Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Суштината на духовното достигнување

Ние разликуваме повеќе степени и многу дефиниции во световите. И треба да се знае дека кога се зборува за бројките и одредбите, станува збор за постигнувањата на душите, во согласност со она што тие го добиваат во овие светови, според правилото: „Она што не го достигнуваме - не можеме да го наречеме по име ". Затоа што зборот „име“ покажува достигнување, слично на тоа како човекот му дава име на нешто, само откако ќе постигне во него што и да е, и во согласност со постигнатото од него.

И затоа, целата реалност од гледна точка на духовното достигнување, се дели на 3 дела:

1) „Ацмуто", или суштината на Создателот;

2) Бесконечност

3) Души.

1) За Неговата суштина ние воопшто не говориме, бидејќи коренот и местото на созданијата започнуваат со Замисла на созданието, во кое тие се заклучени, и смислата на тоа е сокриена во зборовите: „Завршетокот на дејствието е во неговата замисла".

2) Бесконечноста претставува по себе Замисла на созданието, сокриена во зборовите: „Неговата желба е да им пружи уживање на своите созданија" на нивото на бескрајноста, што се нарекува Бесконечност (Ајн соф барут хај ). И тоа е врската што постои помеѓу Ацмуто и душите. Оваа врска се разбира од нас како тајна на желбата, созданијата да уживаат.

Бесконечноста - тоа е почетокот на целиот процес и таа се нарекува Светлина без кли, но од тука води својот почеток коренот на созданијата. Значи постоечката врска помеѓу Создателот и созданијата се вика Неговата желба да уживаат созданијата. Оваа желба започнува во светот на Бесконечноста и слегува до светот Асија.

3) Душите, кои се појавуваат добиваат богатство заклучено во Неговата желба за задоволства.

«Бесконечност» се нарекува така, затоа што таа врска, која е помеѓу Ацмуто и душите, е разбирлива од нас како тајна на Неговата желба да им даде задоволства на своите созданија. И освен за таа врска со желбата за задоволства ние не зборуваме за ништо. И таму е почетокот на сé. И тоа се нарекува «светлина без кли», па оттаму го води својот почеток коренот на созданијата, односно врската што постои помеѓу Создателот и созданијата, наречена Неговата желба да им даде задоволства на своите созданија. И таа желба започнува во светот на бесконечноста и слегува до светот Асија.

И сите светови спрема самите себе се дефинираат како «светлина без кли», и за нив не зборуваме. Тие се одредуваат како Неговата суштина, и нема во нив никакво достигнување. И не чудете се дека ние таму разликуваме многу особини, тоа е, бидејќи таму овие особини се во својство на сили. А потоа, кога ќе дојдат душите, овие особини се откриваат во душите, ги добиваат Вишите Светлини во согласност со сè она што направиле и ставиле во ред на таков начин за душата да има можност да ги добие, - секоја во согласност со својата сила и подготовка. И тогаш овие особини се откриваат во дејствие. Но, додека душите не ја постигнат Вишата Светлина, тогаш сé само по себе се смета за Негова суштина.

А во однос на душите, кои добиваат од световите, световите се определуваат како «Бесконечност», бидејќи оваа врска, која е меѓу световите и душите, односно тоа што световите им пренесуваат на душите, поаѓа од Замислата на созданието, и претставува по себе заемни односи на Ацмуто со душите. И оваа врска се нарекува «Бесконечност», како и беше споменато погоре. И кога ние се молиме и го замолуваме Создателот да ни помогне и да ни го даде она за што ние молиме, тогаш ја имаме предвид Бесконечноста, нели таму е коренот на созданијата, кој сака да им даде богатство и задоволство, нарекуван „Неговата желба да им даде задоволства на своите созданија".

А молитвата - таа е кон Создателот, кој нè создал, името на кого е „Неговото желба да им даде задоволства на своите созданија". И Тој се нарекува Бесконечност, бидејќи станува збор за состојба до Скратувањето. И дури и по Скратувањето во Него не се случиле никакви промени. Нема промени во Светлината. И секогаш се нарекува со овие имиња.

А целото множество со имиња - тоа е само во однос на оние кои добиваат. Затоа Првото име што се открива во зборовите „корен на созданијата", се нарекува Бесконечност. И откривањето на тоа име останува без какви било промени. А сите скратувања и големиот број на промени се случуваат само во однос на оние кои добиваат. Додека Тој секогаш свети со првото име кое се определувано како „Неговата бескрајна желба да им даде задоволства на своите созданија". И затоа ние му се молиме на Создателот, нарекуван „Бесконечност", кој свети без скратување и крај. А тоа што потоа се создава завршување - тоа е поправка за добитниците, за да можат да ја добијат Неговата Светлина. Вишата Светлина вклучува во себе два термина: оној кој достигнува и она што може да се достигне. И сé што ние го зборуваме за Вишата Светлина - тоа е само впечаток на оној кој достигнува од она што може да се достигне.

Но, секој од нив сам по себе, односно оној кој достигнува само она што може да се достигне, не се нарекуваат Бесконечност. Она што може да се достигне се нарекува Ацмуто, а оној кој достигнува се нарекува «души» - нешто ново, кое што се јавува е дел од целото. А новото е во тоа што во него е отпечатена желбата да прима. И од оваа гледна точка созданието се нарекува «нешто од ништо» (еш ми-ајн).

