Слушнав на 3-ти Ав (8-ми август 1948 г.)
Разликата меѓу материјалното и духовното е тоа што во материјалното силата му претходи на дејствието, како што е речено: „Пред да повикате, Јас ќе одговорам“, затоа што таму е таков редот, како во Крајот на поправањето (Гмар Тикун), кога не се прави ништо, пред да се има сила да се направи потребното.
Во духовното пак, кое сè уште не достигнало Крајно поправање и дејствува според редот на последователното појавување на желбите кои се погодни за поправање, мора да се започне работата уште пред да се добие сила, како што е речено: „Да се исполни нареденото, за да се слушне гласот на Оној кој наредува“.