Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Роза

Вовед во Зохарот-Роза
Точ..1-3

1.Во Тората е речено: Во почетокот ЕЛОКИМ ГИ СОЗДАЛ НЕБОТО, ПА ЗЕМЈАТА И ЗЕМЈАТА БИЛА ПУСТА И НЕСРЕДЕНА И ТЕМНИНАТА, НАД ПОВРШИНАТА БЕЗДНИ И ДУХОТ ЕЛОКИМ одел на површината на водата и кажал: "Нека има светлина".

Рав Хизкија открил (патот на светлината): Во "Песна на песните" е речено: "Како роза помеѓу Трње". Роза – тоа се собрание, насочени кон Создателот, душите. Како што розата може да биде црвена и бела, така е и во душите насочени кон Создателот и има својсто на садот (црвен) и милосрдие (бел). Како што розата има 13 ливчиња така и душата се состои од 13 опкружувачки видови на милосрдие.

Во Тората е речено: "На почетокот Елоким создаде" – Елоким (името на Создателот) на почетокот создал 13 зборови (особини на милосрдието) за заштита (од себичните особини) на душите кои се стремат кон Него.

Тие 13 особини на милосрдието ги означуваат зборовите, кои се наоѓаат во првата реченица на Тората, помеѓу зборовите ЕЛОКИМ: НЕБОТО И ЗЕМЈАТА, И ЗЕМЈАТА БИЛА ПУСТА И НЕСРЕДЕНА И ТЕМНИНА, НАД ПОВРШИНАТА БЕЗДНИ И ДУХОТ.

2.Втор пат името на Елоким во Тората се споменува како "Елоким парит" – за да се појават 5 тврди листови, кои ќе ја опкружуваат розата, наречени "Пет капии за спасување". Тие се како пехар на благословеното. Пехарот за време на благословувањето треба да се наоѓа на пет прсти, како што розата стои на 5 тврди листови. И розата како пехар на благословеното, од вториот збор ЕЛОКИМ до третиот збор ЕЛОКИМ, меѓу кои има пет зборови: ЛЕБДИ, НАД, ПОВРШИНА, ВОДА, И РЕЧЕ – е соодветно на петте листови.

Понатаму во Тората е кажано: "И Создателот рече: Нека има светлина " – таа светлина е создадена, но скриена, вклучена е во сојуз со душите, влегла во розата и и' дала семе.

3.Како што сојузот се расплодува на 42 растенија (единства) созданијата и Создателот од тоа семе, така и тајното име на Создателот ги полни и осеменува сите 42 букви на почетното дејствување на созданието.

Книгата Зохар е напишан на јазикот на алегоријата. Таа е назначена за тоа, за да ги развие внатрешните чувства на духовното разбирање. Чувствената врска на сликите, опишано во книгата Зохар ни го открива Вишиот свет.

Глава "Роза" Резиме

"Роза" – тоа е Малхут, собраните души на Израел. "Трње" – препреките и истовремено и заштита на духовниот пат.

Кога луѓето се стремат да бидат слични со Создателот, се собираат заедно, во нивното општество никнуваат "трнчиња", кои од една страна ги заштитуваат од надоврешни влијанија,а од друга страна создаваат препреки на духовниот пат. За да се премине преку "трњето", човекот треба да вложи максимални сили. И тогаш треба да одолее на сите препреки и да ги соедини со останатите души и паѓа под заштита на тие "трње".

"13 ливчиња на розата" – тоа се 13 особини на мислосрдието, кое ги опкружува и поддржува душите, ги обединува и ги подготвува кон подем во духовниот свет.

"Елоким" – името на Создателот, кој во однос на душите вклучува две особини: милосрдие и ограничување, што е соодветно на десната и левата линија. Тие души ги преминуваат сите препреки и паѓаат во Вишиот свет, особината на ограниченоста се претвора во особината на милосрдие.

"Пет цврсти ливчиња ја опкружуваат розата" – се нарекуваат "спасение" или "врата на спасението". "Пет ливчиња" – тоа се пет особини, кои ни дозволуваат во себе да ги почувствуваме собраните души на Израел. Споредувањето на тие особини на Создателот пред човекот јс отвара "вратата на спасението".

"Пехар на спасувањето на воздигнувањето" – така го благословуваме Создателот за тоа што го создал системот на врски меѓу нас и Него. Како последица на тоа благословување нам ни се открива таа Виша светлина, како што е речено: "Нека има светлина".

Сите слики во книгата Зохар ги опишуваат духовните сили. Читајќи и пречитувајќи го Зохарот, чувствено се претставени опишаните слики, а ние постепено преку тие слики почнуваме да ја чувствуваме врската со Создателот.

 

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели