Слушнав на крајот од Сабота, неделно поглавје Масаеј (7-ми август 1948 г.), во Тел-Авив
Зохар е напишан во стилот на учебникот „Мусар“ но не затоа што тоа било потребно за претставување на неговите тајни. Тајните можело да се претстават и во поинаква форма, меѓутоа направиле така за да му биде јасно на читателот дека најважното не е мудроста и знаењето на Тора, туку Оној кој ја дал Тора. И дека основно за што се дадени Тора и заповедите е соединувањето со Оној кој ја дал Тора.
Бидејќи формата на „Мусар“ зборува повеќе за ова, па затоа и материјалот на Зохар бил поставен во таков стил. А тоа што понекогаш во него се среќава и форма на разумот е да не се греши и да се тврди дека таму нема ништо повеќе од наравоученија (мусар) и дека не е сокриена поинаква смисла, мудрост, разум во Зохар. Затоа Зохар е пишуван во два стила, две форми и едниот посочува на другиот.