Сами по себе сите светови се определуваат како едноставно единство, и нема промени во Божественото кое се јавува како смисла на кажаното: «Јас Името Свое не го менувам". И во Божественото не се разликуваат сфирот и степени. Нели дури и самите прецизирани имиња не ја изразуваат суштината на самата Светлина, бидејќи тоа се однесува на Неговата суштина, која е совршено недостижна. А сите сфирот и различните особености - станува збор за нив само од гледна точка на тоа што човекот постигнува во Него. Затоа што Создателот посакал ние да го достигнеме и разбереме изобилството (шефа), кое е ставено во смислата на неговата желба да им даде задоволство на своите созданија. А за да можеме ние да го постигнеме она, што Тој го посакал, за да постигнеме и ја сфатиме тајната на Неговото желба да им даде задоволство на своите созданија, создал и ни дал такви сетилни органи, и овие сетилни органи го постигнаа оној впечаток, што ја произведува врз нив Вишата Светлина. Во оваа мера се создаваат во нас повеќе различни карактеристики, бидејќи општото чувство, наречено желба за добивање, се дели на повеќе детали, во согласност со тоа количество, што оние кои добиваат се способни да го добијат. Во согласност со тоа се случуваат многу поделби и детали, наречени подеми и паѓања, проширенија и отстранувања итн.

И бидејќи желбата за добивање се нарекува «создание» и «нешто ново», тоа, токму од ова место, од кое желбата за добивање почнува да добива впечаток - од таму и почнува "разговорот". А „разговорот". - тоа е откривање на особеностите во деталите на впечатокот, бидејќи тука веќе има взаемни односи помеѓу Вишата светлина и желбата за добивање.

И тоа се нарекува «Светлина и кли». Но, како што беше споменато погоре, нема разговор за Светлината без кли. Бидејќи Светлината која не е постигната од оние кои добиваат, се смета за Ацмуто, разговорот за него е забранет, бидејќи е недостапен за достигнување. А она што ние не достигнуваме -како можеме да му дадеме име?

И од тука ќе сфатиме дека во молитвата со која ние се обраќаме кон Создателот, за да ни испрати Тој избавување, исцелување, итн. потребно е да бидат разликувани две работи:

а) Создател;

б) она што произлегува од Него.

За првото, се определува како Ацмуто, разговорот, како што беше кажано погоре, е забранет. Второто - она што произлегува од Него, се дефинира како Светлина, што се проширува внатре во нашите келим, односно внатре во нашата желба за добивање - тоа се нарекува Бесконечност. И оваа врска, која постои кај Создателот со созданијата, е израз на Неговата желба да им даде задоволство на своите созданија. Така желбата за добивање се смета за Светлина што се шири, како резултат за да ги достигне желбите за добивање. И во исто време кога желбата за добивање добива Светлина што се проширува, тогаш Светлината што се шири се нарекува Бесконечност, и таа доаѓа до оние кои што добиваат, со помош на бројни напори, за да може понискиот да ги добие. На тој начин откриваме дека сите покажани карактеристики и промени се наоѓаат токму во оној кој прима, во оваа степен и соодветно на тоа, како тој добива од нив впечаток. Но, потребно е да се утврди за што станува збор. Кога зборуваме за особините во световите, тогаш станува збор за особините од гледна точка на силите, а кога оној кој добива ги достигне овие особини, тогаш тие се изјавуваат во дејствие.

Духовното достигнување - тоа е кога оној кој достигнува и оно што се достигнува се движат заедно, бидејќи ако го нема оној кој достигнува и оно што се достигнува нема никаква форма, бидејќи нема никој кој да ја прими формата на оно што се достигнува. Затоа овој степен се дефинира како Ацмуто и таму апсолутно нема место да се зборува за тоа. Навистина како може да се каже дека оно што може да се достигне ќе прифати некаква форма само по себе?

И ние нема за што да зборуваме - единствено само од тоа место, каде што нашите сетила добиваат впечаток од Светлина што се шири, која претставува по себе покажување на Неговото желба да им даде задоволство на своите созданија, навистина што доаѓа кон оној кој добива.

И Тоа е слично на она како ние ја гледаме масата: во нашите сетилни органи ние чувствуваме дека таа е цврста, нејзината должина и ширина ние исто така ја перцепираме во согласност со нашите сетилни органи. Но воопшто не е задолжително масата да изгледа така за оној што има други сетилни органи, на пример, во очите на ангелот, кој гледајќи ја масата ќе ја види во согласност со своите сетилни органи. Затоа ние не можеме да дефинираме каква и да е форма од гледиштето на ангелот, бидејќи ние не ги познаваме неговите сетилни органи. Од тука следува дека слично на она како ние немаме достигнување во Самиот Создател, така ние ништо не можеме да кажеме - каква форма имаат световите за Него. Ние ги достигнуваме световите само според нашите сетилни органи и чувствата. И таква е Неговата волја, за да Го достигнеме.

И во таа смисла е изразот: «Нема промени во Светлината». А сите промени - се само во келим, односно во нашите чувства, и сé се мери во согласност со нашето подобие. И од тоа ќе разбереш дека ако различни луѓе гледаат еден духовен објект, секој ќе достигне во согласност со своето подобие и своите чувства. И затоа секој ќе види различна форма. Исто така и во самиот човек формата ќе се менува во согласност со неговите состојби на подем и паѓања. Како што беше кажано погоре, Светлината - тоа е „Едноставна Светлина", а сите промени - тие се само во оној кој прима.

И нека има желба за да ја имаме честа да ја добиеме Неговата Светлина и да одиме по патот на Создателот и да работиме за Него не заради добивање награда, но поради тоа да Му обезбеди задоволство, и да ја подигнеме Шхина од прашината и да ја имаме честа за спојување со Создателот - со откривање на Неговата Божественост на Неговите созданија.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели