, само во однос на суштествата Создателот го скрива своето присутство, и во таа мера суштествата се чувствуваат слободни. Токму тоа значи – оставајќи слободен, со ништо неисполнет простор – во однос на суштеството.

И било рамномерно собирањето на Светлината околу централната точка.

Што значи – рамномерно? Создателот се тргнал, се скрил така, што ниту една Негова особина не се чувствува од суштеството. И ниту една од Неговите особини не се чувствува повеќе или помалку, кога ние почнуваме да го постигнуваме Него, - пројавувањето на Создателот во однос на нас – е рамномерно. Односно ние Го чувствуваме како да излегува од маглата, кога постепено се оцртува целиот Негов лик, сите Негови квалитети, во соодветност со нашите поправки во нашите десетте сефирот. Тој прво нè наполнува со целосна Светлина Нефеш – НАРАНХАЈ де-нефеш, потоа НАРАНХАЈ де-руах, НАРАНХАЈ де-нешама, НАРАНХАЈ де-хаја и конечно НАРАНХАЈ де-јехида. Но секогаш во нас се – десет сефирот, и секогаш – макар минималната Светлина, најмалото чувствување на Создателот во нас означува исполнување на сите десет сефирот, сите пет духовни чувства, и тогаш ние го чувствуваме Неговиот лик – далечен, релативно малку постигнат, меѓутоа рамномерен.

И било рамномерно собирањето на Светлината околу централната точка.

Таа централна точка прво била централна точка на Светлината, сега станала централна точка на суштеството, нас, - Малхут на светот на Бесконечноста. Токму таа претставува лев-а-евен – наша суштина – која ние не можеме да ја поправиме.

Така, што празното место добило форма на кружница,

Бидеќи такво било смалувањето на Светлината.

Создателот се смалил себеси намерно во таков облик, за да ја остави кружницата празна, каде што нема никакви граници – и ти можеш да дејствуваш и да правиш што ќе посакаш, во различни состојби, без да тргнуваш од десни, леви, горни, долни или некои други состојби. Т.е., ако се коментира од гледна точка на духовното, - не состојба на давање (десно), и не состојба на примање (лево), и не под Негов притисок, како Виш, и не со помош на страдања – сéуште Тој не предизвикува врз нас никакви дејства.

И после тоа собирање во центарот на просторот исполнет со Светлина

Се создала кружна празнина, само тогаш

Односно се создала апсолутна празнина без секаква поврзаност со Создателот, кога суштеството се чувствува себеси во неодредена состојба, и препуштен сам на себе.

Се појавило место, каде што можат творбите и суштествата да егзистираат.

Кога нема влијание на Создателот, во степен во кој ја нема Неговата моќ, може да постои моќ на желбата за примање (суштеството). Кога се создал таков услов,

Се протегнал од Бесконечната Светлина – од Опкружувачката Светлина, која се оддалечила надвор од границите на таа кружница, - прав зрак. Т.е. се формирал празен простор во кружницата, додека наоколу останала Светлина, и од таа Опкружувачка Светлина внатре во кругот, небаре по радиусот, се спуштил зрак на Светлина одозгора надолу.

И ете се протегнал од Бесконечната Светлина прав зрак,

Одозгора надолу се спуштил внатре во тој празен простор.

Се протегнала, спуштајќи се по зракот, Бесконечна Светлина надолу,

И во тој празен простор ги создала апсолутно сите светови.

Т.е. постепеното слегување на Светлината надвор од кружницата – внатре во кружницата, во однос на централната точка, иницирало релативно пројавување на Создателот, и Негово релативно скривање, што се нарекува светови (мера на скривање на Светлината, мера на скривање на Создателот). Т.е. од бесконечната мера – целосното откривање на Создателот, до најцентралната точка – црната – точка, сега кај нас постојат светови, релативни скривања. Занчи, во почеток постоела кружница, целосно исполнета со Светлина. Потоа – следната состојба – Светлината целосно исчезнала, од централната точка таа излегла надвор, и останал празен простор. Следната состојба – е празен простор и централна точка, во која егзистираат суштества (може во нив сега да се создава). И Опкружувачката Светлина, која постои тука, околу ова празно место, почнува постепено да слегува во однос на таа црна точка. Прво Светлината била бескрајна, безгранична, потоа таа почнала постепено да се смалува себеси во однос на централната точка така, што централната точка останала апсолутно празна. Тие мерки на смалување на Светлината – концентрични кружници – се нарекуваат светови. Сé на сé такви смалувања ги има – пет.

Се протегнала, спуштајќи се по зракот, Бесконечната Светлина надолу,

И во тој празен простор ги создала апсолутно сите светови.

Тука би сакал подетално да раскажам за тоа што значи “се протегнала Светлина по зракот”. Постои кружница со централна точка во неа. Во таа кружница Создателот формира тенка линија до центарот, која се нарекува “кав Ејн Соф” – зрак на Светлината. Тој зрак на Светлината поминува до некое ниво и таму се расекува, како тркалото на велосипедот, образувајќи свет – пројавување на Бесконечноста, која после одреден интервал на времето се пројавува веќе во помала мера.  Првиот свет – Адам Кадмон, потоа слегува Светлината понатаму по тој зрак и повторно создава таква кружница, која веќе се нарекува светот Ацилут, и така натаму – такви светови ги има пет. Но линијата – кав – не ја достигнува точката. Кав – е Сијум, нашиот свет се наоѓа под Сијум, и сите светови се опкружувачки. Ние, пак, со помош на таа линија мора да излеземе надвор од границите на сите тие светови, и да се споиме со целата Бесконечност. Подетално за создавањето на кружните светови околу нашиот свет може да се дознае од вториот том на ТЕС.

И во тој празен простор ги создала апсолутно сите светови.

Пред овие светови постоела Бесконечната,

Во своето толку прекрасно совршенство,

Што суштествата немаат моќ да го постигнат Нејзиното совршенство –

Проблемот се состоел токму во тоа. Пред овие светови пред смалувањето – постоела Бесконечна Светлина, која ја исполнувала целата таа кружница во своето толку прекрасно совршенство, т.е. целосно ја преплавувала со себеси таа состојба, - што суштествата немаат моќ да го постигнат Нејзиното совршенство. Затоа Светлината се повлекла – за да им дозволи на суштествата да постојат.

Бидејќи не може создадениот разум да Ја достигне.

Ако Таа нема место, граница и време.

Односно Светлината се повлекува, за да создаде со своето отсутство три параметри: место, движење и време. Тоа се параметри без кои ние не можеме да ја разбереме, постигнеме Светлината. Меѓутоа, пак, постигнувајќи ги тие три параметри исконски во нашата нецелосна, дефектна состојба, во нашиот свет, ние потоа духовно ги поправаме и се воздигнуваме над времето, над движењето – во местото кое е целосно исполнето со Светлината на Создателот. На кој начин?

Уште во 12 век Рамбам пишувал, дека целата наша Вселена, целиот свет се наоѓа под брзината на Светлината. Интересно е да се забележи таков исказ кај човек кој живеел во 12 век, додека тоа ни станало познато во 20 век благодарение на науката. Тој пишувал, дека добивајќи со помош на екранот поправка на нашите чувствувања, ние излегуваме на ниво над брзината на Светлината. Тоа се нарекува “да се излезе на ниво на мирување” – таму, каде што нема движење и време. Бидејќи над нивото на Светлината сé замира и почнува да се движи само внатре во поправените или непоправените желби, тоа движење од страна на човекот се восприма само како приближување или оддалечување во однос на особините на Создателот. Сé друго само замира, нема никакво движење, никаква категорија, воопшто не се чувствува на друг начин. За да му се даде на човекот можност да ја постигне таа совршена состојба, треба во почетокот да се оддалечиш, давајќи му можност да ги почувствува тие состојби во својата најниска манифестација – кога постојат време, движење и место. Ниту просторот, ниту времето, ниту дејството не се поправаат – така ние ги нарекуваме нашите осети внатре во себеси, додека во суштината, такви категории во Природата не постојат. Тоа постои во нашите осети. Поправајќи ги нашите осети, кревајќи ги на повисоко – вистинско – ниво, навлегувајќи во многу поширока димензија на универзумот, ние доаѓаме до тоа, што го губиме чувството за време, движење и простор. Рамбам токму така и пишува, дека сите други светови во споредба со нашиот, се наоѓаат над брзината на Светлината. Нашиот свет, пак, се наоѓа под брзината на земната Светлина. Преминот од нашиот свет во Вишиот свет значи премин од земниот свет во духовниот свет.

Пред овие светови, т.е. специјално создадените од Создателот смалувања, постоела совршена Бесконечна Светлина.

Во своето толку прекрасно совршенство го преплавувала со себеси целиот простор,

Што суштествата немаат моќ да го достигнат Нејзиното совршенство –

Бидејќи не може создадениот разум да Ја достигне.

Зошто Таа нема место, граници и време.

И како зрак слегла Светлината

Кон световите, кои се наоѓале во празниот црн простор.

И секој круг од секој свет...

Се создал круг од секој свет, од секое скалило. Зошто се појавиле овие скалила и тие пет светови? Затоа што во создаденото суштество постојат 5 нивоа на авијут.

Според ова, кога Светлината го поминува нултото ниво на авијут и дејствува во него, тој веднаш го наполнува, и со тоа го создава првиот свет. Поминува Светлина кон следната фаза – авијут еден, ја наполнува, со тоа се создава следниот свет и т.н. Од ова следи, дека светот – е наполнување со Светлина на едната од петте фази на авијут на создаденото суштество.

И како зрак се спуштила Светлината кон световите

Кои се наоѓале во црниот празен простор.

И секој круг од секој свет и блиските до Светлината – се важни,

Колку е поблиску кругот до надворешната Бесконечност, толку светот е повисок, поважен, бидејќи таму скратувањето е помало, поради поголемата оддалеченост од централната - празна, црна,- точка.

Сé додека не го најдеме нашиот материјален свет во централната точка,

Внатре во сите кружници во центарот на празнината што зјае.

Односно таму, каде што апсолутно отсутствува пројавување на каква било Светлина – центарот на кружниците, тој свет, - сите кружници се распоредени само околу таа централна точка, од една страна, за да ја смалат Светлината на Бесконечноста во однос на точката, од друга страна, ако централната точка, душата, т.е. ние сакаме да се издигнеме, тогаш тие светови ни помагаат, стануваат скалила на нашето проширување. Таа централна точја на крај треба да ги освои сите светови, да се прошири и да ја исполни целата таа кружница повторно со Светлина. Зошто?

Во почеток таа ја исполнува целата таа кружница со своите поправени особини. Создателот се повлекол, оставајќи го тука само нашиот авијут, а ние сега мора со помош на екранот цел тој авијут да го поправиме за давање, и тогаш повторно ќе ја пројавиме Светлината, која постои во оваа кружница, но е скриена од нас. Тогаш таа Светлина ќе се пројави во нашите црни келим со помош на екранот, и одново ќе се исполни таа кружница со Светлината на Бесконечноста. Но тоа ќе се случи веќе заради нашите напори – ние тоа ќе го направиме. На таков начин ние ќе го постигнеме целата таа творба, која ќе ја добие целокупната Светлина од Создателот, и според моќта, обемот и влијанието ќе станеме еднакви со Создателот.

И така оддалечен од Бесконечното – подалеку од сите светови,

И затоа така крајно ниско материјален

Бидејќи највнатре од сите кружници се наоѓа тој

Во самиот центар на празнината што зјае...

Доаѓаме до крајот на изучувањето на низата предговори, основните статии кон основните кабалистички книги. Во предворјето на следниот семестар би сакал заедно да проучиме уште еден таков предговор – тоа е предговор кон книгата “Пи хахам” (Устата на мудрецот), за до почетокот на изучувањето на „Науката Кабала” да имаме правилна претстава за тоа зошто ја изучуваме, и што таа ни дава. Таа книга била напишана од Баал ХаСулам како обид да напише ТЕС – многу време пред ТЕС. Таа книга не е издадена, останала како ракопис, притоа во многу различни варијанти. За чудо се зачувале некои фрагменти од неа, јас го поседувам оригиналот од кој е земен овој Предговор, сé што ми останало од мојот Рав. Но самата книга нема голема вредност, бидејќи Баал ХаСулам наместо неа ја напишал ТЕС. И точно, во споредба со ТЕС, таа наликува само на обид. Но Предговорот кон неа е многу интересен, и за да си дадеме правилна насока, правилен духовен развој, ние ќе го прочитаме.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели