Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Слободна Волја

Дали постои слободна волја?

Во една стара молитва се вели: „Господе! Дај ми сила да ги сменам работите кои што можам да ги сменам, дај ми храброст да ги прифатам работите кои што не можам да ги сменам и дари ми мудрост да ја дознаам разликата помеѓу нив".
Врз што точно можеме да влијаеме во нашите животи? Дали имаме доволно слобода да ја смениме судбината?
Зошто не можеме природно да ја примиме оваа мудрост?
Зошто, и покрај фактот дека нашата природа што се заснова на мрзливост и здрав егоизам (желба да го примиме максимумот вложувајќи минимални напори), за разлика од животните, правиме непромислени и неефективни нешта?
Можеби ние дејствуваме таму каде што сè е однапред програмирано и нашата улога мора да биде многу повеќе пасивна?
Можеби во повеќето случаи нашиот живот е предодреден, иако се обидуваме да веруваме дека текот на настаните зависат од нас?
Можеби треба да го преиначиме нашиот живот и да престанеме да мислиме дека ние сме оние кои одлучуваат, да оставиме работите да течат и да останеме пасивни, дејствувајќи само тогаш кога навистина можеме да смениме нешто?
Малите деца дејствуваат неразумно затоа што нивното ниво на развој се сведува на несвесно и инстиктивно дејствување. Возрасниот човек ја одредува целта и волјата да ја достигне таа цел му дава енергија.
Очигледно, грешиме во одредувањето на границите на нашата способност за достигнување на целта. Со други зборови, ние сакаме да го достигнеме невозможното или се обидуваме да го смениме она што не можеме да го смениме.
Природата не нè известува во кои наши дејствувања ние сме слободни. Таа ни дозволува да правиме грешки и како личности и како човечки род. Нејзината намера се разочараме, сфаќајќи дека нашите сили не можат да сменат ништо во нашите животи и во нас. Природата сака да нè збуни и да нè збрка во врска со тоа како треба да живееме? Тогаш ние ќе застанеме и ќе одредиме што е она на што можеме да влијаеме.

Суштината на слободата

Општо кажано, слободата е позната како закон на природата, кој е проткаен во сите аспекти од животот. Ние гледаме како животните страдаат кога се заробени. Тоа сведочи за протестот на природата против секоја форма на заробување. Човештвото се борело стотици години додека не достигнало некое ниво на лична слобода.
Во секој случај, идејата за слободата е крајно замаглена и ако копаме подлабоко во неа, речиси ништо не би останало од неа. Пред да ја побараме личната слобода, потребно е да помислиме дека и други личности се стремат кон неа. Најнапред треба да се осигураме во тоа или дека личноста може да ја изрази својата слободна волја.

Нашиот живот е помеѓу задоволството и страдањето

Ако ги анализираме човековите постапки, ќе откриеме дека ниедна од нив не е слободна. И неговата вродена природа и надворешните околности го присилуваат да дејствува според алгоритмот на однесување вкоренети во него.
Природата нè поставува помеѓу задоволството и страдањето и ние не сме слободни да го избереме страдањето или да се откажеме од задоволството. За разлика од животните човекот ја има предноста да биде способен ја види одалечената цел, па затоа тој може да си дозволи одредено страдање за сметка на идна компензација.
Всушност се работи за обична калкулација кога, гледајќи можна корист, ние се согласуваме да страдаме за некое веројатно задоволство. Се согласуваме на хируршка операција иако таа чини многу пари; подготвени сме да работиме напорно за да добиеме добро платена работа. Сé се сведува на нашата проценка, кога ќе го одземеме страдањето од очекуваното задоволство и ќе примиме одреден позитивен остаток.
Ова е начинот на ко јшто сме создадени. Оние кои изгледаат како непромислени, непретпазливи, самопожртвувани роматичари, всушност не се ништо друго освен пресметливи луѓе, за кои минатото се манифестира како сегашност толку очигледно што тие се подготвени да го прифатат мачењето невообичаено за другите, кое ние го сметаме како јуначко дело.
Но дури и во ваков случај нашето тело прави свесна или несвесна пресметка. Психолозите знаат дека секој човечки приоритет може да се измени, така што плашливецот може да се преобрази во херој. Иднината може да биде толку возвишена во очите на човекот што тој ќе се согласи со секаква беда заради идното добро.
Од тука следува дека нема разлика помеѓу човекот и животните; и ако е така, тогаш не постои слободен и интелигентен избор.

Кој ги одредува нашите задоволства?

Не само што едвај и да имаме слободен избор, туку и видот на задоволството не е наша привилегија. Тоа не ни се случува согласно нашата слободна волја, туку е диктирано од желбите на другите луѓе. Ние не ја избираме модата, начинот на живот, хобито, слободното време, храната и др. - сето тоа ни е наметнато од вкусовите и желбите на нашата околина.
Ние повеќе сакаме да имаме поедноставни желби без да си наметнеме преголем јарем на себеси, но целиот наш живот е обременет со манири прифатени како општествени норми, коишто стануваат закони на човечко однесување и егзистенција. Ако ова е така, тогаш каде е нашата слободна волја? Испаѓа дека ниедно наше дело не е наградено или казнето.
Зошто секој се гледа себеси како поединец? Што има толку особено во секого од нас? Која наша особина можеме да ја смениме независно? Ако таква особина постои, ние мораме на секој начин да ја осветлиме, да ја одделиме од другите особини и да ја развиеме.

Четири фактори

Секое создадено суштество е детерминирано од четири фактори:
1. Основата на секое суштество е првенствено материјата, во која тоа го зазема појавниот облик. Непроменливата особина на основата е законот на неговиот развој, на пр. од житното зрно кое се распаѓа излегува нов никулец од истиот вид. Коренчето од зрното - неговиот надворешен облик, целосно исчезнува, слично на нашето тело, коешто се распаѓа во земјата. Како и да е, основата останува и му дава живот на зрно, како нашата душа што го тера новото тело да се роди за да се облече во него.
2. Непроменливата особина на основата. Основата (во случајов житното зрно) никогаш нема да го преземе обликот на друга житарка, да речеме , на јачменот, туку само на претходниот облик на житарката, која ја изгубила. Во зависност од околината (земјата, водата, наѓубрувањето и сонцето)можни се одредени квантитативни и квалитативни промени на никулецот, но формата на житото (оригиналната суштина) воопшто не подлежи на промени.
3. Особини коишто се менуваат под влијание на надворешни влијанија. Под влијание на надворешните фактори, појавниот облик на есенцијата претрпува квалитативни промени - зрното останува зрно, но неговиот појавен облик се преиначува во зависност од условите од околината. Дополнителните надворешни фактори заедно со есенцијата прават нов квалитет под влијание на околината. Тоа може да биде сонцето, земјата, наѓубрувањето или водата што се однесува до зрното, или општеството, групата, книгите и учителите што се однесува до човекот.
4. Промени во надворешните влијанија. На човекот му е потребно опкружување коешто се равива и постојано влијае врз неговиот развој. Додека се развива, човекот исто такавлијае врз неговото опкружување, принудувајќи го на тоа. На тој начин и двајцата.
Четирите фактори ја детерминираат состојбата на секое создадено суштество. Еден човек може да го помине целиот свој живот истражувајќи, но сепак нема да може да смени ниту да додаде ништо од она што е вклучено во четирите фактори. Што и да мислиме или правиме постои во овие четири фактори. Секој додаток би бил чисто квантитативен, додека квалитативно тој ќе остане истиот. Овие фактори силно го детерминираат нашиот карактер и начинот на размислување.
1. Човекот не може да ја смени неговата есенција.
2. Тој не може да ги смени законите според коишто се преобразува неговата есенција.
3. Тој не може да ги смени законите на преобразбата на сопствените особини како резултат на надворешно влијание.
4. Опкружувањето, од коешто човекот сосема зависи, може да се смени!
Неговата способност да влијае на опкружувањето сега, ја детерминира неговата идна состојба. Единствените фактори што неговото опкружување може да ги афектира се брзината и квалитетот на човековото напредување. Тој може или да живее со болка, страв, страдање и бескрајни крвави конфликти во текот на животот или да оди понатаму тивко и удобно, затоа што самиот човек се стреми кон целта. Токму затоа Кабалата нé тера да отвориме образовни центри за да се формираат групи - идеални опкружувања за оние кои имаат желба да ја исполнат целта на постоењето.

Слободен избор

И покрај тоа што ние можеме да ја детерминираме нашата основа, кој и како да се роди, можеме да влијаеме врз првите три споменати фактори со тоа што ќе го избереме нашето опкружување, односно пријателите, книгите и учителите. Како и да е, избирајќи ја околината, дозволуваме таа да ни ги обликува нашите идни услови.
Иницијално постои можност слободно да се изберат такви учители, книги и пријатели кои предизвикаат добри мисли. Доколку човекот не го избере тоа, тој природно ќе се најде себеси во лошо опкружување читајќи бескорисни книги (такви има едночудо и тие се многу повеќе заводливи) и како резултат на тоа, дефинитивно ќе биде со сиромашно образование и нема да може да се однесува правилно во животот.
Од ова следува дека наградата и казната му е пратена на човекот не заради неговите лоши мисли или дела, за кои тој нема слободен избор, туку поради тоа што не избрал добра околина, бидејќи токму тука човекот има можност за слободен избор. Човекот би бил осуден и казнет, така што тој ќе види: тој не е осуден заради неговите гревови, туку заради тоа што избрал погрешна околина.
Затоа личноста која прави напори и секогаш избира подобра околина, успева - не заради неговите добри мисли, туку заради неговата доследност во подобрувањето на неговото опкружување која што е услов за овие добри мисли. Таквата личност е наградена со подобра, напредна состојба.
Книгата Зохар ни дава пример за еден сиромашен мудар човек, кој бил поканет да се пресели во куќата на еден богат човек. Тој одбил, велејќи: „Во никој случај нема да се живеам на место во кое нема мудри!" - „Но ти си најголемиот мудрец во генерацијата!" - извикал богатиот човек. - „Од кого би научил повеќе?" Овој мудар човек одговорил: „Дури и најголемиот мудрец ќе се преобрази во незнајко, ако дозволи да биде опкружен со глупави луѓе".
Затоа ние треба да го следиме добропознатиот совет: „Стори се себеси Учител, набави си за себеси пријател". Со други зборови, ние мораме да си создадеме сопствена околина, бидејќи само овој фактор може да нé доведе до успех. Избирајќи го нашето опкружување, стануваме целосно зависни од него, како глина во рацете на скулпторот.
Сите ние сме заробеници на нашата егоистична природа. Да се ослободиме себеси значи да ги пречекориме границите на нашиот свет и да влеземе во повисоката реалност. Бидејќи ние сме целосно под власта на светот, можеме единствено да се ослободиме ако, и покрај нашата природно егоистична околина, ние вештачки се опкружиме со луѓе кои ги делат нашите погледи и стремежи и подпаднеме под моќта водена од законите на повисокиот свет. Ослободувајќи се себеси од егоистичните окови и откривајќи ја особината на дарување ја остваруваме нашата слободна волја.

Заштита против преостанатите три фактори

Човекот дејствува авоматски под влијание на внатрешните и надворешните фактори, следејќи ги нивните конанди.
Ако има желба да излезе од контролата на природата, човелот треба да се изложи на врлијанието од околината којашто ја избрал. Тој треба да избере Учител, група и книги коишто ќе му диктираат што да прави, бидејќи тој секогаш е деривација на четирите параметри.

Моќта на умот врз телото

Врз основа на тоа дека човековиот ум е резултат на животното искуство, можеме да заклучиме дека умот нема моѓ врз телото, затоа што тој е одраз на условите и настаните на човековиот живот. Моќта да се придвижи телото го води кон добри работи и го чува од зло.
Како и да е, човековата имагинација го користи умот на начин како што очите го користат микроскопот. Откривајќи ги ситните штетни организми со помош на микроскопот, човекот започнал да се дистанцира од нив. Овој микроскоп (а не човековите сетила) му овозможува да ги избегне штетните влијанија (микроби, бактерии, вируси), каде што не ги чувствува.
Гледаме дека, кога телото не може да ги воочи штетното и корисното, умот станува релевантен и има целосна контрола над телото овозможувајќи му да остане настрана од лошите работи и да се држи до добрите работи.
Сфаќајќи дека умот е резултат на животното искуство, човекот е подготвен да привати нечиј друг ум и мудрост како закон, доколку ñ верува на таа личност.
Тоа наликува на ситуацијата кога човек бара совет од искусен доктор, го следи и покрај фактот дека самиот тој не знае ништо од медицината. На тој начин тој го користи умот на други луѓе, кој му помагаповеќе отколку неговиот ум.

Два начина на одлука

Има два начина на божјо управување кои го гарантираат човековиот успех во достигнувањето на целта на постоењето:
1. Преку страдање.
2. Преку Кабалата.
Кабалата се потпира на довербата во умовите на оние кои веќе ја достигнале врвната цел, како тоа да е наше сопствено животно искуство. Но како можам да бидам сигурен/а дека умот во кој верувам е вистински? Од една страна, ако не го користам мудриот ум на начин на кој го следам и советот на лекарот, се осудувам себеси на долго страдање, како на пр. болен човек кој одбива да ги следи советите на неговиот доктор и започнува да ја проучува медицината, несвесен дека може да умре пред да дојде до некаква идеја за болеста.
Таков е начинот на страдање во споредба со начинот на Кабалата. Оној кој нема верба во мудроста на Кабалата може да се обидува независно да ја достигне мудроста со тоа што ќе поминува низ животните неволји додека постои искуство коешто силно го забрзува процесот, овозможува развој на сетилата за разбирање на злото не со неговиот сопствен избор, туку низ напорите направени за постигнување на добра околина.

Следењето на мнозинството

Кога постои конфликт помеѓу мнозинството и поединецот, ние мора да одлучиме согласно волјата на мнозинството. Овој закон води кон регресија на човештвото бидејќи мнозинството е назадно, додека, пак, развојот највеќе е кај малцинството.
Сепак, бидејќи природата нè поставила во општество, ние сме должни да ги исполнуваме сите општествени закони, инаку природата ке нé казни без разлика дали ние ги разбираме тие закони или не. Затоа законот на заедничкиот живот е еден од законите на природата и ние мора да го исполнуваме со големо внимание.
Овој закон мора да го развие сфаќањето за: самољубието како зло и љубовта за другите како добро, затоа што ова е единствениот начин да го љубиме Создателот.
Како и да е, мнозинството нема право да го потисне мислењето на поединецот во неговиот однос со Создателот и секој еден е слободен да го прави она што смета дека е исправно. Ова е неговата лична слобода, односно човековиот однос со Создателот е регулиран токму од него, додека другите закони на однесување ги диктира законот на „следењето на мнозинството".

Законот на општеството гласи: малцинството мора да му се покори на мнозинството

И покрај тоа, врз основа на што мнозинтсвото го зема правото да ја потисне личната слобода на поединецот? На прв поглед, тоа не е ништо друго освен ограничување.
Бидејќи природата нé приморува да живееме во општество, без приговорно следува декасекој негов член е обврзан да му служи на општеството, да се грижи за него и да учествува во неговиот просперитет.
Ова би било невозможно доколку законот на „потчинување" не се исполнува, что значи секој мора да му се покорува на законот прифатен од неговото општество.
Но премногу е очигледно дека во сите случаи, кога материјалните интереси на општеството не се прекршени, мнозинството нема право да ја ограничи слободата на еден поединец во ниеден облик. Тие кои го практикуваат тоа се криминалци преферирајќи ја силата отколку правдата, затоа што во овој случај природата не го приморува човекот да и се потчини на волјата на мнозинството.
Во секоја генерација индивидуалците се многу понапредни отколку мноштвото. Доколку општеството коешто започнало да се развива согласно законите на природата ја сфати потребата да биде спасено од страдања, тоа мора да му се потчини на поединецот и да ги следи неговите инструкции.
На тој начиншто и да значи духовниот развој, правото на мнозинството станува обврска да го следи поединецот, односно високо развиената личност. Таквите напредни и образовани луѓе претставуваа незначителен дел од општеството, па затоа сите достигнувања и успеси во духовната сфера се дело на малцинството.
Оттука следува дека општеството мора внимателно да ги чува идеите на таквите луѓе. Општеството треба да биде свесно за фактот дека неговото спасение не е во рацете на владеачкото мнозинство, туку зависи од просветлените поединци.

Заклучок

Акумулирајќи го искуството, човештвото постепено доаѓа до заклучокот дека, и покрај неговите напори да ја смени насоката на историјата и развојот на општеството, шивото си оди по сопствениот пат и дека сé се случуваспоред сценарио што не зависи од нас. Па дали ние сме предодредени од судбината?
Проучувањето на универзумот со употреба на кабалистичкиот метод ни открива дека дека човековата есенција се сотои од три дела:
- првиот - животинскиот - дел што се изразува преку телесните желби за храна, секс, семејство, дом, присутни кај сите луѓе без обѕир на околината во која се наоѓаат;
- вториот - човечкиот - дел, изразен преку желбите за богатство, честољубие (слава, моѓ), знаење во што сме зависни од општеството;
- третиот - духовен - дел, којшто во нас создава стремеж за повисокиот свет (се појавува при човствување на смртта, празнотијата на животот, неважноста на изворите на егзистенција).
Оттука станува јасно дека
- целиот свет и нашата егзистенција во него е создаден само за да ни помогне да го откриеме повисокиот свет;
- првиот (животинскиот) и вториот (човечкиот) дел не постојат во нас сами по себе, нивната улога е детерминирана од тоа колку тие учествуваат во остварувањето на третиот (духовниот) дел, односно колку тие ни помагаат во остварување на нашата мисија, која се состои од откривањето на духовното кралство додека сé уште живееме во овој свет. Делата на човекот се проценуваат само во онаа мера во која се поврзани со степенот на нивната поврзаност со духовниот напредок, затоа штодуховниот дел е оној кој треба да се преобрази.
- вториот и третиот дел во нас не се менуваат сами по себе. Ниту, пак тие зависат од нашите желби. Разбирањето на третиот (духовниот) дел ја определува нивната трансформација.
- нашите дела поврзани со првиот и вториот дел не се слободни, тие се програмирани од природата и ја сочинуваатстрогата основа на нашата структура. Со нашиот избор како да напредуваме духовно ние ја детерминираме нашата состојба во двата дела, и животинскиот и човечкиот, но дефинитивно и во третиот дел.
- Одбивајќи да правиме неполезни и бесчуствителни дела поврзани со нашите животински и човечки желби и сосредоточувајќи ги сите сили во откривање на повисоката реалност, човекот стекнува способност да контролира сè во овиј свет (и во првиот и во вториот дел). Со други зборови, патот на владеење со овој свет е возможен преку повисокиот свет; сите настани потекнуваат од горе додека тие не ја земат нивната конечна форма во овој свет.
Оваа статија покажува колку сите човекови дела и состојби во овој свет се предодредени; сите освен едно, коешто одредува сè друго - стремежот кон повисокиот свет, кон неговото откривање, кон владеењето на законите на Божјото провидение.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели