За неопходноста да се придржуваме на законите на природата
Досега ние говоревме за процесот на нашиот развој, разјаснувајќи до каде стигнавме, и какви се можностите пред нас. Тука може да се наведат голем број на докази, литература, постојат широки можности за дискусија, и ние постепено на тоа ќе се вратиме. Но првиот, воведен дел од курсот е наменет да ни даде општ поглед на патот, што го поминавме во текот на целата историја на развојот на нашите желби, за да сфатиме до каде стигнавме, кога тие желби се претвориле во глобални. Тие нè затворија сите заедно, врзувајќи нè со општа заемна зависност, и ние се претворивме во едно семејство пред распаѓање. Всушност, кризата се случува во ова семејство, кое се нарекува човештво. Ако ги средиме односите меѓу нас – тогаш целокупниот живот ќе се среди. Постојат зачудувачки истражувања, кои говорат, дека ако човештвото почне да се однесува еден со друг, како во семејство, тогаш и природата, климата, другите природни појави – исто така ќе се вратат во нормална состојба.
Треба самите да си објасниме, дека немаме избор, и ние мора да дојдеме до преговори, заемно разбирање во глобални светски размери. Тоа е првото нешто, што треба да се направи. Ако ми е позната природата на човекот, и знам како да ги средам нашите меѓусебни односи, тогаш можам да го изградам човечкото општество така, што на сите во него ќе им биде удобно и добро. Секој ќе мора да направи отстапка на другиот, бидејќи секој сака да биде цар, а сите други да се поклонуваат пред него. Но од друга страна, ако го воспитаме човекот со убедување, дека е почитуван, и добива од фактот дека е еднаков со другите, а тие му помагаат и го поддржуваат, тогаш тој со задоволство ќе го прифати тоа. Тој ќе види дека во систем, каде што сите зависат еден од друг, не е можно поинаку. Ние ќе треба да го достигнеме тоа со убедување.
Што да понесеме со нас во новиот свет?
Орен Леви: За кои природни закони станува збор?
М. Лајтман: Да се придржуваш на законите на природата – значи пред сè да научиш: кој е човекот, какво е неговото опкружување, какво е нивното меѓусебно влијание. И тоа исто така спаѓа во законите на природата, бидејќи ние самите сме дел од природата. Пред сè, треба да се изучи човекот. Секој треба да биде психолог – лично за себе и за човечкото општество, за да знае како да се вклопи со другите, наместо да напаѓа некого без причина, без да мисли на последиците. Во почеток треба да се научи што претставува човекот, зошто се развиваме во таква форма и дали имаме можност да се спротивставиме на таквиот кризен развој. Бидејќи ние цело време ја гледавме перспективата и се развивавме, стремејќи се да откриеме ново, да се кренеме погоре. Додека пак денес – обратно, ние се разочаруваме и венееме, не сакаме повеќе ништо. Изгледа дека оваа форма е исто погодна и пожелна за развојот што следи, кога треба да ја отфрлиме нашата тековна состојба и да се кренеме во сосема поинаква. Затоа во сегашната состојба ние чувствуваме такво разочарување, замор, немоќ, не сакаме да го продолжиме и да останеме во него. По сè изгледа дека следната состојба е многу поинаква. Ние како да го оставаме целото минато, се потопуваме во ритуален прочистувачки базен, се миеме, облекуваме сè ново и излегуваме во новиот свет! Ние повеќе не сакаме да бидеме поврзани со овој свет, веќе доволно сме го извалкале – се разведувавме, правевме зло на себе и на другите, на блиските и далечните. Ако критички го погледнеме овој свет, ќе откриеме дека во него нема ништо, што би можеле да го понесеме со нас во новиот добар свет.
Орен Леви: Ако ме очекува прекрасен, идеален свет, што би сакал да земам со мене од овој живот? Дали имам такво семејство?
М. Лајтман: Не. Деца, пријатели, работа – не, не и не. Тогаш што можам да земам со мене, ако преминувам кон идеален живот? Затоа ние критички го анализираме нашиот живот во целост, и не наоѓаме во него ништо, освен разочарување. Но можеби токму тоа претставува премин кон апсолутно нова состојба? И токму затоа ние не ја гледаме, а од друга страна се разочаруваме и не го сакаме она, што моментално го имаме. Тоа е посебна состојба, затоа мора да сфатиме од нашето мало истражување дека, по сè изгледа, ние го оставаме целиот наш претходен живот тука, и преминуваме во нова димензија – на ново ниво на постоење. Прескокнуваме на друго скалило – се раѓаме во новиот свет. А тоа е свет, каде што функционираат поинакви – интегрални закони, кои природата веќе почнува да ни ги покажува: заемна зависност на сите од сите, затворен, тркалезен свет, свет на еднаквоста, соединувањето, закони на постоење на пријателско сплотено семејство. Ете кон што денес се приближуваме. Ние уште ќе провериме: дали само ни се причинуваат овие фантазии или таква иднина навистина го очекува човештвото, и ние мора да дојдеме до неа или свесно, или под притисок на силите што нè принудуваат. Се разбира, ќе биде корисно за нас да ги изучиме сите овие закони, бидејќи од нив дознаваме како да преминеме од една состојба во друга на најповолен начин. Досега се развивавме заради тоа што природата нè туркаше одзади, додавајќи ни нови желби. Спротивно на инстинктивниот развој, кој постоел претходно, во сите минати генерации при преминот од состојба во состојба, од една општествена формација кон друга – денес ние мора да се развиваме свесно. Наша обврска е – да ја разбереме природата и нејзините закони, и кога ќе ги исполниме со разбирање и познавање на самите себе и човечкото општество, тогаш ќе преминеме кон новата состојба. Ние небаре се раѓаме самите себеси. Овој пат мора да бидеме на висина, за одозгора да погледнеме врз себеси и својата состојба. Такво нешто никогаш претходно не постоело. Ние секогаш се движевме по текот на животот – напред и напред: уште една револуција, уште една нова машина, нова можност. Но денес ние мора да се кренеме над својот живот и да ja погледнеме целата Земјината топка и човечкото општество со глобален поглед одозгора – и тогаш да се развиваме понатаму. За првпат природата бара од нас – сите заедно и секој без исклучок – да достигнеме јасно разбирање: кои сме, во каков свет се наоѓаме, кон каква состојба се развиваме. За првпат од мене бараат да бидам човек – некој кој ја разбира, ја знае суштината на животот.
ÂÂ Универзум на длабока мудрост
Оран Леви: Какви гени има во човечкото општество? Никој никогаш нема видено како тоа се развива, за да ги собере податоците и да каже како тоа повторно ќе се развива. Човештвото е – наше единствено дете, кое така расте.
М. Лајтман: Ние можеме да го изанализираме и да го истражиме минатото – со што се занимаваат филозофијата, социологијата, психологија – и да забележиме во него закономерен процес, причините на тој процес. Природа бара од нас извршување на нејзините закони. Природата е – општ организам, кој се развива, вовлекувајќи ги во својот развој неживото, растителното, животинското ниво и човекот. Во почеток се развивала Земјината топка, потоа растителниот свет, потоа животните, а понатаму човекот. Тој развој почнал од Биг Бенг, и од тогаш продолжува благодарение на сè поголемото соединување. Соединувањето на деловите, секој пат ги доведува до создавање на сè посложени и особени организми – поуникатни и според количината и според квалитетот. Во почеток била само неживата материја, но потоа нејзините делови одеднаш почнале да растат – во нив се појавил живот, сопствен развој. Потоа развојот го достигна животинското скалило – животното се развива уште повеќе индивидуално. Потоа се појавува човекот – сето тоа се резултати на развојот. Јасно, дека во овој развој има свои закони – ние го гледаме тоа од примерот од минатото.
Ние егзистираме во затворена сфера која се нарекува „Вселена“, и изучуваме, каде се наоѓаме, и какви закони функционираат внатре во таа сфера. Таа сфера е бесконечна, без граници, исполнета со длабока мудрост. Ние пак, само одвај земаме од таа мудрост мизерни зрца – токму на тоа се заснова нашата целокупна наука. Ние не изучуваме ништо, освен природата, и внатре во таа сфера исто така дознаваме малку и за нас самите. Ние гледаме, дека не можеме да го средиме нашиот живот, и од таа причина се разбира, треба да ги изучиме законите на природата. Добро е, дека непријатните проблеми ме поттурнуваат кон спознавањето на природата – барем само за да го подобрам својот живот.
Заклучок
Сите мора да се согласиме, дека егзистираме внатре во природата. Можеме да ја замислиме како затворена сфера, топка, во чија внатрешност ние живееме. Внатре во таа сфера функционираат апсолутни закони, под чија власт се наоѓаме ние. Истражувајќи ја природата, ние откриваме дел од тие закони и го нарекуваме тоа наука. Но сигурно , 99,9% од законите остануваат за нас непознати, сè додека не станеме способни да ги откриеме. Обично, познавањето на законите на природата ни помага подобро да го средиме животот.
Погледнете, колку корисни работи имате во домот: телевизор, интернет, машина за перење и машина за сушење на алишта – што сè има. Колку поудобен станал животот во споредба со животот на човекот од провинциско зафрлено село, кој црпел вода од бунар, варел храна на оган и перел алишта во корито! Сето тоа ние го правиме за неколку минути и без секакви напори. Наместо бунар – чешма во ѕидот, сите удобности во домот, со чија помош можеме да егзистираме без да вложуваме многу напори. На таков начин, јас можам да живеам, без да извршувам голем број на дополнителна работа, која било невозможно да се избегне во поранешниот, селски живот. Односно нашиот развој го ослободува човекот за други, дополнителни активности, далечни од обезбедувње на егзистенцијално потребното.