Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Писмо 8, 1922 г. стр. 19

На драгиот пријател... Нека биде Создателот со него.

Сега треба само да се подготвам за тоа кога ќе ја изгубиш силата во своите трудови, во трудовите на чистото писмо за да ме пресретнеш, како некогаш, со своите знаења, бидејќи тогаш би се додале неколку клупи во нашиот клас. Јас те прекорував во претходното мое писмо од први од месецот Нисан. Во Мидраш Раба, во поглавјето Итро е речено: „Рече р. Ирмија: дали кога Тој му дарува живот на светот се потресла земјата? Кога ќе дојде Тој да им наплати на грешниците кои ги прекршиле зборовите на Тора, а уште повеќе бидејќи е речено: пред гневот Негов, кој ќе издржи и кој ќе го спречи денот на Неговото доаѓање? Кога Тој е посакуван, ниедно битие нема да застане пред силата Негова. Кога Тој ќе исправи во гнев, кој ќе застане пред Него, а за жалење ќе биде оној кој нема да се исплаши од Тебе, Цару на народите“. Иако смислата на зборовите на р. Ирмија е разбирлива самата по себе, истовремено со тоа, како и со Тора, и цело време додека тие допираат до тебе, ти во нив наоѓаш смисла (вкус). Еве, ќе ти објаснам. Гледаш дека во химната е речено: „А Ти си најстрашен од најстрашните, најгорд од најгордите, пра-причина за сè и сите ги исполнуваш“.

Објаснување. Гледаме ужаси и стравови и болка која е пострашна од смртта итн. Меѓутоа кој е тоа што го причинува сето ова? Такво е името Негово „најстрашен од најстрашните“, кој е далеку од нив! Исто така гледаме од памтивек до денес како луѓето си го трујат животот со секакви страдања и измачувања, а сето тоа го прават само за да пронајдат каква било смисла во служењето на Создателот или пак, да Го спознаат владетелот на светот! Сите си го растуриле (изгубиле) својот живот напразно и заминале од овој свет како и што дошле, без да се здобијат со никаква корист, па тогаш зошто Создателот не одговорил на нивните молитви? А какво е Неговото име? „Најгорделив од најгорделивите“, такво е името Негово (погледни ја мојата стихотворба, додадена кон ова писмо, која прашува за кого е посеано полето, бидејќи јас давам точен одговор). Но, „оние кои ги примаат стравовите“ и „оние кои ја достигнуваат таа далечна гордост“, безусловно знаат дека Создателот е оддалечен од нив, иако не знаат зошто е оддалечен.

А што раскажуваат поетите за ова? Тие велат дека постои достојна цел за сè што се случува во светот, која е наречена „капки на единство“. На жителите на тие земски домови, кога поминуваат низ сите тие ужаси и преку апсолутноста на гордоста, оддалечена од нив, им се отвора некаков влез во ѕидовите на нивните срца „кој воопшто не се чувствува“ според самата природа на битието и тие стануваат достојни, благодарение на пуштањето на „капките на единството“ во нивните срца. Тие ќе се претворат како отпечаток и јасно ќе видат дека „тоа е обратно“, токму преку ужасите и стравовите ќе дојдат до достигнување на Апсолутот, оддалечен во далечната гордост. Таму и само таму е соединувањето со самиот Создател и таму Тој може да им пушти „капка на единство“. Тој така им го направил сето тоа за да знае оној кој дошол до единство дека „нашол искупување“ и влез, отворен за доаѓањето на Создателот. Ова е тоа, за што е речено во стиховите: „Причината за сè и ги исполнува сите“, бидејќи во моментот на достигнување се чувствува добрината која се открива и застанува веднаш врз сите спротивности. И ова е „најстрашен од најстрашните, најгорд од најгордите“, како што е речено погоре и тој автоматски „исполнува сè“, бидејќи поетот знаел дека „Тој ги исполнува“ совршено слободно. Сè уште не била достигната користа од единството со Создателот, за која во моментот на совршенство, би се рекло, дека страдањата кои ги поминале имаат некакво значење со споредба во вкусот и пријатноста на Светлината од соединувањето со Создателот. Сите негови органи и жили ќе речат и ќе посведочат дека секој кој живее на светот, би си ги сечел рацете и нозете по седум пати во денот за да достигне само еден момент во целиот живот, кој има таков вкус, кој го почувствувале тие.

