Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Писмо бр. 37

25 октомври 1957

... што се однесува до раздвојувањето на љубовта кон пријателите од делото на Создателот, јас тоа воопшто не го разбирам бидејќи никогаш не беше обичајот кај Баал ХаСулам да ги спојува двете. Сосема спротивно, секогаш беше забрането да се зборува за големина и маленкост меѓу пријателите. Нашиот начин секогаш беше, „Чекори понизно.“ Едвај да беше дозволено да се зборува за работата меѓу пријателите, како што е речено во неколку есеи на Баал ХаСулам во врска со тоа. Место тоа, посветеноста на пријателите беше како меѓу обичните луѓе, каде секој се грижи само за телесноста на својот пријател, а не за неговата духовност. Затоа, не сум сигурен какви иновации се трудиш да изнајдеш. Можеби досега си верувал дека заради љубовта кон пријателите не треба да има разговори или ангажирања во проблематики на работата, а сега сигурно знаеш дека тоа е единствениот начи како што треба да биде, што значи со понизно чекорење.

Начинот е ист како кај некој што оди на прослава кај својот пријател. Тој не мисли на себе - било да е добро расположен или не - туку мора да учествува во радоста на пријателот. Не смее да се мурти, туку мора да покаже среќно лице. Истото е и тука: поврзувањето меѓу пријателите треба да биде такво што секој од нив ќе посака да го израдува својот пријател, и тоа токму со телесни нешта, бидејќи токму тука се работи за „Купи си пријател.“ „Направи си рав“ е друга приказна. Значи, понекогаш меѓу пријатели, човек сака да изврши, „Направи си рав“ за некој друг. Меѓутоа, тоа е строго меѓу пријатели кои многу се грижат и се многу строги, а не секој е погоден за тоа. Но тоа веќе не се смета за „љубов на пријатели,“ што значи она што го бара љубовта кон пријателите, бидејќи нема врска со работата, како што ти ми напиша.

Барух Шалом ХаЛеви, син на Баал ХаСулам

 

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели