Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

193. Еден Ѕид служи на двајца

Главната особина на „спротивната страна“ (Ахораим) е отсуството на Светлината Хохма која е суштина на животната сила и се нарекува Директна Светлина. На оваа Светлина било направено скратување (Цимцум) за да не дојде до спротивставеност на својствата (Создателот и суштествата). Затоа додека ЗОН (Зеир Анпин и Нуква) не се поправени, го немаат нивото ГАР, за да не ги потхрануваат нечистите сили (Ситра Ахра).

Сепак, бидејќи го немаат ГАР, постои опасност таму да се закачат клипот, затоа што нечистите сили се насладуваат од сето она каде што отсуствува Светоста, доаѓајќи и прашувајќи: „Каде?“ (Каде е славата на вашиот Создател?). Невозможно е да се одговори на ова прашање додека ја нема Светлината Хохма. Затоа на ЗОН се прави поправање, при што тие се издигаат и се вклучуваат во Бина, која го има својството „Хафец Хесед“ (посакува само давање, Хасадим) и која ја оттурнува Светлината Хохма. Самата Бина нема потреба од примање на Светлината Хохма, затоа што самата таа во суштина е Хохма.

Тоа значи дека сите работат согласно разумот на своите Учители и целата нивна основа се наоѓа во нивните корени, односно се потпира на мислењето на Учителот, а таму не може да има прашање: „Каде е славата на вашиот Создател?“.

Тие остануваат во Бина додека да се поправат, издигајќи ја молитвата (МАН) со своите напори и обиди, додека не се прочистат од егоистичките својства и не станат способни да ја примат мудроста (Хохма). Дури тогаш им се дозволува да ја откријат сопствената суштина и да си разјаснат дека страдаат од отсуството на Хохма, но и да го решат тоа прашање, односно да ја привлечат Светлината Хохма, која ќе ги просветли со светењето на мудроста (светењето на Хохма).

Тогаш тие добиваат самостојност и излегуваат од власта на Бина, затоа што веќе ја имаат Светлината Хохма, која ги уништува и ги отфрла клипот. Можеби во ова се состои смислата на изразот: „И знај дека ќе им одговори на безбожниците“.

Тоа се нарекува „Еден ѕид“ зад Бина, кој е доволен за двајцата бидејќи служи како засолниште од нечистата сила (ситра ахра). Значи, ако човекот се потпира на мислењето на Учителот и се соединува со Него во една целина, тогаш истиот тој ѕид, кој го има кај Учителот и кој има својство „Хафец Хесед“, е доволен исто така и за негова заштита.

Кога пак, се разделуваат, односно кога ученикот самиот привлекува светење на Хохма, тој веќе може да дејствува самостојно бидејќи е способен да одговори на сите подмолни прашања на нечистата сила.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели