Слушнав во 1949 г., во Тел-Авив
Жрепката се применува кога две работи се со иста вредност, а не може да се одлучи која е поважна. Затоа е потребна жрепката. Во книгата Зохар се прашува: „Како може јаре, кое се принесува како жртва на Создателот и јаре кое се принесува како жртва на нечистата сила да бидат еднакво важни?“ [1]
Работата е во тоа што принесувањето на жртва на Создателот спаѓа во десната страна, а принесувањето на жртва на нечистата сила во левата страна, каде што исто така спаѓа и Светлината ГАР де-Хохма. За ова е речено: „Ако се удостојат – добро, ако не се удостојат – лошо“. Лошо значи дека се открива Малхут со својствата на ограничувањата (де-мидат дин), наречени „капија“ (манула) која ја сопира Светлината. Капијата се наоѓа во хазе на секој парцуф. Затоа Светлината Хохма може да свети до капијата, но на хазе се завршува распространувањето на Светлината во парцуфот, бидејќи пониско од хазе почнуваат да се појавуваат сили на скратувањето (цимцум) кои не дејствуваат од хазе нагоре.
Принесувањето на жртва на Создателот во себе вклучува дел од левата страна, од принесувањето жртва на нечистата сила, Азазел, односно вклучување на Светлината Хохма, меѓутоа не како во левата страна која припаѓа на нечистите сили, каде што Светлината Хохма се привлекува одозгора надолу и затоа не се прекинува распространувањето на Светлината како последица од влијанието на капијата, туку само во насока од долу нагоре, од што „капијата“ се сокрива, и се открива „клучот“ (мифтеха).
Излегува дека во принесувањето жртва на нечистата сила има ГАР де-Хохма (целосна Светлина), а во принесувањето жртва на Создателот само ВАК де-Хохма (мало светење), меѓутоа ВАК де-Хохма може да свети, а ГАР де-Хохма мора да престане. Затоа е потребно принесувањето жртва на нечистата сила – за таа да не обвинува. Инаку, таа обвинува затоа што сака да ја привлече Светлината Хохма во Малхут, во Бхина Далет, бидејќи друга Светлина не може да ја задоволи, од причина што нејзината природа произлегува од Бхина Далет. Ако не добива Светлина на своето првобитно ниво, останува празна и затоа секогаш го доведува во искушение човекот да прими светлина во Бхина Далет. Ако човекот не сака да го стори тоа, таа измислува најразлични замки за да го присили да ја привлече кон себе Светлината Хохма. Заради тоа кога на нечистата сила и се дава дел од Светлината Хохма, таа тогаш не го обвинува Израел, бидејќи се плаши да не ја изгуби Светлината која што ја добила.
Но, кога нечистата сила привлекува ГАР де-Хохма, истовремено Израел привлекуваат ВАК де-Хохма. Оваа Светлина Хохма се нарекува Светлина која ги брише гревовите, со што се удостојуваат за враќање кон Создателот со љубов (тшува), кога гревовите се претвораат во заслуги. Од ова може да се заклучи дека јарето принесено како жртва на нечистата сила врз себе ги зема сите гревови на Израел, односно сите тие се претвораат во заслуги.
Во Зохар има приказна за царскиот шут. Кога ќе го напијат со вино, па потоа му раскажуваат за сè што направил, дури и за најнедостојните постапки, тој одговара дека сето тоа се достојни работи, од кои нема подобри на светот.
„Шутот“ се нарекува „ѓавол“ на кого му даваат вино, односно дел од светлината Хохма, привлечена како светлина која ги брише гревовите и која ги претвора во заслуги. Во таков случај тој за сите лоши дејствија вели дека се добри затоа што однапред смислените гревови се претвораат во заслуги, а бидејќи ѓаволот сака да си го добие својот дел, не го обвинува Израел.
Од таа причина во Еипет тој обвинувал и прашувал: „Зарем Исраел по нешто се разликува од Египќаните? Или нека умрат како Египќаните или нека се вратат во Египет“. Работата е што Египет е изворот за привлекување на Светлината Хохма, но на целосната ГАР де-Хохма, а кога Исраел се наоѓале во Египет, биле под власта на Египќаните.