Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

ТЕС, Капител 1, Дел 1, Поглавје 2

                                            Цимцум и Кав, Ограничување и Линија - поглавје 2

Овде се објаснува како Ор Ајн Соф протегнала линија, Кав кон Олам кои биле создадени во местото Халал, кое било ограничено; тука постојат пет работи:

1. Кав се протегнал од Ајн Соф кон Халал.

2. Рош на Кав го допира Ајн Соф но не и неговиот Сиум.

3. Ор Ајн Соф се протега до Оламот преку Кав.

4. Сите Оламот се во тој Халал кој бил ограничен.

5. Пред Цимцум постоело, Тој е Еден и Неговото Име е Едно, но Него умот не може да го достигне.

Кав се протегнал од Ајн Соф кон Халал

1.После гореспоменатото ограничување, Цимцум, останало празно место, Халал, и празен Авир во средината на таа Ор Ајн Соф (1). Тогаш настанало место за Не’ецалим и Нивраим (суштества) како и за Јецуфим (создавање) и Наасим (формирано). Тогаш, од Ор Ајн Соф (2), од Неговата Ор, Агол (3), се протегнал Кав Јашар, од горе надоле (4), и висел надоле во тој Халал.

Ор Пними

1.Немој да се насочиш погрешно и да мислиш дека Цимцум на Ор во средната точка предизвикало промени во Ајн Соф. Во духовноста не постои промена и отсустсво, и тоа е уште повеќе така со возвишените места. Гореспоменатото ограничување, Цимцум, станало нова суштина, како додаток на бесконечноста, Ајн Соф. Така, Ајн Соф останала во целосно едноставно единство како и пред Цимцум, бидејќи Тој е Едно и Неговото име е Едно. Цимцум во средната точка се смета за новопроизлезен свет, Олам, кој Светлината го одделила и го оставила како празен Халал, како што објаснивме погоре. Во тоа место во Халал биле создадени световите, Оламот.

2. Ние не треба површински да го воспримаме значењето на овој чин, како човечки чин, како кога некој прави една работа и не ја прави првата работа, туку започнува друга. Не постои поголема материјализација од тоа, бидејќи Тој не е предмет на промени. Запишано е: „Јас Господ не се менувам.“ Ние не зборуваме за Неговиот Ацмут, туку само за Светлината која произлегува од Него. Но, бидејќи во Неговиот Ацмут нема промени и движење, и Тој е во целосно мирување, таква мора да биде и Светлината, која се протега од Него, сè додека не стигне до Не’ецал, што значи сè додека не ги облече садовите, Келим. Само тогаш Таа излегува од Неговиот Ацмут и станува Не’ецал која е обновена и прима од Него. Ние веќе објаснивме дека ова обновување првично се однесува на садот, Кли од Не’ецал, што значи желбата за примање во Не’ецал. Иако оваа желба, Рацон е духовна, таа претставува Хидуш Цура и случување, бидејќи таа не е потребна во Неговиот Ацмут. Но, Светлината, која го облекува не е обновена, бидејќи таа се протега од Неговиот Ацмут како постоење од постоење. Активирањето на Ор Елјон е според мерката на Кли, што значи влијае на садот, Кли и прима од Ор Елјон како Хидуш, што претставува случување.

