Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

239. Разликата меѓу Светлината на празникот Шавуот и Саботната дневна молитва

Постои разлика меѓу празникот Шавуот, во кој се случува издигнување на Зеир Анпин кон Арих Анпин, до неговата „брада“ (дикна) и Саботата за време на дневната молитва, кога исто така, се случува издигнување кон Арих Анпин.

Шавуот ја означува Светлината Мохин де-Хохма на нивото ИШСУТ, односно на нивото на Бина, која се враќа за да стане Хохма. Додека пак, Сабота е Светлината ГАР де-Бина, која спаѓа во самата Хохма и се смета дека сè уште не излегла од Рош (главата), во која се претвора „Моха Стима“ (скриениот разум), кој спаѓа во ГАР де-Хохма, а не на нивото ВАК. И бидејќи спаѓа во ГАР, не може... туку само од долу нагоре, без никакво распространување на Светлината долу. Затоа Сабота спаѓа во Нуква (во женските карактеристики).

Но, тоа не се случува со празничниот ден кој спаѓа во ЗАТ де-Бина, кој пак, е на нивото ВАК – неговата Светлина се распространува надолу. Затоа и после сите издигнувања кои постојат во реалноста, сепак редот на духовните нивоа не се менува.

Затоа народите во светот ги почитуваат празниците повеќе од Сабота, иако Сабота е повисоко според нивоата. Причината за ова е што празничниот ден спаѓа во ЗАТ де-Бина, во кој се случува откривање на Светлината долу. Додека пак, Сабота спаѓа во ГАР де-Бина, кој не се открива надолу. Се разбира, Сабота е неспоредливо повисока од празничниот ден.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели