Што нам ни дава законот (Клал 1.) „Сакај го ближниот како себеси“? Преку овој закон, ние можеме да дојдеме до љубов кон Создателот. Ако тоа е така, што ни дава одржувањето на 612-те Мицвот?
Прво, треба да знаеме што е закон. Познато е дека заедничкиот закон, (Клал), се состои од повеќе поединци. Без поединци не може да постои заедница (група).
На пример, кога се обраќаме на публиката како „света публика“ ние мислиме на поединци кои се собрале и создале единство. Потоа, на публиката се назначува глава, итн.., и ова се нарекува Миниан (десет/кворум) или „обожавање.“ Мора да бидат присутни најмалку десет луѓе и тогаш е возможно да се искаже Кедуша (Божественоста). Светиот Зохар за ова вели: „Каде што има десет, престојува Божественоста.“ Ова значи дека местото каде што има десет луѓе, е место за престој на Божественоста.
Затоа следи, дека законот, „Сакај го ближниот како себеси“ е изграден на 612 Мицвот. Со други зборови, доколку ги одржуваме 612-те Мицвот, ние ќе бидеме во можност да го достигнеме законот „Сакај го ближниот како себеси.“ Од ова произлегува дека поединечните елементи ни овозможуваат да ја достигнеме групата и кога ја имаме групата, ние ќе бидеме во можност да ја достигнме љубовта кон Создателот, како што е запишано, „мојата душа копнее за Господ.“
Но, поединецот не може сам да ги одржува 612-те Мицвот. Да го земеме на пример, искупувањето на првороденчето. Доколку првороденчето е женско, тоа не може да одржува Мицвот на искупување на „првиот бум.“ Исто така, жените се изземени од почитување на сите зависни во времето на Мицвот, како Цицит и Тефилин. Но бидејќи „сите од Израел се одговорни еден за друг,“ преку другите, тие сите се одржани. Тоа е како сите заедно да ги одржуваат Мицвот. Така, преку 612-те Мицвот, ние можеме да го достигнеме законот „Сакај го пријателот како себеси.“
1. Напомена за преводот: на хебрејски, зборот Клал значи „закон“ и „заедница.“ Авторот прави замена помеѓу двете значења.