Михаел Лајтман
(скратено)
И му рече Бог на Мојсеј во пустината Синај, во Шаторот на откровението: "Направете пребројување на целото општество по семејства, до татковските домови, бројот на имињата на сите мажи општо, од 20 години до постарите, сите кои стапиле во војска. А со вас ќе биде по еден човек од секое поколение, главите на татковските домови, дванаесет луѓе, секој поради нешто од својот дом". И се вкупно биле изброени 603 550. А поколенијата на Левитаните поради нешто не биле изборени меѓу нив.
И му зборувал Бог на Мојсеј: "Само поколенијата на Левитаните не ги сметај и не ги пребројувај. А ти порачај им на Левитаните да го набљудуваат Шаторот на откровението и покрај сите надлежности, тие ќе бидат оние што ќе го носат Шаторот и ќе им припаѓа на нив и ќе служат во него и околу Шаторот откровенијата со стоечки став. Построениот кој ќе се приближи ќе биде предаден на смрт.
И да се распределат синовите на Израел секој во својот став, секој кај своето знаме, по своите оружја:
На исток – знамето на Јехудите, со поколенијата на Исахар и Звулуна.
На југ - знамето на Реувен, со поколенијата на Шимон и Хад.
Помеѓу ставовите – Шаторот на отрковението и ставот на Левитаните.
На запад – знамето на Ефраим, со поколенијата на Менаше и Бињамин.
На север – знамето на Дан, со поколенијата на Ашер и Нафтал.
И му рече Бог на Мојсеј: "Доведи го поколението на Левитаните и стави го кај Арон, за да му помогнат на него. И нека ја донесат стражата пред Шаторот на откровението, исполнувајќи ја службата во Шаторот, да ги набљудуваат во свои надлежности Шаторот на откровението и обврската за синовите на Израел, исполнувајќи ја службата пред Шаторот. Предај ги Левитаните на Арон во целост. На Арон и синовите порачај им, дека нивна служба е да ги набљудува. Јас ги земав Левитаните меѓу синовите на Израел заедно со сите првенци, за да Моите бидат Левитани. Иако секој првенец е Мој.
Преброј ги синовите на Лев по нивниот татковски дом, по нивните семејства, сите мажи од еден месец до старите. И да стојат околу Шаторот:
На запад – семејството Гершона. Тие треба да го чуваат само Шаторот,ќе бидат скриени со завеси, завеси на оградата од дворот, завеси на влезот од дворот и конец за цело неогово уредување.
На југ – семејството Кегата, кое ќе го набљудува светилиштето, ќе го чуваат Ковчегот, масата на Менора, жртвениците, осветените садови, завесите.
На север – семејството Мрари, тие се задолжени за: гредите на Шаторот на откровението, засолништата, столбовите на подножјето, сите надлежности, столбовите на дворот со подножјата, сите колци и конци.
Стоејќи со став пред Шаторот на откровението, на исток Мојсеј и Авраам со неговите синови, чувајќи го Светилиштето, за опоменување на синовите на Израел, дека посторениот кој ќе се приближи ќе биде предаден на смрт.
Земи ги Левитаните заедно со сите првнеци на Израел, стоката на Левитаните заедно со нивната стока и Левитаните ќе бидат Мои. Изброј ги синовите на Кегат, секој е погоден за исполнување на работата во Шаторот на откровението. Не доведувајте го до изумирање поколението на семејството Кегат од околината на Левитаните. Треба да им се влезе и да се набљудуваат, како го покриваат Светилиштето, а тие ќе умрат".