Вие треба да знаете дека сите новосоздадени работи и поврзаноста на степените делуваат само врз садот, Кли, и неговото примање од Ор Елјон, бидејќи само тоа претставува предмет на промени и множење. Но, самата Светлина, Ор, е секогаш во целосно мирување, бидејќи таа се протега од неговиот Ацмут. Тоа разберете го добро и запомнете го секој еден збор за потребите за изучувањето на остатокот од оваа мудрост. Според горенаведеното, може темелно да се разбере дека Ор Елјон дури ни за момент не престанува да свети за суштествата. Таа не е предмет на промени и новосоздадени работи, туку таа е во целосно мирување. Целата работа околу Цимцум и гореспоменатото одделување на Светлината, Ор, во обзир го земаат само влијанието врз садот, Кли, и неговото примање, што значи средната точка. Со други зборови, иако Ор Елјон не престанува да свети, садот не прима од нејзиното слабо осветлување, Хе’ара, бидејќи се намалила желбата. Садот ја намалил својата желба за примање, со цел да не прима во својата Бехина Далет, која е средната точка, туку само во трите предходни Бехинот, чија желба за примање е послаба, и каде што доминира желбата за давање (види точка 50). Така, ограничувањето, Цимцум, не влијаел врз Ор Елјон и Таа не го променила нејзиниот начин. Исто како што била просветлена во Ајн Соф, така била просветлена и за време на Цимцум, но и после Цимцум, и во сите светови, Оламот, дури и во светот Асија.Таа не престанала да свети ниту за момент, туку сите промени се случиле во садот, Кли, бидејќи тие примаат според нивната мерка, која претставува мерката на нивната желба за примање.

 Сега вие можешете да разберете што мислел Рав со зборовите: „Од Ор Ајн Соф се протегна еден Кав Јашар.“ Тоа значи дека самото место на Халал, што значи сад кој бил испразнет од Ор Ајн Соф, предизвикало Хамшак на Кав од Аин Соф заради намалувањето кое било обновено во неговата желба за примање. Мерката на неговото моментално примање кое се случило после Цимцум на неговите Бехина Далет, се нарекува Кав. Тоа значи дека има однос со предходното примање во Бехина Далет која го исполнува целото место. Но, сега кога таа ја нема големата  желба за примање, туку само предходните три Бехинот од желбата, која желба за примање е слаба и тоа се смета дека тој сад повеќе не ја прима Светлината Ајн Соф, туку само еден Кав од Светлината. Целото место во садот останува празно и слободно од Светлината, бидејќи таа Светлина која ја прима сега не е доволна да го исполни целото место во садот. Ова се случило заради желбата на Бехина Далет кое се намалила. Ние гледаме дека Ор Елјон воопшто не била сопрена при ограничувањето, Цимцум, и не се променила да ја протегнува Светлината како еден Кав. Наместо тоа, целата оваа голема промена се случила заради садовите за примање, кои биле намалени и станале неспособни да примаат од Ор Ајн Соф, повеќе од колку онаа многу мала мерка, наречена Кав, според мерката на нејзината желба. Тоа е така затоа што таа не сака повеќе од таа мерка.

3. Ние веќе го објаснивме значењето на зборот Агол (круг) (поглавје 1, точка 100). Тој ни кажува дека дури и после Цимцум, Ор Елјон останала во форма на Игул, што значи без дискриминација со степени. Нејзините четири Бехинот се со еднаква основа, и причината е (види ја горната точка) дека Ор Елјон не е предмет на промени и случувања. Овие гореспоменати случувања на новитети се само во однос на садовите, Келим.

4. Не заборавајте дека тука воопшто не говориме за телесни поими. Наместо тоа, колку што Зах е наречен повисок, толку е Ав наречен  понизок. Сè што може да се восприми како Хитпаштут на Ор од Маацил и негово дозволување во Не’ецал се смета за обновување на Шинуи Цура која постои во Не’ецал. Со други зборови, тоа се однесува на желбата за примање која не постои во Маацил, а во него била обновена. Заради тоа, Не’ецал се смета дека е Ав, низок, и инфериорен во однос на Маацил. Шинуи Цура од Маацил е таа која го прави сето тоа и таа го одделува за повеќе да не биде Маацил туку Не’ецал. Треба да се знае дека Шинуи Цура, имено желбата за примање, не се појавува наеднаш, туку таа е зачната пополека во четирите Бехинот. Нејзината форма е целосна само во Бехина Далет. Затоа произлегува дека целата форма на неговата желба за примање е многу слаба, што значи првата Бехина од четирите Бехинот. Оваа Бехина се смета за најблиска до Маацил, поважна, почиста и повиша, бидејќи нејзината Шинуи Цура не е толку голема како во трите Бехинот кои следат.

Бехина Бет, чија желба, Рацон, е поголема од таа на Бехина Алеф, се смета за подалечна од Маацил, повеќе Ав, ниска и инфериорна во однос на првиот Бехинот. Конечно, Бехина Далет, е најдалечна од Маацил, пониска, поинфериорна и повеќе Ав од сите нив. Затоа Рав пишува дека Кав Нимшах од горе надоле, што значи од првата Бехина до четвртата (а не до крај) е најниска. Гореспоменатата работа со горе и доле била обновена со појавувањето на Кав. Пред да биде Кав просветлен, што значи за време на ограничувањето, Цимцум, таму немало горе или доле (види поглавје 1, точка 100). Но, откако садот ја примил Ор како Кав, што значи не во сите четири Бехинот, туку само во првите три Бехинот, Бехина Далет останала во мрак, без Светлина. Само сега станало познато дека Бехина Далет е ниска, Ав е инфериорна, и дека трите предходни Бехинот се издигнати над неа, во зависност од нивната чистота и блискост со Маацил. Но, за време на Цимцум, кога Ор заминала од сите четири Бехинот наеднаш, сè уште не се случило разпознавањето во степените.

2. Горниот Рош на Кав (5) се протегал и ја допирал самата Бесконечност, Ајн Соф (6), иако Сиуми на тој Кав, доле на неговиот крај (7), не ја допира Светлината Ајн Соф.

Ор Пними

5. Значи првата Бехина од четирите Бехинот (види ја погорната точка).

6. Бехина Алеф, која е Горната Рош, е најблиска до Ајн Соф, што значи до Маацил. Заради таа причина таа се смета дека го допира Него, бидејќи Шинуи Цура во Бехина Алеф не е доволно очигледна за да го оддели од Маацил.

7. „Доле на нејзиниот крај“ се однесува на Бехина Далет, најдалечниот и најнискиот од сите нив (поглавје 2, точка 4). Таа не ја прима Ор Елјон и затоа се смета дека не ја прима Ор Ајн Соф и е одделена од неа.

3. Ор Ајн Соф се протега и се шири надоле преку Кав.

4. Тој ги направил и создал (8) сите Оламот во местото на Халал.

Ор Пними

8. Тоа се однесува на четирите Оламот наречени Ацилут, Брија, Јецира и Асија, ги содржат сите внатрешни безбројни Оламот. Овие четири Оламот се протегаат од четирите Бехинот: Ацилут од Бехина Алеф, Бериа од Бехина Бет, Јецира од Бехина Гимел и Асија од Бехина Далет.

5. Пред овие четири Оламот (9), Ајн Соф била во форма на Тој е Еден и Неговот Име е Едно (10), во прекрасно и притаено единство. Дури ниту ангелите, кои се блиску до Него (20), немаат моќ да ја достигнат Ајн Соф, бидејќи нема ум кој може да го достигне Него, бидејќи Тој нема место, граници и име (30).

Ор Пними

9. Ацилут, Бериа, Јецира, Асија (види ја горната точка), ги содржат сите Оламот. Пред сето тоа, што значи пред Цимцум, овие четири Бехинот се сметале дека се еден врз друг (види поглавје 2, точка 4), како Едноставно Единство (поглавје 1, точка 30). Значењето на Едноставно Единство е во тоа што таму нема разлика во степените помеѓу Ор и Кли, туку Тој е Едно и Неговото Име е Едно (види поглавје 1, точка 30).

10. „Тој“ се однесува на Ор Елјон. „Неговот Име“ се однесува на желбата за примање, која е таму неопходна (види поглавје 1, точка 30).

20. Ова значи дека сега, откако биле создадени световите, Оламот, дури и ангелите кои се духовно најблиски суштества, немаат достигнување во Ајн Соф.

30. Бидејќи во Ајн Соф, Тој е Едно и Неговото Име е Едно, и бидејќи таму нема очигледно место и сад, ниеден ум на суштеството не може да го достигне Него, бидејќи нема достигнување без сад.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели