Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Една заповед

Една заповед

Оној, што извршил една заповед е среќен, бидејќи се приближил себеси и целиот свет на страната на заслугите.

Работата на Создателот и заповедите ги извршуваат само заради Создателот, Лишма, што значи – заради причинување на насладување на Создателот. Но веќе е вообичаено мудреците да се занимаваат со Тора и заповедите дури и заради себе, ло Лишма, бидејќи „од ло Лишма преминуваат кон Лишма”...И јас велам, дека првата и единствената заповед, која сигурно води кон намерата заради Создателот, Лишма, претставува преземање обврска да не се работи заради себе. Само по неопходна потреба, но и тогаш во степен, кој е неопходен за одржување на својата егзистенција. А сето останато време нека работи за добро на општеството, за спас на понижените, а секое суштество во светот има потреба од спас и добро.

Служење на суштествата согласно со заповедите на Создателот

Оваа заповед има две вредности: прво – секој треба да сфати дека работи, затоа што со неговата работа се согласува и ја одобрува целото човештво; и второ – можеби оваа заповед подобро ќе го подготви за преминување кон извршувањето на Тора и заповедите заради Создателот, бидејќи таа подготовка претставува една од компонентите на целта. Затоа што, навикнувајќи се себеси да работиш заради другите, односно за нивно добро, наместо заради себеси, тој постепено доаѓа до подготвеноста за извршување на заповедите на Создателот со придржување кон тој посакуван услов – заради Создателот, а не заради себеси. Се разбира, дека намерата треба да биде – заради извршување на заповедите на Создателот.

Делот на Тора, кој ги дефинира односите на човекот со пријателот

Во Тора има два дела: првиот се однесува на односите на човекот со Создателот, а вториот – односите на човекот со пријателот. Јас ве повикувам секогаш да се занимавате со односите на човекот со пријателот, бидејќи токму со тоа вие ќе стекнете вештини и за она, што се однесува на односите на човекот со Создателот.

Говор, мисла, дејство

Секоја работа треба во себе да содржи: мисла, говор и дејство. Ние веќе разјаснивме дел од оваа една заповед, поврзана со дејството, согласно со која човекот треба да преземе обврска, целото негово слободно време да го посвети на служење на суштествата од светот. Мислата во оваа заповед претставува поголема основа, отколку во посебните заповеди, кои се однесуваат на одностие на човекот со Создателот. Дејството само од себе ја докажува намерата, покажува дека е заради Создателот, бидејќи е насочено само кон Создателот.

Но заповедите, кои се однесуваат на односите на човекот со пријателот, ги извршуваат, произлегувајќи од себеси самите, од човековата совест, која ги обврзува така да постапуваат. Меѓутоа, ако ти ги извршуваш заповедите од таа причина, тогаш се разбира не правиш ништо. Односно, таквите дејства нема да доведат до блискост со Создателот, до вистинска работа заради Создателот. Затоа секој треба да си замисли, дека сето ова го прави заради причинување на насладување на Создателот, за да стане сличен на Него: како што Тој е милостив, така сум и јас милостив, како што Тој секогаш прави добро, така и јас. Таквата слика, во соединување со добри дејства, ќе го приближат човекот до Создателот така, што неговите особини ќе станат слични на духовното, на материјалот на печатот, и тој ќе биде подготвен да добие вистинско вишо изобилство. Говорот пак, значи молитва, која ние ја кажуваме за време на работата, во одредено време. Ние молиме Создателот да го преобрати нашето срце од примање во давање, и ја изучуваме Тора и сè што води кон тоа.

Несвесно причинување на насладување на Создателот

Светот не треба да се надева, дека ќе дојде време и ќе се појави решението, така што ќе можат да ја почнат работата на Создателот „Лишма”. И претходно, и сега, и во иднина, секој што работи за Создателот, ќе треба да ја почнува работата од “ло Лишма”, и од неа ќе помине кон “Лишма”. Патот кон тоа скалило не е временски ограничен. Тој зависи само од подготвеноста на човекот, од степенот на неговото владеење со срцето. Затоа многумина паднале, и уште ќе паднат, занимавајќи се со тоа заради себе, „ло Лишма”, и ќе умрат, без сепак да ја достигнат мудроста. И покрај тоа нивната награда е голема, бидејќи човековата мисла не може да ја процени важноста на причинувањето на насладување на Создателот. Дури и оној, кој го прави тоа без придржување кон тој услов, бидејќи сè уште не е погоден за извршување на заповедите на поинаков начин, исто така му причинува насладување на Создателот. Токму тоа се нарекува „несвесно”.

Вистинитост на пророштвото во телесната димензија

Нема сомневање, дека изобилството на пророштвото треба да биде воспримено во соединувањата на буквите, кои се најсоодветни за почетниците. Односно, тоа треба да одговара на суштинските интереси на генерацијата, бидејќи само тогаш може да бидеме сигурни, дека зборот на Создателот ќе биде воспримен од генерацијата во формата „ло Лишма”, затоа што Создателот не ги подготвил на друг начин. Затоа карактеристична особина на пророкот на вистината е во тоа, што неговото пророштво во најголема мера е соодветно за достигнување на телесниот успех на луѓето од неговата генерација, бидејќи приближувањето на телесниот успех ја потврдува вистинитоста на пророштвото, затоа што конечно навистина го открил патот кон воспримањето.

Обврска за извршување на 613-те заповеди

613 заповеди претставуваат имиња на Создателот. Тоа е лично управување со секој, кој се приближува до примањето на Божественото богатство. И секој човек без исклучок мора да ги помине сите нив. Затоа, совршените со сите сили се стремат кон нивно извршување, сè до нивните материјални корени, како што е речено: „Секаде, каде што ќе биде спомнато името Мое, ќе дојдам Јас и ќе те благословам”.

Вистинска мудрост

Претходниците одбрале за себе индивидуален пат, додека јас го избрав заедничкиот пат, бидејќи така сметам попогодно да остварам сè, што се однесува на Создателот, во соединувањето на вечните букви, кои никогаш нема да се променат. Сакам да кажам, дека телесниот успех исто така нема да се промени никаде и никогаш, и затоа моите зборови се ограничени. Од таа причина, бев принуден да ја изразам духовноста во заедничка форма. Меѓутоа во рамките на ова, решив да ги разјаснам сите духовни детали и нивните соединувања, до такви ситни детали, кои немаат друга основа и извор, освен таа заедничка форма, односно чистотата на примањето. Бидејќи ги разјаснувам духовните суштини, без нивно преслекување во материјална обвивка, тоа ќе биде многу корисно за развојот на достигнувањето. И таа наука се нарекува вистинска мудрост.

Пророштво

Во пророштвото не може да постои грешка или лага, бидејќи како може да се случи грешка, ако разјаснувањето на вистината произлегува од Создателот? Несомнено е, дека дождот и снегот паѓаат од небесата на земјата и нема да се вратат назад, сè додека не го извршат она што им е доделено. Но заедно со тоа, треба да се разликува примателот, односно земјата. Ако ја подготвиме со тоа, што ќе ја очистиме од камења, ќе ја изораме и т.н., таа ќе може да прими повеќе од необработената земја. Сè зависи од подготовката.

Се разбира, исто така постои разлика меѓу пророците што примаат: меѓу нив нема луѓе со ист степен на достигнување, а фактот, дали тој степен е голем или мал, зависи од нивната подготовка. Ако вредноста на пророкот е мала, од причина на недоволната подготовка, тогаш Светлината на патот кон него, сигурно, ќе изгуби нешто, за да можеме да кажеме, дека Светлината на пророштвото нема грешка. Но неговата мала вредност доведува до појавување на голем број соединувања на буквите, кои претставуваат канали и келим, сè додека пророштвото не дојде до него во вид на достигнување.

Успехот на пророштвото е во брзината

Без оглед на тоа, дека на крајот во посакуваниот успех се открива целата вистина, што се содржи во пророштвото, сепак пророкот, мал според вредноста, го продолжува патот на своето пророштво до луѓето, на кои тоа им е упатено. Додека пак, кај пророкот со голема вредност, кој поседува поцелосна подготовка, при добивањето на пророштвото од Создателот нема да се случи отстапување на Светлината. И затоа не се зголемува бројот на каналите и келим, и неговото пророштво е јасно и кратко, и тие, за кои тоа е наменето, го добиваат лесно и брзо.

Можеби помалиот по вредноста ќе успее повеќе од големиот

Согласно со кажаното, можно е помалиот од пророците според брзината на своето пророштво ќе успее повеќе од најголемиот од пророците. Причина за тоа е фактот, дека на претходните откриени пророци им било наредено да го подготват патот за него. Се разбира, дека тоа исто така зависи и од развојот на слушателите на неговото пророштво, затоа што за воспримање на краткото и јасното, потребна е поразвиена генерација, способна да го разбере. И заради овие две причини, помалиот според вредноста, може да успее неизмерно повеќе од големиот.

Тајната на пророштвото на генерациите

Без оглед на фактот, што Мојсеј ја прифатил Тора и законите за сите генерации, така што нема пророк, кој би имал право било што да додаде кон тоа, сепак пророштвото, кое му било дадено, е временски ограничено. Бидејќи, ако пророштвото на Мојсеј било доволно засекогаш, тогаш зошто Создателот праќал уште пророци? Несомнено, дејството на пророштвото на Мојсеј се однесувало за одреден временски период, и по кратко време Создателот пратил друг пророк да го продолжи, и да го заврши започнатото.

И сигурно, нема пророк, кој има право нешто да додаде, или да одземе. Бидејќи, кога би имал такво право, тогаш тоа би значело, дека на претходниот пророк нешто му недостасувало, а тоа што произлегува од Создателот секогаш е совршено, како што е речено: „Јас сум прв и Јас сум последен”. Улогата на наредните пророци е да го продолжат тоа пророштво за оние генерации, кое веќе не се способни да воспримат од првиот.

А последниот пророк е Месијата, кој го завршува сето, но сигурно и тој нема право нешто да додаде или да одземе. Неговиот успех ќе биде уште поголем. Бидејќи целата генерација ќе биде веќе подготвена за воспримање на реченото од негова страна, и на таков начин ќе дојдат до совршенство. И тоа од две причини: или заради нивното величие, или заради луѓето од неговата генерација, или и заради двете заедно.

Основа на упехот на пророкот

Основата на успехот на пророкот е во фактот, што тој ја продолжува Вишата Светлина кон оние што се наоѓаат долу. А оној, што ќе ја спушти најниско од сите, е најуспешен. Принципите (убедувањата) горе-долу се проценуваат од гледна точка на духот и материјалните добра, бидејќи материјалното, достигнато со помош на пророштво е онаа точка, која го одржува човештвото. А познато е, дека основна тешкотија во работата на Создателот е првата потпора.

Заедничка сила и индивидуална сила

Нивното соединување претставува тајна на единството на Создателот и Шхина. Индивидуалната сила е забрана за примање дури и во најмала мера. Заедничка сила е пораст на давањето, сè додека не почне да го прави тоа со целата душа, и со сите сили.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели