Од книгата "Достигнување на повисоките светови"
Прв чин
Во осветлена куќа со пространи соби, еден човек со пријатен изглед е зафатен во кујната. Тој подготвува јадење за неговиот долгоочекуван гостин. Додека се движи над садовите и тенџерињата, тој самиот потсетува на деликатесите во кои неговиот гостин толку ужива.Радосното исчекување на домаќинот е многу очигледно. Благодарно, со потези на танцувач, тој ја полни масата со пет различни јадења. Веднаш до масата има две тапацирани столчиња.
Некој тропа на вратата, и гостинот влегува. Лицето на домаќинот се разведрува кога го погледнува гостинот, и тој го повикува да седнат на масата за јадење. Гостинот седнува и домаќинот мило го погледнува.Гостинот ги гледа деликатесите пред него и ги мириса од пристојно растојание. Јасно е дека му се допаѓа она што го гледа, но тој го изразува својот восхит со политичка воздржаност, не откривајќи дека знае дека храната е наменета за него.
Домаќинот: Седни. Сите овие јадења ги направив специјално за тебе затоа што знам колку ти се допаѓаат. Двајцата знаеме дека ми е многу добро познат твојот вкус и навики на јадење. Знам дека си гладен и знам колку можеш да изедеш, па така, сè спремив во точни количини колку што ќе изедеш, без да оставиш ни трошка.
Нараторот: Ако остане малку храна, кога ќе се засити гостинот, и двајцата и Домаќинот и Гостинот ќе бидат несреќни. Домаќинот ќе биде несреќен бидејќи тоа би значело дека тој сака да му даде на својот гостин повеќе отколку што тој може да прими.Гостинот би бил разочаран ако не е во можност да му ја исполни желбата на домаќинот кој сака тој да изеде сè. На гостинот исто така ќе му биде криво ако се засити пред да изеде сè, и што не можел да ужива во храната што останува. Тоа би значело дека гостинот немал доволно голема желба за целото задоволство што му се нудело.
Гостинот (сериозно): Навистина, сте подготвиле точно тоа што посакував да видам и да јадам. Дури и количината е добра. Ова е сè што би посакал од животот: да уживам во сето ова. За мене, ова ќе биде конечно божествено задоволство.
Домаќинот: Ве молам, земете го цело и уживајте. Тоа многу ќе ме израдува.
Гостинот почнува да јаде.Гостинот (очигледно со уживање и со полна уста, сè уште барајќи нешто вознемирен): Зошто што повеќе јадам, помалку уживам во храната? Задоволството што го добивам ја гаси гладта, и јас уживам во него сè помалку и помалку. Што повеќе се трудам да се чувствувам полно, сè помалку уживам во јадењето. И кога ја добив целата храна, не ми останува ништо друго туку сеќавање на задоволството, а не самото задоволство. Задоволството беше присутно само додека бев гладен. Кога исчезна гладта, го снема исто така и задоволството. Го добив она по што копнеев, и еве сум тука без задоволство и без радост. Не сакам ништо повеќе, и нема ништо што ќе ми донесе радост.
Гостинот (малку налутено): Направив сè што можев за да те задоволам. Не е моја вина што задоволството исчезнува веднаш по чувството на одушевеност бидејќи желбата веќе ја нема. Во секој случај, сега сте заситен со она што ви го спремив.
Гостинот (бранејќи се): Со тоа што го примив она што ти ми го подготви, не можам дури ни да ти се заблагодарам, бидејќи престанав да уживам во изобилството што ми го даде. Најважно е што ми даде големо количество, додека, јас не ти дадов ништо за возврат. Како резултат на тоа, ти направи да се почувствувам засрамен, со тоа што непромислено ми покажа дека ти си оној што дава, а јас оној што зема.
Домаќинот: Не ти покажав дека ти си оној што зема, а јас оној што дава. Но, фактот што ти прими нешто од мене без ништо да ми дадеш за возврат направи да се чувствуваш виновно, и покрај тоа што јас сум љубезен по природа.Не сакам ништо повеќе, туку само да ја прифатиш храната што ти ја нудам. Не можам да го променам тоа. На пример, одгледувам риба. На рибите не им е гајле кој ги храни. Јас исто така се грижам за мојот мачор Боб. Тој исто така не можеше да се занимава со тоа кој го храни. Но, на Рекс, моето куче, навистина му е важно тоа. Тој не би земал храна од секого.Луѓето се создадени на тој начин што има некои што добиваат без да чувствуваат дека некој им дава, и тие само земаат. Некои, дури крадат без грижа на совеста. Но, кога луѓето ќе развијат чувство за себе, тие знаат кога им се дава, и тоа ја буди нивната свест дека тие се оние кои земаат. Тоа само по себе носи засрамување, себе-обвинување и агонија.
Гостинот (некако смирен): Но, што можам да направам за да добијам задоволство од една страна, без да се сметам себе си за некој што само зема? Како можам да го неутрализирам чувството во мене дека ти си оној што дава, а јас оној што зема? И ако има ситуација на давање и земање, и тоа ја поттикне засраменоста во мене, како да го избегнам тоа чувство?Можеби ти можеш да постапуваш на одреден начин за јас да не се почувствувам како некој што добива! Но, тоа е можно само ако јас не сум свесен за твоето постоење (исто како што е рибата), или ако сум те почувствувал, но не сум сфатил дека ти си ми давал (како мачката или неразвиен човек).
Домаќинот (стеснувајќи ги очите концентрирајќи се, и зборувајќи промислено): Мислам дека најпосле има решение. Можеби ќе бидеш во можност да најдеш начин да го неутрализираш чувството на земање кај тебе?
Гостинот (очите му светнуваат): Ох, сфатив! Од секогаш си сакал да ме имаш како гостин. Значи утре, ќе дојдам тука и ќе се однесувам на таков начин што ќе те натерам да се чувствуваш како некој што зема. Јас сè уште ќе бидам некој што зема, се разбира, ќе изедам сè што ќе имаш подготвено, но ќе се гледам себе си како некој што дава.
Втор чин
Следниот ден, во истата соба домаќинот подготви свеж оброк со исто толку вкусни јадења како претходниот ден. Тој седнува на масата и гостинот влегува, со чуден, некако таен израз на лицето.
Домаќинот (ведро се насмевнувајќи се, несвесен за промената): Те очекував. Толку сум среќен што те гледам. Седни.
Гостинот седнува на масата и учтиво ја помирисува храната.
Гостинот (гледајќи во храната): Сево ова е за мене?
Домаќинот: Но, се разбира! Само за тебе! Ќе бидам многу радосен ако посакаш да го примиш сево ова од мене.
Гостинот: Благодарам, но, навистина не сакам толку многу.
Домаќинот: Па, тоа не е вистина. Ти го сакаш ова, сигурен сум во тоа! Зошто не би го зел?
Гостинот: Можам да го земам целото јадење од тебе. Заради тоа се чувствувам непријатно.
Домаќинот: Како мислиш непријатно? Толку многу сакам да го изедеш сево ова. Зошто мислиш дека го подготвував? Толку големо задоволство ќе ми биде ако го изедеш цело јадење.
Гостинот: Можеби си во право, но, не сакам да ја изедам целата храна.
Домаќинот: Но ти не го земаш само оброкот; туку ми правиш услуга и мене, со тоа што ќе седиш на мојата маса и што ќе уживаш во она што го подготвив. Јас тоа го спремив не само за тебе, но, исто така и заради тоа што уживам во тоа што ти ќе го примиш истото. Ете затоа, ако се согласиш да јадеш, ќе ми направиш услуга. Ќе ја примиш цела таа за мене! Нема да земаш, туку повеќе мене ќе ми дадеш радост. Всушност, нема да бидеш ти тој што добива нешто од моето јадење, туку, јас би добил поголема радост од тебе. Ти ќе бидеш тој што ми дава, а не обратно.
Домаќинот молежливо ја поттурнува миризливата чинија пред својот колеблив Гостин. Гостинот му ја враќа назад. Домаќинот пак ја преместува блиску до Гостинот, и пак Гостинот го одбива. Домаќинот воздивнува, целиот негов изглед открива колку многу сака Гостинот да прифати да го изеде јадењето. Сега Гостинот зазема став како некој што дава, и му прави услуга на Домаќинот.
Домаќинот: Те преколнувам! Те молам направи ме среќен.
Гостинот почнува да јаде, па престанува за да размисли. Тогаш, повторно почнува, и пак престанува. Секој пат кога гостинот ќе престане да јаде, домаќинот го охрабрува да продолжи. Само по малку убедување, гостинот продолжува да јаде. Домаќинот продолжува да носи нови специјалитети пред гостинот, секој пат молејќи го да го задоволи со тоа што ќе прифати да ги изеде.
Гостинот: Ако можам да бидам сигурен дека јадам заради тоа што те правам среќен, а не затоа што јас тоа го сакам, тогаш ти би бил оној што добива, а јас оној што дава задоволство. Но, за да биде така, мора да бидам сигурен дека јадам само за твое добро, а не и за мое.
Домаќинот: Но, се разбира дека јадеш само за мене. И после сè, откако седна на трпезата, немаше ли да пробаш ништо додека не ти докажам дека не јадеш само ти, туку дека и мене ми даваш радост. Дојде тука за да ми дадеш радост.
Гостинот: Но, ако требаше да прифатам нешто што првенствено не го посакав, немаше да уживам во тоа што ќе го примам, ниту пак ти ќе уживаше гледајќи ме како ја прифаќам твојата понуда. Така, се покажа дека можеш да добиеш задоволство само до онаа мера до која јас можам да уживам во она што ми го нудиш.
Домаќинот: Знам точно колку го сакаш ова јадење и колку можеш да изедеш од секоја чинија. Затоа, ги подготвив овие пет јадења. И после сè, знам дека најмногу го сакаш и ова и тоа јадење, како ништо друго во животот. Тоа што знам колку уживаш во јадењава поттикнува чувство на задоволство кај мене. Исто така многу ме задоволува што ти се допаѓаат моите јадења. Не се сомневам дека задоволството што го добивам од тебе е вистинско.
Гостинот: Како можам да бидам сигурен дека уживам во овие јадења само затоа што ти сакаш јас да уживам, и бидејќи ти си го подготвил сево ова за мене? Како можам да бидам сигурен дека не треба да те одбивам, бидејќи со тоа што го добивам од тебе, всушност, тебе ќе ти дадам радост?
Домаќинот: Многу едноставно! Бидејќи ти ги одби сите мои понуди додека не беше сигурен дека ми правиш задоволство и мене. И потоа прифати. После секој залак, ќе чувствуваш дека јадеш за мое задоволство, и ќе ја почувствуваш големата радост што ми ја даваш со тоа.
Гостинот: Можам да се ослободам од срамот и да бидам горд со тоа што ти давам радост, ако размислам, секој пат кога земам, тоа го земам за тебе.
Домаќинот: Па, изеди го цело јадење! Го сакаш цело, и така, ќе ми го дадеш цело задоволство, до најмалото делче.
Гостинот: ( јадејќи со задоволство и завршувајќи го секое јадење, но потоа сфаќајќи дека тој сè уште не е задоволен): Значи, сега го изедов цело јадење, и уживав во тоа. Нема повеќе храна за да уживаме. Моето задоволство исчезна бидејќи не сум повеќе гладен. Токму сега не можам на никој од нас да му донесам радост. Па, што да правам следно?
Домаќинот: Не знам. Ти ми даде големо задоволство со тоа што прими нешто од мене. Што друго можам да направам за тебе, за да уживаш повторно и повторно? Како може да сакаш да јадеш повторно, ако си го изел сето тоа? Како ќе добиеш нов апетит?
Гостинот: Мојата желба да уживам се претвори во желба да ти подарам радост, и ако сега не можам да уживам , како можам да ти дадам тебе задоволство? И најпосле, не можам да создадам во мене апетит за друг оброк од пет јадења!
Домаќинот: Не подготвив повеќе одошто посака ти. Сторив сè за да те задоволам. Твојот проблем е: „Како да не престанам да сакам повеќе, додека добивам повеќе и повеќе."
Гостинот: Но, ако задоволството не го задоволи мојот глад, не можам да го чувствувам тоа како задоволство. Чувството на задоволство доаѓа кога ги задоволувам моите потреби. Ако не бев гладен, не ќе можев да уживам во храната и така, не ќе можев да ти подарам радост. Што можам да направам за да останам во постојана желба, и постојано да ти давам радост со тоа што ќе ти го покажувам моето задоволство?
Домаќинот: Затоа, ти треба различен извор на желба и различни начини да ја задоволиш. Со тоа што ќе ја искористиш твојата глад за да добиеш и храна и радост при јадењето, ти ги гасиш и гладта и радоста.
Гостинот: Сфатив! Проблемот е што се спречував себе си да чувствувам радост ако почувствував дека ти имаш корист од тоа. Одбивав до таа мера што иако целото јадење беше пред мене, не можев да го прифатам од срам дека земам. Срамот беше толку силен што посакав да прегладнам, за само да го избегнам чувството да бидам некој што прима.
Домаќинот: Но, тогаш, штом еднаш беше убеден дека не земаш за себе, започна да примаш за мое добро. Заради тоа, ти уживаше и во храната и во задоволството што ми го даваше. Затоа јадењето треба да биде во согласност со твојата желба. И најпосле, без задоволство од храната, какво задоволство би можел да ми пружиш?
Гостинот: Но, не е доволно да примам за тебе, знаејќи дека уживаш додека го правиш ова за мене. Моето задоволство доаѓа од твојата радост, тогаш, изворот на моето задоволство не е храната, туку ти! Мора да ја почувствувам твојата радост.
Домаќинот: Тоа би било лесно, бидејќи јас сум целосно отворен за тоа.
Гостинот: Да, но од што зависи моето расположение? Тоа зависи од тебе, бидејќи тебе ти давам задоволство. Тоа значи дека моето задоволство зависи од тоа колку силно посакувам да ти подарам радост; и тоа до таа мера што ја чувствувам твојата благодарност.
Домаќинот: Па, што можам да сторам?
Гостинот: Ако знаев повеќе за тебе, ако од поблиску те познавав, ако навистина беше прекрасен, тогаш, ќе ја откриев твојата големина и моќ. Тогаш, ќе уживав и во тоа што ќе ти давам задоволство, свесен за тоа кој го добива тоа задоволство. Така, моето задоволство ќе беше пропорционално со откривањето на твојата големина.
Домаќинот: Тоа зависи од мене?
Гостинот: Види, ако давам, важно ми е да знам колку давам и на кого. Ако е на оние што ги сакам, како да се мои деца, тогаш посакувам да дадам до тој степен до кој ги сакам. Ова ми дава радост. Но, ако некој непознат дојде во мојот дом, ќе му дадам нешто бидејќи можам се соживувам со тоа како е да ти треба нешто, и да се надевам дека кога јас би бил во таква состојба да ми треба нешто, некој ќе ми помогне.
Домаќинот: Овој принцип е она што се крие зад целиот концепт на социјална помош. Луѓето сфатија дека ако не постоеше меѓусебна помош, сите тие ќе страдаа. Што значи, тие самите би страдале кога ќе имаат потреба од нешто. Себичноста ги поттикнува луѓето да даваат, но, тоа не е вистинско давање. Тоа е едноставно начин на обезбедување на нечија егзистенција.
Гостинот: Јас навистина не мислам дека овој вид на давање е вистинско. Целата наша „дарежливост" не е ништо повеќе, туку еден начин да примиме задоволство со тоа што ќе се задоволиме самите и оние кои ги сакаме.
Домаќинот: Како можам да ти дадам поголемо задоволство од задоволството што го пронаоѓаш во храната?
Гостинот: Тоа не зависи од тебе, туку, од мене. Ако личноста која доаѓа во мојот дом не е обична личност, туку многу важна личност, би добил поголемо задоволство со тоа што ќе и дадам нешто на таа личност, отколку на обична личност. Тоа значи дека моето задоволство не зависи од храната, туку од тоа кој ја подготвил!
Домаќинот: Значи, што можам да направам за да ме почитуваш повеќе?
Гостинот: Бидејќи добивам за твоја корист, не за моја, јас повеќе те почитувам, и поголемо задоволство ќе добијам со тоа што знам кому го давам тоа задоволство.
Домаќинот: Значи, како можам да ја зголемам твојата почит кон мене?
Гостинот: Кажи ми за себе, покажи ми кој си! Така би можел да добијам задоволство не само со тоа што ќе добијам храна, туку исто така со тоа што ќе дознам кој ми ја дава храната, со кого сум поврзан. И најмалиот дел од храната што ја добивам од значајна личност, ќе ми даде многу поголемо задоволство. Гледаш, задоволството ќе се зголеми во зависност од тоа колку значајна личност јас сметам дека си.
Домаќинот: Тоа значи дека за задоволството да биде поголемо, мора да се отворам и мора да развијам одредена слика за мене кај тебе.
Гостинот: Токму така! Тоа е она што создава нова глад кај мене- желбата да ти давам, расте во зависност од твојата значајност. Не е тоа причината што сакам да го избегнам чувството на срам, туку бидејќи срамот нема да ми дозволи да ја задоволам мојата глад.
Домаќинот: На тој начин не започнуваш да ја чувствуваш гладта, туку мојата значајност и твојата желба да ми пружиш задоволство. Значи велиш дека не посакуваш да ми го задоволиш апетитот, туку да уживаш во мојата значајност и во твојата желба да ме задоволиш?
Гостинот: А што не е во ред со тоа? Од храната можам да добијам многу повеќе задоволство отколку што самата храна би можела да пружи, бидејќи на гладта и додавам втора желба: волја тебе да ти подарам нешто.
Домаќинот: Тоа, исто така , морам да го исполнам.
Гостинот: Не. Желбата да го направам ова- и неговото исполнување- сам ќе ја создадам во мене. За тоа ми треба само да те познавам. Отвори се себе си кон мене, и јас ќе создадам во себе копнеж да ти давам. Исто така ќе добијам задоволство од тоа што ти давам, а не од тоа што ќе го отстранам срамот.
Домаќинот: Што ќе добиеш со тоа што ме познаваш, без оглед на фактот што ќе ти се зголеми задоволството?
Гостинот (јасно наговестува дека тоа е суштината на сево ова): Има уште една голема придобивка. Ако создадам во мене нова желба, освен природниот глад, можам да станам господар на таа желба. Можам секогаш да ја зголемам, секогаш да ја исполнам со задоволство, и секогаш да ти ја давам со тоа што ќе добивам задоволство.
Домаќинот: Нема ли да ја изгубиш таа желба кога ќе ја исполниш, исто како што исчезнува гладот?
Гостинот: Не, бидејќи јас можам секогаш да создадам во мене поголем впечаток за тебе. Можам да создадам нови желби да ти давам, и со тоа што ќе го добијам од тебе јас ќе ги реализирам овие желби. Овој процес може вечно да трае.
Домаќинот: Од што зависи тоа?
Гостинот: Тоа зависи од постојаното откривање на нови доблести во себе и во чувствувањето на твојата големина.
Домаќинот: Тоа значи дека за постојаното само-угодување -дека дури кога добиваш себично задоволство, гладот нема да престане туку повеќе ќе се зголеми со тоа примање - создавањето на нова глад мора да настане: желбата да се почувствува оној што дава.
Гостинот: Да, освен добивањето задоволство (вкусните јадења), оној што добива ќе развие чувство за големината на оној што дава. Откривањето на домаќинот, специјалитетите, затоа станува исто. Со други зборови, задоволството само по себе создава свесност за оној што дава. Тој што дава, храната и атрибутите на оној што дава, се едно нешто и исти.
Домаќинот: Така, се покажува она што на почетокот си го сакал, потсвесно, за да се покаже оној што дава. За тебе ова е всушност заситување, и ништо друго.
Гостинот: На почетокот не разбирав дури дека ова е тоа што ми треба. Ја гледав само храната и мислев дека тоа е она што го сакам.
Домаќинот: Тоа го направив со намера, за постепено да развиеш сопствена независна желба што веројатно сам би си ја создал, така што би си ја исполнил сам. Би го заземал место на двајцата, гостинот и домаќинот истовремено.
Гостинот:Зошто сево ова се прави на тој начин?
Домаќинот: Со цел да те донесе до потполност. Така ќе го посакаш секое нешто во целост и да достигнеш максимално исполнување. Така ќе можеш максимално да уживаш во секоја желба и задоволството би било неограничено.
Гостинот: Па зошто не знаев да почнам со тоа? Сè што гледав околу мене беа предмети што ги посакував, без да се посомневам дека она што навистина го сакам цело време беше ти.
Домаќинот: Тоа е особено така, за ако си во ситуација во која не си ме почувствувал. Ти би дошол кај мене самиот и сам би ја создал таа внатрешна желба.
Гостинот (збунет): Но, ако можам да ја создадам таа желба во мене, каде си ти во таа слика?
Домаќинот: Јас ја создадов едноставната себична желба во тебе за да започнеш со неа, и продолжив да ја развивам со тоа што постојано те опкружував со нови предмети што даваат радост.
Гостинот: Но зошто е сето тоа?
Домаќинот: Со цел да те убедам дека задоволството кое што се обидуваш да го добиеш, никогаш нема потполно да те задоволи.
Гостинот: Можам да го сфатам тоа: во моментот кога го добивам она што го сакам, задоволството во истиот момент исчезнува, и повторно копнеам по нешто, или поголемо или многу различно. Така, јас сум во постојан лов на задоволство, но, никогаш не го достигнувам; во моментот кога го добивам, тоа исчезнува.
Домаќинот: Еве точно зошто треба да го развиеш твоето чувство за себе и да станеш свесен за безвредноста на овој начин на постоење.
Гостинот: Но, ако ја развиеше сликата на нештата како што навистина се, јас би го разбрал значењето и целта на сè што се случуваше!
Домаќинот: Оваа слика ќе се покаже само откако целосно ќе бидеш убеден за бесцелноста на твоето себично постоење, и ќе станеш свесен дека потребен е нов начин на однесување. Треба да ги познаваш твоите корени и значењето на твојот живот.
Гостинот: Но, тој процес трае илјадници години. Кога завршува?
Домаќинот: Ништо не е создадено залудно. Сè што постои е таму за една цел –откривање на битијата, различни начини на постоење. Овој процес е бавен бидејќи секоја мала желба треба да се појави и да се препознае како безвредна во својата првична форма.
Гостинот: Има ли многу такви желби?
Домаќинот: А супер, и во иднина ќе добиваш во директен сооднос со задоволство. Но, задоволството од добивањето на храна не се менува. Не можеш да изедеш повеќе од еден ручек во денот. Капацитетот на твојот стомак нема да се промени. Затоа не се менува количеството што доаѓа од мене, а го добиваш ти.Но, кога вечераш на мојата трпеза со цел мене да ми угодиш, самата помисла создава во тебе нова желба да јадеш и ново задоволство, различно од задоволството за храната. Тоа задоволство е измерено во големина и моќ, или во количество и квалитет, според количеството на задоволство што го добиваш со тоа што јадеш на мојата трпезата, со цел да ми угодиш.
Гостинот: Значи како можам да ја зголемам мојата желба да добијам задоволство за твое добро?
Домаќинот: Тоа зависи од твојата благодарност и почитување кон мене. Тоа зависи од тоа за колку голем ме сметаш.
Гостинот: Значи како можам да ја зголемам мојата благодарност кон тебе?
Домаќинот: Затоа едноставно треба да знаеш повеќе за мене - да ме видиш во секоја активност што ја правам, да набљудуваш и да бидеш убеден колку голем навистина сум, и да бидеш убеден дека сум семоќен, милостив и љубезен.
Гостинот: Тогаш покажи се себе си!
Домаќинот: Ако твоето барање произлегува од желбата да ми даруваш, јас ќе се отворам пред тебе. Но, ако тоа произлегува од желбата да се задоволиш со тоа што ќе ме видиш, јас не само што ќе се воздржам да се откријам себеси пред тебе, туку уште повеќе ќе се сокријам.
Гостинот: Зошто? Зарем не е исто за тебе без оглед на кој начин јас примам од тебе? После сè, сакаш да уживам. Зошто се криеш од мене?
Домаќинот: Ако се откријам целосно, ќе добиеш толку многу задоволство од вечноста, семоќност и целовитост од мене, така што не ќе можеш да го прифатиш задоволството за мое добро. Таа мисла дури и нема да ти падне на памет, и дури подоцна ќе се почувствуваш засрамен повторно. Покрај тоа, бидејќи задоволството ќе биде вечно, како што веќе видовме претходно, ќе го елиминира она што го сакаш, и повторно ќе бидеш оставен и исцрпен од желба.
Гостинот (конечно сфаќа): Значи тоа е причината што ја криеш од мене, со цел да ми помогнеш!И си помислив дека тоа е затоа што не сакаше јас да знам.
Домаќинот: Мојата најголема желба е да ме видиш и да бидеш покрај мене. Но, што можам да направам ако тогаш не можеш да го почувствуваш задоволството? Не ли би било тоа исто како умирање?
Гостинот: Но, ако јас не сум свесен за тебе, тогаш како можам да направам некаков напредок? Сето тоа зависи од тоа колку ти самиот се покажуваш пред мене.
Домаќинот: Навистина, само со тоа што го чувствуваш моето присуство, во тебе се создава способноста да растеш и да го добиваш. Без тоа чувство, само проголтуваш сè, и веднаш започуваш да не чувствуваш никакво задоволство. Затоа, кога ќе се појавам пред тебе, чувствуваш срам, чувство на некој што дава, и желба да ги добиеш истите атрибути како и оној што дава.
Гостинот: Значи, покажи се пред мене,што е можно поскоро.
Домаќинот: Ќе го направам тоа во таа мера што ти ќе имаш корист од тоа, иако јас постојано би сакал да се покажам себе си пред тебе. После сè, се кријам себе си со цел да создадам услови за ти да имаш слободна волја. На овој начин, можеш да бидеш слободен да дејствуваш и да избереш како да размислуваш независно од моето присуство. Нема да има притисок од страна на домаќинот.
Гостинот: Па, како ми се прикажуваш ти мене?
Домаќинот: Тоа го правам бавно и постепено. Секој степен на отворање се нарекува „Свет", од најскриениот степен, до најоткриениот.
Крај
Оттука следува дека нашата главна цел е да се воздигне важноста на Создателот во нашите сопствени очи, односно да се здобиеме со верба во Неговата големина и сила. Мора да го направиме тоа, бидејќи тоа е нашиот единствен можен начин на бегство од затворот на личен егоизам и влез во повисоките светови.
Како што споменавме порано, ние можеме да го доживееме огромна потешкотија кога ќе одлучиме да го следиме патот на верата, и да се откажеме од сите грижи кои ги имаме за себе. Тогаш се чувствуваме изолирани од целиот свет, затворени во ништожност, без поддршка од здрав разум, ум, или претходно искуство кои би не поддржале.
Тоа е исто како да сме ја напуштиле нашите сопствена животна средина, семејството и пријателите, со цел да се обединиме со Создателот. Овие чувства се јавуваат кога ни недостасува верба во Создателот, кога не можеме да го почувствуваме, ниту Неговото присуство, ниту неговото владеење над сите битија. Во овие моменти, може да почувствуваме отсуство на предметот на вербата.
Меѓутоа, штом еднаш ќе почнеме да го чувствуваме присуството на Создателот, подготвени сме да се предадеме целосно на Неговата моќ и слепо да го следиме Создателот, секогаш подготвени да се откажеме самите од себе пред Него, да го минимизираме нашата сопствена интелигенција, речиси инстинктивно. Ова е причината заради која најважниот проблем со кој се соочуваме е како да го согледаме присуството на Создателот.
Затоа, секогаш кога ќе се појават такви сомнежи, вреди да ја посветиме целата наша енергија и мисли за доброто на Создателот. Мора веднаш се стремиме да се приврземе кон Создателот со секое влакно од нашето битие. Тоа чувство за Создателот се нарекува "верба."
Процесот може да биде забрзан доколку ова го поставиме како важна цел. Колку повеќе е важно ова за нас, толку побрзо ќе можеме да ја постигнеме верата; односно, нашата свесност за Создателот.
Освен тоа, колку повеќе важност му придаваме на восприемањето на Создателот, толку посилна ќе биде перцепцијата, сè додека таа не стане дел од нашето битие. Среќа (мазал на хебрејски) е посебен начин на Провидение на кое што ние не можеме на никаков начин да влијаеме. Но, Одозгора е диктирано дека ние, како поединци, сме одговорни за обидот да ја промениме нашата сопствена природа. Потоа, Создателот, ќе ги оцени нашите напори во оваа насока, и на крајот Тој ќе ја смени нашата природа, и ќе нè воздигне над нашиот свет.
Затоа, пред да направиме какви било напори, треба да сфатиме дека не можеме да очекуваме од Вишите Сили, среќа, или некоја друга посебна постапка Одозгора да настапува во наше име. Наместо тоа, мора да започнеме целосно да признаваме дека ако самите не преземеме акција, нема да го достигнеме она што го посакуваме.
Меѓутоа, штом еднаш ќе ја завршиме задачата, или се вклучиме во студијата, или правиме какви било други напори, ќе треба да дојдеме до следниот заклучок: Сето она што сме го постигнале како резултат на нашите напори, секако би се случило, дури и без вложување никакви напори, бидејќи резултатот е предодреден од страна на Создателот. Значи, ако копнееме да го разбереме вистинското Провидение, мора рано да се обидеме со секое залагање, за да ги изедначиме овие спротивности во нас.
На пример, наутро треба да започнеме со нашата дневна рутина на проучување и работа, оставајќи ги сите мисли зад божественото владеење на Создателот над светот и над неговите жители. Секој од нас мора да работи како крајниот резултат да зависи само од нас.
Но, на крајот на денот во никој случај не смееме да си дозволиме да замислиме дека сме го достигнале како резултат на нашите сопствени напори. Мора да сфатиме дека дури и ако останеме во кревет цел ден, сепак би го достигнале истиот резултат, бидејќи резултатот е претходно предодреден од страна на Создателот.
Затоа, оној кој сака да живее живот на вистината, мора од една страна, да ги почитува законите на општеството и на природата исто како и секој друг, но, од друга страна, исто така, мора да верува во апсолутната власт на Создателот над светот. Сите наши дела можат да бидат поделени на добри, неутрални или лоши дела. Нашата задача е да ги воздигнеме на нашите неутрални дела на ниво на добрите.
Можеме да го постигнеме ова ако сме свесни дека дури додека ги извршуваме делата, на крајот, ќе владее волјата на Создателот. На пример, кога сме болни, додека сме свесни дека излекувањето е целосно во рацете на Создателот, ние треба да ги земаме лековите пропишани од лекарот, и да веруваме дека вештината на лекарот ќе ни помогне да ја надмине таа состојба. Но, по земањето на лековите во строга согласност со насоките на лекарот, ние закрепнуваме, и мора да веруваме дека ќе закрепневме во секој случај, бидејќи тоа било во планот на Создателот.
Затоа, наместо да му се заблагодариме на лекарот, ние мора да му се заблагодариме на Создателот. На овој начин, претвораме едно неутрално дело во духовно дело, и со повторување на оваа постапка во однос на сите наши неутрални постапки , можеме постепено "да ги направиме духовни" сите наши мисли.
Примерите и објаснувањата дадени погоре се важни бидејќи тие можат да станат сериозни пречки кои можат да го попречат нашето духовно издигнување. Проблемот понекогаш се влошува, бидејќи мислиме дека ние ги разбираме принципите на Божественото владеење. Ние лажно ќе ја концентрираме нашата енергија кон зајакнување на нашата верба во сеприсутноста на Создателот, наместо да работиме напорно на самите себе.
Често, со цел да ја прикажеме нашата верба во Создателот, или едноставно од мрзеливост, ние претпоставуваме дека не треба да работиме на себе, бидејќи сè е во моќта на Создателот. Или, можеме да ги затвориме очите и да се потпреме слепо само на вербата, во исто време избегнувајќи ги виталните прашања за вистинската верба.
Сепак, ако го избегнуваме одговарањето на овие прашања, ние самите си ја одземаме можноста за духовен напредок. Нашиот свет вели, "Треба да го заработиш својот леб со своја пот." Сепак, штом еднаш ќе заработиме нешто, тешко ни е да признаеме дека тој резултат не е резултат на нашата напорна работа или способности, туку дека тоа е резултат на работата на Создателот.
Ние мора да се бориме со своја пот за да ја зајакнеме нашата верба во апсолутна власт на Создателот. Но, со цел да растеме и искусуваме нови духовни сензации, ние мора да направиме напор да ја разбереме и прифатиме контрадикторната природа на Божественото владеење (кое заради нашето слепило, се појавува само контрадикторно).
Само тогаш ќе знаеме што точно се бара од нас, и можеме да пораснеме, да доживееме нови духовни чувства