ТЕС – Изучување на Десетте Сефирот – Капител 1, Дел 1
Табела на прашања и одговори за темите
55. Кои поими се отсутни во мудроста кабала?
55. Во целата мудрост не постои ниту еден збор кој се однесува на нешто опипливо или замислено, како простор, време, движење и.т.н. Исто така, во духовноста не постои отсуство ниту во секоја промена на форма, тоа не значи дека првата форма станала отсутна. Наместо тоа, првата форма останува на своето место, воопшто непроменета, но се додава разликата на формата, (Шинуи Цура) која била добиена и додадена на правата Цура.
(Почетокот на Ор Пними (Еднставна Светлина).
56. Кој е обичниот јазик во мудроста кабала?
56. Тоа е „јазикот на гранките“ кој укажува на нивните Виши Корени. Тоа е затоа што „нема дури ниту една тревка долу, која нема корен во Вишото.“ Затоа, мудреците на кабала составиле јазик кој е во можност да укаже преку гранките за Вишите Корени.
Ор Пними (Едноставна Светлина), стр.1 и почетокот на Хистаклут Пнимит, точка1)
57. Што одделува и не се поднесува во мудроста кабала?
57. Разликите во својствата, (Шинуи Цура), е таа кое што го одделува и дели духовното едно од друго.
(Ор Пними , точка 30)
58. Кое е потеклото на „желбата за примање“ ?
58. Желбата за давање, која постои во Ор Елјон (Виша Светлина), го прави неопходно постоењето на желбата за примање во суштествата, Не’ецал.
(Хистаклут Пнимит, точка 11)
59. Што предизвикува Ор да излезе од Суштината на Создателот, Маацил, и да стане создание,(Не’ецал)?
59. Оваа обновена Ор (Светлина) заминала од Суштината на Создателот, Ацмуто, Маацил и станала создание, Не’ецал, заради својството на желбата за примање, која била обновена со Ор Елјон (Виша Светлина), бидејќи сака да дава.
(Хистаклут Пнимит, точка 11 и точка 15)
60. Која е првата супстанца на секое суштество, Не’ецал?
60. Новата форма, Цура, која произлегла од отсуство, што значи „желбата за примање“ која е нејзината суштина, ја претставува „првата супстанца“ на секое суштество, Не’ецал, и на секоја суштина. Но, сè што постои во Не’ецал или во суштината која е повеќе од таа супстанца, се смета за Ор и Шефа кои се протегаат од Ор Елјон (Виша Светлина), „постоење од постоење“ а воопшто не како Не’ецал, суштество. Не изненадува дека Цура станува супстанца, бидејќи тоа е така и во телесноста. Нашето спроведување е да ја сметаме првата Цура на суштината како прва супстанца. Ова е така, затоа што нема достигнување во било која работа во целата реалност, бидејќи нашите сетила воспримаат само случувања во материјата, кои се форми на манифестирање во првата субстанца.
(Хистаклут Пнимит, точка 35)
61. Од кога се смета за Не’ецал?
61. Суштината престанува да биде Маацил и станува Не’ецал на почетокот на формирањето на желбата за примање во Не’ецал, наречно првиот стадиум - Бехина Алеф во Рацон.
( Ор Пними , дел 1, поглавје 2, точка 3)
62. Дали духовноста изгубила нешто затоа што прифатила разлика во особините, (Шинуи Цура) заради која се одделил дел и станал друг стадиум, Бехина?
62. Во духовноста не постои отсуство и загуба. Делот кој се одделил заради Шинуи Цура не ја намалил Ор Елјон (Вишата Светлина); тоа е како палење на една свеќа од друга; првата воопшто не се намалила. Така, секоја Шинуи Цура претставува додаток на првата.
(Хистаклут Пнимит, дел 2, во однос на Хиткалелут на Есер Сефирот во секоја Сефира)
63. Како и во кого постојат многу форми и промени во Оламот (Световите)?
63. Сите промени и множења се формираат само од движењето на Ор (Светлината) во Келим (садовите) кои ја примаат. Но, Ор Елјон (Вишата Светлина) самата по себе останува во целосен мир, што значи без промени и без движење, Хидуш.
(Ор Пними, Дел 1, поглавје 2, точка 1)
64. Како се осликуваат движењето и новитетите во Ор (Светлината)?
64. Во Ор Елјон (Вишата Светлина) не постои движење, Хидуш. Наместо тоа, делот кој го прима Не’ецал од Ор Елјон, е оној кој е „новитет“ и се множи (како палење на свеќа една од друга, без првата да се намали), во зависност од движењето, Хидуш, на формата на Келим (садовите). Секој прима во зависност од степенот на неговата желба, која се менува од еден во друг, и се спушата надоле од еден кон друг, постојано и немерливо.
(Ор Пними (Едноставна Светлина), дел 1, поглавје 2, точка 1)
65. Како во Неговото Едноставно Единство се содржат сите спротивности и мноштво на форми кои се протегаат од Него кон Оламот (Световите)?
65. Види Хистаклут Пнимит точка 18 и точка 29.
66. Со чија помош и со што Кав Нимшах е од Ајн Соф (Светот на Бесконечноста)?
66. Масах (екран) претставува воздржувачка сила која била ставена на 4-тиот стадиум, - Бехина Далет после Цимцум (ограничување) за да ја спречи од примање во утробата. Тоа го предизвикало појавувањето на заракот, Кав од Ајн Соф (Светот на Бесконечноста), бидејќи Ор Елјон, никогаш не претставува објект на промена, и после Цимцум (ограничување) свети исто како и пред Цимцум. Но, сега Масах (екранот) предизвикал Ор Елјон, да биде примена само во трите стадиуми, Бехинот, на желбата, чија мерка е многу мала во споредба со примањето во Бехина Далет во Ајн Соф. Заради таа причина тој прима само мал зрак, Кав, од Ор, во споредба со мерката на Ор Ајн Соф.
(Ор Пними, дел 1, поглавје 2, точка1)
67. Дали се променило нешто во Ајн Соф, после Цимцум?
67. Иако 4-тиот стадиум, Бехина Далет во Ајн Соф се ограничил себеси, сепак таму не постои прашањето на ставање разлика или тргнување на нешто и негово отсуство, како што е во телесноста. Наместо тоа, новата разлика се додава на првата, без првата разлика, Цура, воопшто да се промени, бидејќи не постои отсуство во сето она што е духовно. Така, целото движење, Хидуш, од одделувањето на Светлина, и силата за воздржување која била во Бехина Далет избегнувале примање на Светлина во нејзе и тоа се смета како нов одделен свет, Олам. Тој е додаден на Ор Ајн Соф, која останала каква што била, без никаква промена. Со ова се разбира секоје движење на формата, Хидуш Цура во духовноста.
(Ор Пними, дел 1, погјавле 2, точка 1)
68. Кога бил откриен копнежот, Авјут, во 4-тиот стадиум, Бехина Далет?
68. Кога Кав од Ајн Соф,бил одбиен во Бехина Далет, од страна на Масах (екранот). Бидејќи тој стадиум останала без Ор, па тогаш, копнежот, Авјут, бил очигледен.
(Ор Пними, дел 1 поглавје 2, точка 3)
69. Што преставуваат четирите стадиуми, Бехинот во желбата за примање?
69. Прво Ор од Маацил се протегнала како Ор Хохма, која е општата супстанца, која му припаѓа на тој Не’ецал. Во него постои првиот стадиум, Бехина Алеф, во желбата за примање, наречен прво распространување, Хитпаштут Алеф, или прв стадиум, Бехина Алеф. После тоа желбата за давање се зголемила во Ор, која за возврат на тоа влече Светлината на Милоста, Ор Хасадим од Маацил. Ова се нарекува прво засилување, Хитгабрут Алеф, или втор стадиум, Бехина Бет. Потоа Ор Хасадим изведува големо распространување, ширење, Хитпаштут, имено Хе’арат Хохма. Тоа се нарекува второ ширење, Хитпаштут Бет или 3-ти стадиум, Бехина Гимел. После тоа желбата за примање, која е вклучена во Ор од страна на првото ширење, Хитпаштут Алеф, се засилува и ја завршува мерката на желбата за примање. Тоа се нарекува второ засилување, Хитгабрут Бет или 4-ти стадиум, Бехина Далет.
(Ор Пними, дел 1, поглавје 1, точка 50)
70. Што претставуваат четирите букви, Отиот, од ХаВаЈаХ?
70. Јуд во ХаВаЈаХ претставува првото ширење на Светлината, Хитпаштут Ор, неречен прв стадиум, Бехина Алеф (види точка 69). Првата Хеј од ХаВаЈаХ претставува првото засилување на Светлината, Хитгабрут Ор, наречен втор стадиум, Бехина Бет. Вав го претставува второто ширење на Светлината, Хитпаштут Ор, наречена трет стадиум, Бехина Гимел, и последната Хеј од ХаВаЈаХ, го претставува второто засилување на Светлината, Хитгабрут на Ор, наречен 4-ти, Бехина Далет.
(Хистаклут Пнимит, точка 31)
71. Што претставува Вишата Рош (глава) на линијата, Кав, која го допира Ајн Соф?
71. Види точка 49.
72. Која е Едната Мисла која ги содржи сите форми и спротивности во целата реалност?
72. Тоа е Мислата „да ги насладува Неговите суштества.“
(Хистаклут Пнимит, точка 22)
73. Што изучуваат мудреци на кабала?
73. Кабалистите зборуваат само за ширењето на Светлината, Хитпаштут де Ор, од Неговата Ацмуто (суштина), но во однос на Неговата суштина, Ацмуто, ние немаме зборови и изговарање.
(Ор Пними, дел 1, пглавје 1, точка 2)
74. Кои се двата основни принципи кои содржат сè?
74. Првиот принцип е дека целата реалност пред нас веќе постои во својата крајна совршеност во Ајн Соф. Тоа се нарекува Ор Ајн Соф. Вториот принцип се петте светови, Оламот, наречени Адам Кадмон, Ацилут, Брија, Јацира и Асија, кои висат надолу од Малхут на Ајн Соф после Цимцум. Сето што постои во вториот принцип се протега од првиот принцип.
(Ор Пними, дел1, поглавје 1, точка 3 и Хистаклут Пнимит , точка 5)
75. Кое е значењето на „Тој е Едно и Неговото Име е Едно?“
75. „Тој“ укажува на Ор, во Ајн Соф. „Неговото Име“ укажува на желбата за примање во Ајн Соф, наречена Малхут од Ајн Соф. „Едно“ укажува дека не постои Шинуи Цура помеѓу Ор, која е „Тој“ и Кли, кое е „Неговото Име.“ Туку сите тие се Ор.
(Ор Пними, дел 1, поглавје 1, точка 30 и Хитаклут Пнимит, точка 13)
76. Што претставува името „Ајн Соф“?
76. Пред Цимцум, името Ајн Соф укажува дека таму нема Соф или Сијум, (крај или ограничувања), бидејќи и Бехина Далет прима Ор. Така, во тоа место не постои причина да се запре Ор и да се оформи Соф или Сијум.
(Ор Пними (проста светлина), дел1, поглавје 1, точак 20)
77. Што се протега од желбата за примање, а се содржи во Ајн Соф?
77. Создавањето на Световите, Оламот, и целата нивната содржина. Тоа се ограничило себеси во Бехина Далет со цел да ги открие Оламот, сè до долниот свет, Олам ха Зе, каде што е возможно да се промени особината за примање, во особина за давање.
78. Која е причината за настанувањето на Цимцум во Ор?
78. Малхут од Ајн Соф го сметал поистоветувањето на особините со Создателот за разубавување, кое може да се достигне само со создавање на световите, Оламот. Затоа таа се ограничила себеси.
( Ор Пними, дел 1, поглавје 1, точка 40 и дел 1, поглавје 1, точка 90)
79. Кој вид на примање се смета за давање?
79. Примање само за да Му се даде задоволство на Создателот.
(Ор Пними, дел 1, поглавје 1, точка 90)
80 .Која е целта на Цимцум?
80. Да ја промени формата на примање во форма на давање.
(Ор Пними, дел 1, поглавје 1, точка 90)
81. Зошто Ор заминала од средната точка и никогаш не се вратила?
81. Види Ор Пними, дел 1, поглавје 1 точка 40 и Хистаклут Пнимит точка 22.
82. Зошто Цимцум создало Соф?
82. Цимцум не било создадено заради разликата во форма, која се појавила во желбата за примање, која сакал да ја поправи. Тоа била заради разубавувањето, без неопходност и присила.
83. Зошто за време на Цимцум, Светлината се оделила од сите стадиуми, Бехинот?
83. Бидејќи во духовното не постои делумно.
(Ор Пними, дел 1, поглавје 1, точка 70)
84. Зошто четирите Бехинот за време на Цимцум и пред појавувањето на Кав не се сметаат за четири степени наредени еден под друг?
84. До зракот од Кав, Бехина Далет не се сметал себеси за груб и низок (види точка 83). Заради таа причина нема прашање за влијанието која таа го има врз степените.
(Ор Пними, дел1, поглавје 1, точка 90)
85. Зошто Бехинот Далет, при Цимцум, не добила Авјут, туку сите 4 стадими, Бехинот, останале исти ?
85. Затоа што Цимцум не произлегло поради разликите во својствата.
86. Кој стадиум, Бехина останал празен, без Ор?
86. Само Бехина Далет.
(Ор Пними, дела 1, поглавје 2, точка 3)
87. Кога Бехина Далет ќе биде исполнет со Ор?
87. Кога садовите за примање ќе се здобијат со својства за давање.
(Ор Пними, дел 1, поглавје 1, точка 40)
88. Што го предизвикува создавањето на Оламот ?
88. Желбата, која е неопходно таму, има копнеж да се оформи себеси и целосно да наликува на својствата на Ор, претставува „причина“ за создавањето на Оламот.
(Ор Пними, дел 1 , поглавје 1, точка 90)
89. Која е посакуваната цел на Тора и добрите дела?
89. Да направи садовите за примање да работата со цел да даваат.
(Хистаклут Пнимит, точка22)
90. Која е моќата од откровението на Светите Имиња?
90. Нивната моќ е во тоа што ја поправаат својствата за примање во давање.
( Ор Пними, дел 1, поглавје 1, точка 90)
91. Како се откриваат Светите имиња?
91. Со работа во Тора и добри дела.
(Ор Пними, дел 1, поглавје 1, точка 40)
92. Што претставува Гмар Тиккун (крајот на поправката)?
92. Претворањето на својтвото за примање во својство за давање.
(Ор Пними, дел 1, поглавје 1, точка 40)
93. Кој е коренот, Шореш, на секоја нечистотија?
93. Разликата на својството, на желбата за примање, која ги одделува од Создателот.
(Хистаклут Пнимит, точка 18)
94. Зошто е возможно да се поправи Кли за примање, во Кли за давање, само во овој свет а не во Вишите Светови?
94. Нечистотија и поправка во ист носител постои само во овој свет.
(Хистаклут Пнимит, точка 20)
95. Што претставуваат двата Бехинот на Ор?
95. Ор Хохма и Ор Хасадим.
(Ор Пними, дел 1, поглавје 1, точка 50)
96. Што содржи Хитпаштут на Ор од суштината на Создателот?
97. Желбата за давање и желбата за примање.
(Ор Пними, дел 1, поглавје 1, точка 50)
97. Која Ор се појавила со засилување на желбата за примање?
Ор Хасадим.
(Ор Пними, дел 1, поглавје 1, точка 50)
98. Кои две Светлини се содржат во секое суштество?
98. Ор Хохма и Ор Хасадим.
( Ор Пними, дел 1, поглавје 1, точка 50)
99. Зошто Ор Хасадим е повисока во однос на Ор Хохма?
99. Затоа што таа се протега со засилувањето на желбата од суштеството.
(Ор Пними, дел 1, поглавје 1, точка 50)
100. Кога е завршен Кли за примање?
100. Кога се појавува Бехина Далет, на желбата, кој претставува голема желба за примање.
(Ор Пними, дел 1, поглавје 1, точка 50)
101. Која е разликата помеѓу некој кој прима во себе, и некој кој не прима, како во Ајн Соф?
101. Тој кој прима внатре во себе може да држи само ограничена количина на Ор, заради ограничениот Кли (сад). Кога прима без, Кли не ја ограничува Ор,која ја држи и тогаш е без Кицба.
(Ор Пними, дел1, поглавје 1, точка 50)
102. Што претставуваат Сефирот де Игулим?
10. Кога нема разлика помеѓу горе и доле во однос на четирите Бехинот на желбата, тие се сметаат за четири Игулим (кругови) еден во друг, како лушпи на кромид.
(Ор Пними, дел 1, поглавје 1, точка 100)
103. Зошто степените во круговите, игулим, пред појавувањето на Кав, не се сметаат дека се еден под друг?
103. Затоа што Цимцум не е направено заради инфериорноста на разликата во осбините.
(Ор Пними, дел 1, поглавје 1, точка100)
104. Дали според природата на создавањето постои зло во желбата за примање?
104. Во природата на создавањето нема посакување, и не би се ни појавило да не било ограничувањето.
(Хистаклут Пнимит, точка 19)
105. Што означува „индиректна Хамшаха“ од Маацил?
Види Хистаклут Пнимит, точка 19.