Книга „Плодови на Мудроста. Писма“, стр. 55
...Потребно е Вие да вложите уште повеќе напори во она што се однесува до главната цел, кон која се стремиме. Вам ви е познато што напишав јас во врска со реченото: „Создателот ќе те благослови во сè, што и да правиш“ – дека човекот во нашиот свет треба да направи сè што е во негова сила и само тогаш ќе се појави основа за спуштање на благословот. Меѓутоа, би било глупаво да се мисли дека со тоа Создателот ќе биде обврзан да испрати благослов токму во моментот на извршување на дејствието. Во поголемиот број на случаи е обратно: дејствието е изведува во едно, а благословот доаѓа во друго, дури и онаму каде што човекот воопшто ништо не направил бидејќи или не знаел што да стори или немал можност да направи нешто од своја страна. Во вистинскиот благослов ова е неминовен закон и таму се крие тајната на реченото: „вложи напор и најде“. Доволно е моето задлабочување во ова, кога во себе се насладувам од тоа што сум го добил со свој труд. Затоа „На оние кои Го барале Создателот нема да им пресуши ниедно благо“, слично на запишаното „Се ближи спасот мој, и вистината моја ќе се открие“, а најважна е мојата огромна молба – сплотете се и Создателот ќе биде со вас. Исто така, повикувајте ги со срцето пријателите кај кои ослабела способноста за соединување со нас, а тие нека ги изгонат туѓите стравови од себе, затоа што ако го ослободат своето живеалиште полно со идоли, нема да го видат привидението на усвитена пот на патот кон дрвото на животот. Ако сакате да знаете, ве известувам дека воопшто не мислам дека сум оддалечен од вас, а ако некој чувствува оддалечување, тогаш причината за тоа е во самиот него и ова е доволно за тој што разбира.
Повеќе новости нема, мојот најголем стремеж е да се обединам со вас во најцелосно единство...
Јехуда Лејб