Го добив твоето писмо и нека те благослови Господ со сè најдобро за добиената потврда од равот. Со тоа падна првиот ѕид на твојот пат напред и се надевам дека од денес ќе стигнеш подалеку до самиот дворец на Создателот. Јас би сакал да положиш за уште една потврда од равот, но забрзај ја и подготовката за патот кон Создателот „како бик под јарем и натоварено магаре“, за да не губиш ни минута.
Ако ме прашаш мене во што се состои таа подготовка, јас ќе ти го кажам она што го слушнав од равот од Калшин: во минатото, за да се достигне Создателот, било потребно, пред сè, да се достигнат сите седум земски науки, наречени „седум девојки, кои им служат на ќерките на царот“, а покрај тоа и да се поминат ужасни страдања. Малку луѓе се удостојувале со милоста од Создателот. Но, откако АР”И се удостоиле со учењето и внатрешната работа според Баал Шем Това, сега секој подеднакво може да Го достигне Создателот, без потреба од некаква подготовка. Раководејќи се според тие два метода и јас исто така, се удостоив со милоста на Создателот, ги примив во двете раце, а моето мислење е блиско до твоето, како што е близок таткото до синот. Се надевам дека ќе можам да ти ги предадам двете знаења, кога ќе можеш да ги примиш според методот „ми пе ел пе“. Но, важен е напорот, односно стремежот да вложуваш напори во работата за Создателот, затоа што обичната работа воопшто не се смета, туку само работата, која не е од навика се нарекува „напор“, слично на човек, на кој за да се најаде му е потребен еден леб. За сè што ќе изеде помалку од таа количина, не се смета дека се најал, туку дека токму последното парче го заситува. Така е и во духовната работа, Создателот од целата работа на човекот го избира само она што е над неговите обични напори и тие така стануваат садови за примање на Вишата Светлина.
Јехуда Лајб