Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Потребата за љубовта на пријателите (2)

1984  3ти есеј

1. Зошто ги избрав овие пријатели поточно?
2. Зошто овие пријатели ме избраа мене?
3. Зар не е неопходно за секого да ја открие својата љубов за неговите соработници или е доволно дека тој го чувствува тоа во своето срце, сакајќи ги неговите другари приватно и не откривајќи ги скриените случувања на неговото срце. Скромноста е добро познато дека е голема доблест.

Можеби ние би требало да го кажеме спротивното, дека тој мора да ја открие љубовта кон неговите пријатели, на нив, поради причина што ова откривање ќе разбуди во неговиот пријател исто така љубов кон другите колеги од друштвото. Тој ќе стане свесен за братската љубов , што ја обвива целата група. Ова резултира со понатамошно зголемување на љубовта внатре во групата поради вклучувањето на целата динамика на групата ,љубов во секој поединец. Наместо да биде ограничен само на сопствената моќ, ако тој има, да кажеме, десет пријатели, тој ќе има десет моќи вклучени во него, од кои сите ќе придонесуваат за задоволување на потребата за љубов на пријателите.

Од друга страна, ако љубовта на пријателите се остави затаена, тогаш таа единка ќе има недостаток од моќта на групата. Ќе биде многу тешко да се суди на неговите пријатели за нивните доблести. Секој од нив ќе мисли за себеси дека тој е праведниот; дека тој е единствениот преокупиран со љубов на неговиот другар.

Токму затоа тој ќе има само мала моќ да работи во љубов за неговите пријатели. Зошто, љубовта на пријателите мора да биде во откриена форма, не притаена во срцето на секого.
Но човек мора постојано да се подсетува себеси за целта на групата. Во спротивно физичкото тело ќе ги помеша предметите и целите. Телото има свој сопствен распоред, негов сопствен интерес. Мора да биде запаметено дека групата постои да се дојде до љубовта кон другарот, што е одскочна даска до љубовта на Создателот.

Сите овие поволности, како и да е, се случуваат само кога мотивите на личноста да биде дел од групата се тие дека ќе има некој да има корист без тој да има нешто од било каков вид. Меѓутоа ако неговите мотиви за учество во групата се да ги добие сите видови на помош, поклони или услуги, тогаш физичкото тело ќе се радува, зошто било кое такво здружување ќе биде основано на само-љубовта, што ги стимулира сетилата на алчност и похотност. Телото ќе ги види своите шанси за зголемување на голем профит. Тоа ќе ја види помошта од пријателите како можност за материјално собирање.

Мора да биде запаметено дека ова здружување е основано за љубовта кон другиот. Секој поединец мора да ја прифати кон себеси љубовта кон другите, и омразата на себичноста. Кога секој ќе го види неговиот пријател како настојува да ја надвладее себичноста, и да ја зголеми љубовта кон неговите другари, тој ќе биде вклучен во намерите на пријателите. Ако групата има, да кажеме, десет членови, тогаш секој ќе има десет моќи со кои ќе го надвледаее егоизмот и неговите пропратни омрази. Во спротивно, не само што секој ќе биде оставен само со неговата сопствена моќ со што љубовта кон неговите другари, ( тој не ги заблежува нив како даваат љубов, зошто сите тие ја прикриваат нивната љубов) туку баш напротив, другите членови на здружението ќе го предизвикаат него да ја изгуби дури својата сопствена моќ да дава братска љубов. Тој ќе научи од нивното прикривање на љубовта да ја прикрива љубовта и ќе падне во себе-љубење.

4. Дали секој треба да знае што му недостасува на неговиот пријател со цел да го исполни тој недостаток или е доволно да се работи генерално кон братската љубов?

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели