Книга Зихар, Точ.61-66
Глава "Со кој сте вие партнер? "
Резиме
Создателот го создал созданието, за да го доведе до состојба еднаква на Себе – состојбата на хармонија, вечност и совршенство.
Меѓу Создателот и созданието постои особен "блок на врски", кој се состои од Зеир Анпина (ЗА) и Малхут светот на Ацилут. ЗА за светот на Ацилут – е претставник на Создателот, а за Малхут светот на Ацилут – е претставник на созданието. Созданието – тоа е душата, која како последица на поправувањето и соединувањето меѓу себе, се разбираат и се вклучуваат во Малхут. Затоа Малхут светот на Ацилут се нарекува "собирање на душите".
Соединувањето меѓу ЗА (својството на давање) и Малхут (својството за примање) се наркеува зивуг, соединување. Таквото соединување е можно само при совпаѓање на својствата на двата објекта. Природата на созданието – е примањето и единственото што тоа може да го направи е да ја промени намерата за да прима не поради себе, туку поради насладувањето на Создателот. Тогаш созданието ќе биде еквивалентно на давањето и ЗА со суштината на Малхут е последица на сличните својства.
Сè што чувствуваме во нашиот свет, произлегува од соединувањето на Создателот и созданието. Минималниот контакт меѓу ЗА и Малхут доведува кај нас мала искра на светлина (нэр дакúк), која ни дава чувство на постоење и нè поддржува целиот живот.
Освен тоа, светењето на ЗА во човекот буди чувство на недостаток за исполнување, насладување, спознание на сите нивоа на развиток. Тоа во нас предизвикува стремеж кон нешто ново, неразбирливо, неизведено, кое лежи во пределите на тој свет. Така Вишиот свет, дејствувајќи на Малхут, ги превлекува кон себе душите во особини на партнери, поканувајќи ги на станат вредни партнери на Создателот.