Слушнав во месецот Тевет (јануари 1928 г.), во Гиват Шаул (Ерусалим)
Треба да се внимава, при секое насладување, човекот да чувствува жалење за тоа што се насладува телото, бидејќи насладувајќи се, тој се оддалечува од Создателот. Ова е од причина што Создателот е Оној кој дава насладување, а ако човекот прима насладување, тој станува спротивен на Создателот. Различноста на својствата го определува духовното оддалечување и како последица од тоа, човекот не може да се соедини со Создателот.
Тогаш, како да се исполни заветот: „Соедини се со Него“?
Доколку човекот примајќи насладување, чувствува страдања од тоа што прима, тогаш страдањата ги поништуваат насладувањата. Слично како човек со рана на главата, која го тера да го чеша болното место и од тоа добива насладување, иако знае дека со тоа ја зголемува раната и дека болеста може да потрае, дури и до состојба кога повеќе не може да се лечи. Излегува дека чувствувајќи насладување, тој не се насладува вистински, иако не може да се воздржи од примање на насладувањето.
Исто така тој треба да гледа на насладувањата кои ги прима и тие да бидат придружени од страдања бидејќи насладувајќи се, тој се оддалечува од Создателот – дури до чувство дека не вреди да се прима насладување затоа што тоа е неспоредливо со штетата кое ја предизвикува. Таквата работа се нарекува работа на срцето.
(Светост – сè што го доближува човекот кон работа за Созателот се нарекува Светост.
Нечистотија – сè што го оддалечува човекот од работата за Создателот, се нарекува нечистотија).