Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

11. Радост со треперење

                              Слушнав во 1948 г.

Радост е појавата на љубов која е суштината на битието. Тоа е слично на човек кој гради куќа и не прави никакви празнини на ѕидовите од куќата. Значи, тој нема никаква можност да влезе во неа бидејќи нема празнина во ѕидовите низ која би можел да влезе. Заради тоа е потребно да направи празнини низ кои човекот би можел да влезе во куќата.

Затоа таму каде што има љубов потребна е исто така, грижа за стравот, бидејќи стравот е таа празнина. Значи, тој треба во себе да го буди стравот - дали ќе може да добие намера за давање? Само кога се заедно љубовта и стравот – тогаш постои совршенство, инаку едното сака да го задуши другото. Затоа е потребно тие двете да бидат заедно истовремено – во тоа е смислата на потребата од љубовта и трепетот. Љубовта се нарекува живот, додека стравот се нарекува недостаток и празен простор. Само кога се заедно тие претставуваат совршенство. Тоа се нарекува „со две нозе“, затоа што само кога има две нозе, човекот може да оди.

Следна статија бр.12 „Сржта на работата“

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели