Водител: Керолајн, добредојде.
Керолајн Адамс Милер: Благодарам на поканата.
Водител: Која е поврзаноста меѓу целите, поставувањето на целите за луѓето, стремење кон целите и среќата? Каков ефект има тоа врз нас?
Керолајн Адамс Милер: Врската меѓу поставувањето, стремежот кон остварување на целта и среќата е тоа што најсреќните луѓе секој ден се будат со јасно поставени цели, и краткорочни и долгорочни. Ако видам дека можам да ги научам луѓето како да ги постават правилните цели, можам да придонесам за квантитетот на среќата во светот, и тоа моментално го правам професионално со клиенти од целиот свет. Најсреќните луѓе имат јасно поставени цели, и среќните луѓе се чувствуваат ефикасни, што значи дека веруваат дека можат да ги направат работите кои сакаат да ги прават; и тоа е тема на која многу работам со луѓето. Колку што знам, мојата книга е првата што ја поврзува науката со овие две области на човечката мотивација.
Водител: Можат ли луѓето само да работат на сопствените цели и среќа, или целите треба да им бидат поопширни од тоа само да се насочени кон самите нив?
Керолајн Адамс Милер: Па, кога луѓето трагаат по среќа, не секогаш ја бараат за нив. Понекогаш се занимаваат со хобија кои се полезни за внатрешниот дел, кои нудат состојба на слободен тек. Благодарноста може да биде цел, да се биде благодарен, да се рече „благодарам“ на луѓето кои ти се важни.
Водител: Што се случува во време кога можеш да почнеш да поставуваш цели, но светот околу тебе е целосно сменет, и тлото, на кое се поставени сите овие работи и цели, почнува да се движи, и доаѓаме во ситуација како денешната, каде што навистина сме во криза? Што се случува со луѓето? Што чувствуваме сега? Што го предизвикува проблемот кој го гледаме во многу широки, глобални рамки?
Керолајн Адамс Милер: Па, мислам дека дел од проблемот се луѓето кои се премногу фокусирани на сопствениот мал свет, сопствените мали животи, што и да сакаат да постигнат. Кога, всушност, ништо што ќе постигнеш не може да те усреќи како кога го правиш тоа со други луѓе. Па всушност имаме премногу луѓе кои не се зачленуваат на куглање, премногу луѓе кои не ги знаат имињата на соседите, премногу луѓе кои не допираат до другите и не даваат рака за помош. Па кога работам со луѓето на нивните цели, тоа е клучниот дел од тоа што знам дека ќе им донесе радост, и ги охрабрувам да го погледнат тој дел од нивните животи.
Водител: Ако требаше да идентификувате цел за постигнување на среќа, од гледна точка на кабалистичкиот метод, што според вас би била таа цел, и како би стигнале до неа?
Михаел Лајтман: Целта треба да биде за сите луѓе, ако навистина се поврзат како еден организам, и тоа го откриваме сега; откриваме дека природата е глобална, дека поврзувањето меѓу сите делови треба да биде хармонично, комплетно, и дека нашиот раст нè турка кон тоа, и дека мора да се поврземе на еднаков начин со неживото, растителното и животинското бидејќи сè е едно. Па излегува дека мора да го надминеме нашето его и да се изградиме на спротивниот начин од сегашната структура, каде што сите сакаме да се искористуваме меѓу себе и да стекнуваме на сметка на некој друг; дека според нашата природа, само сакаме да се гледаме како поважни од другите. Сега, наместо тоа, треба да се гледаме како едно, еднакви, како семејство во кое еден не може да е среќен ако другиот е тажен. Освестувањето на луѓето за ова е главната цел. Сега, повторно велам дека ова е само првата фаза, ова освестување. Втората фаза е како да изградиме околина која му помага на секој човек со тоа што влијае врз нас да го надминеме нашето сопствено зло и да ја постигнеме оваа љубов: „Љуби го ближниот свој како што се љубиш себе си“, всушност, љубовта кон другите?
Керолајн Адамс Милер: Сосема се согласувам со вас, недостигот на поврзување меѓу луѓето ја предизвикува сета тага во светот, без сомнеж.
Михаел Лајтман: Но воглавно, свесни ли се дека кризата е предизвикана од недостиг на правилно поврзување меѓу луѓето?
Керолајн Адамс Милер: Знаете, не знам дали луѓето се свесни за тоа сè додека не поставите моќно прашање. А ако поставите моќно прашање, ќе ги добиете оние „еурека“ моменти во кои луѓето наеднаш сфаќаат дека се отсечени од своите пријатели или можеби дека немаат ни четири пријатели. Четири пријатели е крајната точка: не сакаш да имаш три; сакаш да имаш четири. И така кога ги прашуваш луѓето: Кој е среќен за тебе кога се случуваат убави работи; или кому можеш да му се јавиш во 2 по полноќ кога нешто ќе ти се случи? Понекогаш луѓето навистина се растажуваат кога ќе сфатат дека не работеле на тоа, и на тој начин го имаат „аха“ моментот.
Михаел Лајтман: Значи ги учите дека во доброто поврзување меѓу луѓето, таму ќе ја најдат вистинската среќа?
Керолајн Адамс Милер: Тоа што се открива во повеќе случаи е дека најсреќните луѓе имаат живи општествени вмрежувања; работат напорно на култивирање на врските со другите луѓе. Па, најмногу радост им носи единството, зближувањето на луѓето.
Михаел Лајтман: Значи тоа е резултат. Или ги учите дека ако сакаат да бидат среќни треба да почнат подобро да се поврзуваат меѓу себе, или ако се среќни, тогаш ќе се поврзат добро? Кое е прво?
Керолајн Адамс Милер: Функционира во двете насоки. Луѓето кои имаат цел да се поврзат со други луѓе се посреќни, а посреќните луѓе се поврзуваат со други луѓе. Значи тоа е круг, постојан круг. И ако почнеш некаде во тој процес, ќе ги добиеш сите придобивки.
Михаел Лајтман: Треба да се поврзувам со луѓето? И што ако ми е тешко да го правам тоа заради мојата природа? Барам совет.
Керолајн Адамс Милер: Го обожавам ова прашање бидејќи едно од нештата што ги открив е дека луѓето се програмирани да бидат интровертни или екстровертни, на пример. А една од четирите одлики на среќните луѓе е екстровертноста. Па се појавува прашањето: Што ако не си природно програмиран да бидеш екстроверт? Истражувањата покажуваат дека можеме да се преправаме дека сме екстровертни и да ги добиеме сите придобивки кои ги добиваат природните екстроверти. Па, на некој начин се присилуваме себеси да се одвлечеме од сопствените преокупации и размислувања, и да излеземе надвор за да се поврземе со другите луѓе. Ако не сме програмирани да го правиме тоа, тоа лесно може да се надмине и да станеме поврзувачи (конектори), дури и ако не сме природно програмирани за тоа и не ни е лесно да го правиме истото.
Водител: Дали да се биде во близина на други луѓе може навистина да го измоделира човекот без разлика на неговата природа?
Керолајн Адамс Милер: Па, ова е супер информација; има ново истражување од медицинското училиште во Харвард во врска со општественото „заразување“. Мислам дека е очигледно и интуитивно дека го преземаме расположението на луѓето околу нас, но сега тие откриваат дека луѓето се здебелуваат во групи, се усреќуваат во групи, се откажуваат од пушење во групи. И мислам дека ова е еден од најнепроучуваните фактори во постигнувањето на целите, а тоа е дека стануваш како оној со кој го поминуваш времето. Па навистина треба да размислиме не само што сакаме да правиме, туку и кој ни е најблизок, кој ни е важен во животот бидејќи такви ќе станеме и ние.
Михаел Лајтман: Тие не можат да се различни бидејќи нивните општества ги присилуваат да бидат такви.
Керолајн Адамс Милер: Искуствата кои ги имаме со други луѓе, и истражувањето интересно го објаснува ова, дека ако ги прашаме колегите на факултет кон што се стремат, тие зборуваат за пари. Но ако ги прашаме што е најдоброто што им се случило во последниот месец, тие спомнуваат искуства со други луѓе. Никогаш не спомнуваат предмети. Па на интуитивно ниво, децата разбираат што е тоа што им носи радост, но понекогаш мора тоа да го откријат на потешкиот начин. Има еден прекрасен филм наречен „Во дивината“ режиран од Шон Пен. На крајот, херојот умира во задниот дел на автобус; избегал во дивината на Алјаска; книгата е бестселер. Како што умира, тој пишува една порака до неговото семејство: „Среќата е најубава кога се споделува со другите“. Тоа навистина го открил по неговата долга одисеја обидувајќи се да најде внатрешна среќа, дека сè тоа било безвредно ако не е со други луѓе.
Михаел Лајтман: Мислам дека луѓето како Керолајн и другите кои ги сретнав при оваа посета, навистина не очекував да наидам на толкава свесност, и толку е јасно: Глобалната криза која сите ја искусуваме е заради нашето несоодветно поврзување. Но не е доволно само да знаеме дека сме неправилно поврзани, исто така мора да стигнеме до состојба каде што ќе го поправиме тоа. На крајот, сфаќаме дека природата нè тера да се поврзуваме меѓу себе во позитивен и близок облик, надополнувајќи се еден со друг како единствен организам, како клетки во организам каде што секој работи само за да ја надополни работата на целото тело. Сите ќе мора да го признаеме фактот дека мораме да ја надополнуваме човечката заедница, и сите ќе мора да работиме на ваков хармоничен начин, реципрочен начин.