И тоа е Тора на лепрозниот во денот на неговото прочистување / И доведен е тој кај свештеникот со својата голема вина. И ова е суд на секое добро дело. / Така ќе Го сретнеш Создателот во задолжената земја. На секој кој поминува ќе му биде / познато како ќе живеат таму. И каков е говорот негов во тоа време / За време на патувањето меѓу еленските рогови. Таму има уво за многу пријатни зборови / Кои течат во реките од афарсимон по сртовите. И гледаат дека она што го слушнале е пријатно само по нивната вина / И смрдеата ги одделува од нив како исток од запад. И се смее над нив, бидејќи им ја познава душата отсекогаш / И воопшто нема да се ограничи искупувањето во очите нивни. Кога ќе се даде себеси за нивното искупување / И туѓ ќе биде гласот на зборовите прекрасни. И ова е рака за секоја чиста невеста / За неа ќе се држи Тој, за да и ја открие Светлината. Да создаде и да ја остави (на ова прочистување) Светлината / според законот на ослободувањето и според законот на размената. И иако во очите твои нема да бидат необични сите овие работи, јас сакам да ги исполнам со нив зборовите на р. Ирмија. Во оваа негова возвишена намера, кога тој со алегорично кажува: „Дека... Кога Тој е посакуван, ниедно битие нема да застане пред силата Негова. Кога Тој ќе исправи во гнев, кој ќе застане пред Него, а за жалење ќе биде оној кој нема да се исплаши од Тебе, Цару на народите“, односно „најстрашен од најстрашните, најгорд од најгордите“, како што е речено погоре. И сето ова е за да се искажат „зборовите на живиот Бог“.

Тоа значи дека сите Виши бури биле создадени исклучиво за да може да се видат звуците кои што окото не може да ги види, а срцето за ги замисли, сè додека не дојде до тој степен, текот на дејствијата на Создателот би траел без никакво незадоволство од нивна страна, бидејќи се чувствува дека дејствието сè уште не се случило, а во таков случај целиот тој ужасен и долг тек бил посакуван и одговарал на дејствието кое треба да се случи во предвидениот рок. Ова е речено од р. Ирмија: „кога е посакуван Тој итн.“, односно целата негова намера е да ги предупреди оние кои Му служат на Создателот и тоа големо вистинско минато секогаш да биде пред нив, откако дејствието веќе одамна ќе се случи. Во таков случај има „од кого да се бара“ за славата на Создателот, која не се појавила бидејќи некој глупав човек ќе рече дека Создателот е попустлив. И ги изговара тој зборовите: „и кој ќе издржи во денот на гневот Негов, и кој ќе го спречи денот на доаѓањето Негово“. И научи добро, од високото и долгото минато се подготвил „денот на гневот Негов“ и токму тој го држи „денот на доаѓањето Негово“, исто како заедно да ги мерат на вага.

Одовде сфати ги зборовите на р. Тарфон, кој претпоставува дека мудреците рекле „овие докази се доволно“ и покажал со зборовите: „ако нејзиниот татко ја плукне во лицето, зарем таа не треба да се срами седум денови?“. Истовремено и Шхина, иако би требало и две недели. Во секој случај, тој заклучува: „таа ќе се затвори на 7 денови“, односно токму до откривањето „на дејствието и на Шхина“, а треба само: „таткото и плукнал во лицето“, односно „да го открие својот лик“ и сфати го ова. Се разликуваат две плуканици – едната во „срцето“, а втората во „разумот“, како што е речено „најстрашен од најстрашните, најгорд од најгордите“. Мудреците рекле дека „доказот кој е доволен“ за Шхина е „почетен“. Ако имаш срце во себе, со срцето свое ќе го разбереш реченото дека после седумдневното заклучување, го продолжиле патот свој, во работата за Тора, а не пред крајот на заклучувањето. Но, денес устата ми е полна со стихови, а усните со убави зборови, како „многуте бранови негови“. Малку ми е објаснувањето за вистината на Создателот, кој правел и прави и ќе прави пред очите на созданијата свои, кои ги создал и ги создава и ќе ги создава. Цврсто сум убеден дека имало и дека има на светот голем број на народ кој повикува од сите сили, а не добива одговор и како што дошле осамени, така осамени и ќе си отидат, како на почетокот свој, така и на крајот свој. Голем е бројот на оние кои се намалуваат, а нема такви кои се зголемуваат и страшен е тој срам и горчлив е тој срам.

Постои јасен закон кој гласи дека во светоста возвишуваат и не пуштаат. Но, единството на Создателот – како се извишува тоа над телата, лишени од желби, не слабее на никој начин, се издига над „повиканите на собирите, истакнатите луѓе“, дури ни тие, ако не внимаваат на себе како што треба од празното трошење на времето, може да заминат од светот, како и првите, бидејќи славата на светот е силна и не се менува, секако, пред гласините. И многу од големите згрешија овде затоа што говореле дека нивната бодрост во срцето им е загарантирана. А речено е: „Но Ер („бодар“), првенецот на Јеуда, бил недобар (истите букви) во очите на Создателот и Создателот го погубил“. Ова е според зборовите на мудрецот: „Невнимателниот во својата работа е брат на губитникот“. Затоа што е најважно да се насочи своето внимание и мислите и „сè што е во силата на твоите раце да направиш, направи го“, за да се возвиши и да се освети великото и благословеното Име на Создателот токму со умот, а не како во крикот на глупавите кои можат да зборуваат напразно без срцето на мудриот. Но, на мудриот му се дадени очи, а тој не признава никакви телесни сили и тој не е „Ер“ и не е „Онан“, затоа што „зборовите на Тора водат кон спокојство“, со силата на напрегнатото внимание единствено кон Создателот, како што е речено во Зохар: „исклучиво во мислите сè се разјаснува“, а овде воопшто нема ни крик, ни мачења, ни некаква болест, ниту пак некаква пречка. „Бидејќи патиштата нејзини се пријатни патишта и сите нејзини патеки се светот“. „А ненаситникот се лути“, а „оној, кој се лути е сличен на идолопоклониците“ и неговата душа го напушта. Меѓутоа, умствените сили и мислите треба да се зголемуваат со сите сили и побуди и „цел ден и цела ноќ, никогаш нема да замолкнат оние кои Го спомнуваат Создателот – не (давајте) си спокој! И на Него не Му давајте спокој, додека не го потврди и не го постави (ужасниот и совршениот =) Јерушалаим како слава на земјата“.

Ќе ти ја кажам вистината. Кога гледам луѓе кои биле опустошени од сè, кои ги поминуваат своите денови во празнина, тоа не причинува никакво сожалување кај мене бидејќи, на крајот на краиштата, во нив нема да има ништо духовно, а само телото од месо и коски ќе биде подложено на мачења, кое всушност за тоа и е создадено, како што погоре е детално објаснето. А секој добиток завршува на кланица, затоа што без разумот сите ние сме како добиток. Целиот поредок на природата не може да го растажи оној кој има срце. И обратно, тие „го радуваат срцето“ за оној кој разбира. Иако кога ги гледам „колосите, луѓето на Создателот (или познатите) од дамнина“, тие се како огнен меч во срцето мое бидејќи ја воспеваат Светата Шхина во парови, кои тие ги прават, а ги прават од своето срце. Тешко на славата, изгубена во правот! Капката света и вистинска, заради која целото долго управување, повикано да го открие ликот на вистината, во своето откривање таа повторно ја расфрла чистата вода, вистинската вода во сите агли на управувањето и постоењето. И сите празни се исполнети и сите изнамачени задоволни, и овде нема ни железни окови, ни пајажини, туку овде има слава голема и љубов вистинска, кои одново и одново се излеваат од Создателот врз битијата, а каде што ќе падне погледот Него, тој лечи сè. Блажено е увото кое не го слуша злиот јазик од памтивек и блажено е окото кое не ги гледа празнините од памтивек, а оној кој проколнува е проколнат и секако, оној кој благословува е благословен – во сè она што излегува од устата негова нема ни грам сомнеж или нешто непотребно. Бидејќи така заповедал Создателот, велејќи: „соедини се со Него“.

Праву, праву, каков си ти тврдоглав, секоја радост на очите ќе се изгуби во тебе, каков си ти дрзок. Истото она око, кое ги благословува сите, во што ќе се претвори, како отуѓено стана тоа и каде и да падне неговиот поглед, таму сè гори и се уништува. Како да се утешат луѓето кои се почовечни од сите други „со празна утеха и световна радост“ и како ќе го држат одговорот во денот на повикот! И срам и бес ќе има во изобилство. Затоа јас им зборував со осуда на луѓето кои се директно со тебе и за работите кои ги измислуваат тие од срцата свои, што е слично на распространување на материја. Слични на нив се и самите нивни дела „секој, кој се потпира на нив“ и „проклет е човекот кој се потпира на човек и го прави својот краен дел своја потпора“ и „благословен е човекот кој се потпира на Создателот“ и „среќен е човекот кој не се води според советите на грешниците“, „само кон Тора на Создателот е неговата наклоност и Неговата Тора ја изучува тој дење и ноќе“. Како што рекле мудреците: „Јас создадов лош почеток и ја создадов Тора за негово поправање“ и „ако ти нанел штета тој неранимајко, одведи го во домот за учење“ и доволно е. Како не разбира и не чувствува човекот дека неговиот Господар му помага.

Како што ти реков директно во минутата радост, дека најважното во гревот на поколението на знаењето било тоа што е споменато во зборовите: „Татковците наши во Египет не ги разбрале чудесата Твои итн., и се побуниле кај морето, кај Јам-Суф“. Јас објаснив дека подарокот е скап, а неговата вредност се одредува според значењето и големината на оној кој го дава. Додека пак, тие го намалиле уште од самиот почеток, „кога не ги разбрале чудесата Твои“, увидувајќи само „чудеса“, а во таков случај во книгата недостига најважното и тоа довело тие да отстапат назад за време на примањето на Тора, со зборовите: „Зборувај ти со нас, а ние ќе слушаме“, Тора дури не го смета тоа за нивен грев, бидејќи е речено: „О, ако нивното срце било склоно да се плаши од Мене... засекогаш“, затоа што гревот кој му претходел на примањето на Тора, не бил запишан во Тора, како што е познато, бидејќи Тора работи со патот на поправањето, а не со патот на гревовите. Ти ме праша што да правиш со тоа. Јас ти реков дека треба да се обидуваш да ја зголемуваш благодарноста за добрината, бидејќи според законот на природата кога оној што дава гледа дека оној што прима не го признава неговото добро дело, тој слабее во идното дарување. Ти ми одговори дека благодарноста за Неговиот благослов не се искажува од устата земска, туку само со зацврстување и развивање на големината на срцето во добрината од соединувањето, благодарение на што запираат непријателите од десно и од лево, и тоа се нарекува „благодарност за Неговиот благослов“, а не зборовите од устата земска.

Дојди и види колку се пријатни водите од неисцрпниот извор, за кој што е речено: „ќе се наситат и ќе се насладат од добрините Негови“ и наситеноста не го гаси насладувањето затоа што ги разбрале „чудесата Твои“, а не чудесата и знаците бидејќи нив ги насладува Тој, додека пак самиот Тој нема потреба од тоа воопшто и никогаш не им велел на нив или на сличните на нив: „Дајте ми мене и од вашиот имот дајте откуп за мене“. На нивните татковци им било одвратно да стануваат заедно со кучињата од стадото Негово на помалата стража, „и ќе се сопне оној кој помага, а ќе падне оној кој ја очекува помошта“, „Семоќен! Ние не Го достигнуваме Него. Неговата моќ најголема“. Сето тоа се појавило кај него и оттогаш тој го заборавил својството „високо и возвишено, Вишо и воздигнато засекогаш“ и почнал да работи според степенот на луѓето (месо и крв), а оттаму според степенот на суштината, како мало дете кое сака да премине од математика кон сфаќање, а не ги пресметувало своите задачи, како што е запишано во Писанието „и ќе најдеш“. Рабнаи рекол: „додека не му паднало тоа во раце. Значи ако само гледа, не купува. Или со други зборови: не треба да купува, додека не му падне во рацете негови“. Затоа овде има два предмета: еден – пронајдок, а другиот – преговори, за да се сфати и покаже што вистински „му паднало во раце“. Како што се гледа, ова ќе се открие во последните денови, бидејќи мудреците рекле: „Дали ги видоа монетите од каде се земени? И објаснува дека тие се земени од двајца“ (Овде има навестување на уште една работа која ќе се открие во последните денови). Од едниот зел со согласност, а од другиот со сила. Ние не знаевме од кого зел со согласност, а од кого со сила. Ова е „што ќе правиме со сестрата наша, кога ќе почнат да зборуваат за неа“, ќе се открие со Божја помош и ќе стане јасно во последните денови, бидејќи ќе нè подготват чекорите на Машиах.

Да се вратиме на нашето прашање, дека најважно е да се разбере колку што може повеќе оној кој дава подарок, колку тој е голем и колку вреди и тогаш ќе се удостои со вистинско соединување и ќе го достигне вкусот на Тора, покрај која не постои никаков друг лек во нашиот свет. За неа ќе напишам песна убава и пријатна од радоста „на срцето вистинско и проверено и испитано“ со десет испитувања. Капко моја, капко, тенка си ти, но целиот простор е мој / целата зора е моја и целата вечер е моја. Површината на покривката ја крева завесата во пространствата на иднината моја / целата тага моја, целата утеха моја, Местото на разминување ќе се вознесе пред Тебе, многу гроздови додадов јас / со целото уништување мое и целото исполнување мое Ти влезе во срцето мое и целата награда твоја е во рацете мое, сите знаци на љубовта моја / целото злато мое и целата стока моја.

А што вели добриот гостин? Сите напори кои ги вложил домаќинот, го вложил само за него. Според смислата на исказот: „Човекот треба да рече: за мене е создаден целиот свет“. Вистината е како што е создаден светот за него, така и сите делови од неговото постоење заедно се создадени за него. Личното, во кое е силата на единството, на кое му се еднакви и личното и заедничкото, но и сè што ќе биде достигнато од сите луѓе во Гмар Тикун, достигнуваат совршени делови во секое поколение и затоа секој ги пронаоѓа личните свои органи во Тора, бидејќи како што е предодредена таа во целина за целата заедница, така целосно е предодредена и за еден човек посебно. И не само тоа, туку обратно, во заедничкото нема повеќе отколку во личното и овој степен е совршен и вистински, па затоа со големо внимание е запишано: „во љубовта кон неа зацврсти се засекогаш“, „работи со неа дење и ноќе“ и „Тора и Создателот и Израел се едно“, и овој степен кој идеално одговара на тоа дека сите се едно и дека духовното не се дели и дека треба да се осветиш себеси и да се причистиш во разумот и во срцето, па кога ќе благословиш со благословите од Тора, како на почетокот, ќе го достигнеш познатиот исказ: „сфатете сега дека Јас сум Јас и дека нема друг Создател освен Мене“.

Ќе те замолам да ми испраќаш за свое задоволство и своја корист известувања за твојата состојба во Тора, бидејќи тоа многу ќе го скрати времето. Знај дека должината на времето на поправање ќе ја намали вредноста на поправањето и секоја духовна работа се подобрува и се возвишува ако зазема само мал дел од времето, а доколку ти знаеше колку е штетно оддалечувањето на патиштата на Светлината, како што го знам тоа јас, сигурно би бил побрз во својата работа. Иако не посакувам и немам волја да учам за тебе, сепак е можно, и ова е голема заповед, да се радуваат и да се засладуваат оние плодови на мандрагората кои ги наоѓаш во полето, нека биде благословено од Создателот, бидејќи целата работа во нашиот живот е да ја издигнеме Шхина од прав, да ја радуваме и да пееме пред неа најсилно што можеме, како и да Го воспеваме Создателот секогаш колку што е дозволено со устата твоја, а уште повеќе на местото каде што знаеме дека сигурно ќе биде успешен патот наш, па затоа од твоите известувања јас имам потреба, да ја исполниме љубовта наша заедно, да ги искорнеме трњата и да ја здогледаме розата Виша во најскоро време во нашите денови, амин, да биде желбата Негова.

Јехуда

[1] На вечерната молитва

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели