Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Рамхал.Месилат Јашарим

Рамхал. Месилат Јашарим

Рамхал бил голем не само во постигнувањето на духовните степени, но и во способноста јасно, во педагошки вид, да го изложи материјалот. Врз основа на реченици од делот на Мишна "Поуки на отците" (Пиркеј авот) е изградена неговата книга" Месилат Јашарим (Пат на праведниците)

Тора не води кон појавата на внимателност, а внимателноста кон брзина, брзината не носи кон чистота, чистота кон отуѓување, отуѓување не носи кон чистење, чистењето кон хасидут, хасидутот кон стравот од прегрешение и стравот од прегрешение кон светост.

Да ги разгледаме по ред овие десет степени на духовната преродба на човекот:

1. Тора, има се во предвид изучувањето на Тора, како обврска за:

а) Извршување на заповедите;

б) Разјаснување на целите на постоење на човекот и спојувањето според особините со Создателот.

2. Претпазливост во дејствијата по однос на забранетите (ло таасе) заповеди.
Претпазливост: во зборувањето, во изборот на кругот на комуникација, во праведноста и лагата, и почитувањето на суштествата.

Овој степен се постигнува во борба со навиките во потребата претходно да се размислува за постапките. Постојано да се бара вистинската праведност и да се стреми кон неа, исто како и да се избегнува Злото. Да се мерат постапките во согласност со барањата на Тора. Се постигнува оваа степен целосно само на деветтата степен - стравот од прегрешение.

3. Брзина во дејствијата во врска со позитивните (осе) заповеди. Се бара да се дејствува според претходно разработен распоред, да се обучува за брзина, како се започнува така и да се заврши започнатото. Како да се избегнува злото, исто така и да се стреми кон доброто. Да не се создава лична корист. За постигнување на брзина е потребен драстичен пораст на целите.

4. Чистотата е во обединувањето на 2. и 3. степен. Да се исчисти себе си од сите можни лажни причини, да не го исполнува или нецелосно да го исполнува потребното. Мрзеливоста е добра само при стремежот кон насладата. Да создаде во себе си некаква граница, ограничување во постапките, под која да не се прави. Да го сака Доброто и да го мрази Злото. Постојано да ги анализира своите мисли и дејства со максимална точност и непристрасност.

Да се стигне до овој степен е должност на секого, бидејќи ова не е против законите на природата заради награда во овој или во идниот свет (за масите) или поради спојување со Создателот (за способните за тоа). Оној, кој ќе го достигне ова ниво се нарекува од Рамхал "цадик гамур" совршен праведник.

5. Отуѓување, оддалечување од дури дозволените од Тора постапки, во радоста. Отуѓување од:

а) Наложување на себе си дополнителни обврски за да се оддалечиме од Злото, земајќи го од светот само потребното (од само тоа се гледа дека од тука и понатаму пречистувањето е само за избрани личности, но не и за масите);

б) Во оддалечување од дозволените задоволства;

г) Од обичното општество.

6. Прочистување, исправување на мислите на срцето:

а) Во насладите, дури и потребните до омраза, кон желбата за самозадоволство; насочувањето на сите мисли и желби кон Создателот;

7. Хасидут е отуѓување од самозадоволство во исполнувањето на заповедите (понатамошен развој на 5. степен) во борбата со сопствената природа:

а) Во дејството во љубовта кон Тора, заповеди, во трепет и радости, вклучувајќи ја и љубовта кон сите созданија во активности за поддршка и стремежот кон мир;

б) Во мотивацијата намерите за исполнување само поради величање на името на Создателот и поради созданијата на човештвото, со вистинска љубов кон Него, така што срцето да се спои со Создателот без ниту една странична мисла (дури во тешките минути) во порив на радост. Искреноста на срцето, чистотата на мислите, длабочина на самоанализа и апсолутната вера во Управувањето, осаменост и посветеност е минимумот од потребните барања. Оној кој ќе го достигне овој степен се нарекува хасид (во времето на Рамхал хасидут не бил раширен, уште повеќе во Италија, каде што живеел, но од горенаведените барања е јасно, дека степенот хасидут, подразбирана во Мишна е за поединци и нема однос кон хасидизмот - масовното религиозно движење).

8. Чувствување на безначајност, постојаното чувство за безначајност, при што и потекнува контактот со Шхина (божественото присуство). Се достигнува при отсуство на мисли и грижи за себе си (бидејќи е убеден дека не заслужува ништо, и сам е ништо во споредба со секое создание) во постојаното размислување за големината на Создателот и за својата сопствена слабост и безначајност. Ова ниво е нивото на Моше.

9. Страв од прегрешенија на ова ниво се сведува само на проблемот: што уште можам да направам поради Создателот. Животинскиот страв од очекуваната казна за прегрешение е во овој (за масите) или (и) во идниот свет (за "средните") придонесува само да се постигне задолжителното на сите нивоа на "совршениот праведник" 5. степен. (Види исто така "Зохар", т.1, стр.184).

10. Светост е спојувањето со Шхина како последица од исчезнувањето (бездејноста, потиснувањето) на материјата (егоизмот). Постојаното апсолутно спојување со Создателот во сите животни околности, во длабочината на разбирањето на управувањето во сите негови времиња и стадиуми. И како последен највисок степен подарокот на Создателот е воскресението на мртвите: човек, уништувајќи, убивајќи го своето тело (егоизмот) добива, се чини ново тело (желби од Создателот) и така станува ангел и светец.

Патот на извисување, развој на Рамхал врз основа на реченици од „Поуките на отците" одговара на десетте сфироти. Овде се наведени само главните точки на овој пат. Но, доволно јасно е видно колку се различни и многубројни деталите.

Рав Ашлаг го развил најпогодниот за нашата генерација пат. Неговата суштина се состои во тоа, дека сите наши постапки се раководат од егоизмот и затоа, за да не си го претрупаме мозокот со најразлични и многубројни барања, потребно е само да го искорениме егоизмот, кој е основа на злото. Фокусирајќи си ги мислите и дејствијата во таа насока ќе придонесеме да се сруши целото здание на злото, што го има за свој фундамент егоизмот.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели