Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Писмо 63, 1927г.

Драги...

... Сепак, да ти пишам, во поглед на средниот столб на Божјето дело, за секогаш да биде цел за тебе меѓу левото и десното. Тој што шета е полош од тој што седи и ништо не прави. Тој е оној што скршнува од патот, бидејќи патот на вистината е многу тенка црта по која оди човек додека не стигне до Кралската палата. Тој што почнува да оди на почетокот од линијата мора многу да внимава за да не скршне лево или десно од линијата дури ни за ширина на влакно. Тоа е затоа што ако отпрвин застранувањето е колку ширина на влакно, дури и ако човек продолжи сосема право, сигурно е дека веќе нема да стигне до Кралската палата, и дека не стапнува по вистинската линија, како што е оваа: и тоа е вистинската споредба.

Да ти го објаснам значењето на средниот столб, односно дека „Тора, Создателот, и Израел се едно." Целта на душата кога ќе дојде во телото е да се врати на својот корен и да Му се припои, додека е уште облечена во телото, како што пишува, „Да го сакаш Господа твојот Бог, да ги следиш сите Негови патишта и да Му се припоиш." Гледаш дека работата завршува во „да Му се припоиш", што значи како што беше пред да бидеш облечен во телото. Меѓутоа, потребна е голема подготовка – што значи да се чекори по сите Негови патишта. Но, кој ги знае патиштата на Создателот? Тоа е значењето на „Тора, која има 613 патишта." Тој што оди по нив на крај ќе биде прочистен се додека неговото тело не престане да биде железна преграда меѓу него и неговиот Создател, како што е напишано, „И ќе го извадам каменото срце од твоето месо." Тогаш ќе му се припои на својот Создател исто како што бил пред душата да се облече во телото.

Излегува дека има три аспекти: 1. Израел, е тој што се труди да се врати кај својот корен; 2. Создателот, кој е коренот по кој човек копнее; 3. 613 патишта на Тора, со кои се прочистуваат душата и телото. Тоа е зачинот, како што е напишано, „Ја создадов злата склоност, и за неа ја создадов Тора како зачин." Меѓутоа, овие три се всушност едно исто. На крај, секој слуга на Создателот ги достигнува како единство, обединети. Само се причинува дека се поделени на три поради тоа што уште ја немаме довршено Божјата работа.

Да ви разјаснам нешто: ќе го видите врвот, но не целината, освен кога тој ќе ве ослободи. Се знае дека душата е дел од Бог. Пред таа да влезе во тело, споена е како гранката со коренот. Гледате дека на почетокот од Дрвото на Животот, Тој ги создал световите бидејќи сакал да ги манифестира своите свети имиња, „Милостив" и „Дарежлив" итн. Ако нема суштества кон кои ќе биде милостив, каква е смислата? Овие зборови се навистина многу длабоки. Но, колку што дозволува перото, бидејќи „Целата Тора е само имињата на Создателот." Значењето на достигнувањето е, „тоа што не го достигнуваме, не го дефинираме по име." Во книгите е запишано дека сите овие имиња се наградата на душите кои се принудени да влезат во телото, бидејќи токму преку телото можат да ги достигнат имињата на Создателот. Положбата на душата е според нејзиното достигнување. Има едно правило тука: Одржувањето на секое духовно нешто е во согласност со неговото познавање. Телесно животно се чувствува себеси бидејќи се состои од ум и материја.

Така, духовното чувство е одредена мудрост, а духовниот статус се мери со вредноста на мудроста, како што пишува, „Човек го фалат според неговиот ум." Меѓутоа, животното знае, а воопшто не чувствува. Длабоко навлезете во ова.

Сфатете ја наградата на душите. Пред душа да влезе во тело, таа е само ситна точка, иако закачена за коренот како што е гранка за дрво. Оваа точка се нарекува корен на душата и нејзиниот свет. Да не влезела во овој свет во тело, ќе го имала само својот свет, што значи својот дел во коренот.

Меѓутоа, колку повеќе таа чекори по патиштата на Создателот, 613 патишта на Тора кои се всушност вистински имиња на Создателот, толку повеќе нејзиниот статус расте, според нивото на имињата што ги достигнала. Тоа е значењето на зборовите, „Создателот на секој еден праведен му дарува 310 светови."

Толкување: Душата се состои од два праведни дела: горен и долен праведник, како што телото е поделено од Табур (папокот) нагоре и од Табур надолу. Така таа ја добива пишаната и говорната Тора, кои се двапати по 310, или 620 во Гиматриа. Тоа се 613 Мицвоти на Тора и седумте Мицвот де Рабанан (на нашите големи рабини). На дрвото на животот пишува, „световите се создадени само за да ги откријат имињата на Создателот." Така, гледате дека бидејќи душата слегла да се облече во оваа гнасна супстанца, веќе не можела да биде припоена кон својот корен, кон својот свет, како што била пред да дојде во овој свет. Место тоа, мора да го зголеми својот статус на 620 пати поголем од оној што го имала порано во коренот. Тоа е значењето на целото совршенство, целиот НРНХЅ до Јехида, оттаму името Кетер, кој укажува на бројот 620.

Така, гледате дека значењето на 620-те имиња, т.е. 613 Мицвот на Тора и 7-те Мицвот де Рабанан, се всушност петте својства на душата, што значи НРНХЅ. Тоа е затоа што садовите на НРНХЅ се од горните 620 Мицвот, а светлата на НРНХЅ се самите светла на Тора во секој Мицва. Оттука следува дека Тора и душата се едно исто.

Меѓутоа, Создателот е Светлината на Еин Соф, облечен во Светлината на Тора, која може да се види во горните 620 Мицвот. Сфатете го тоа темелно, бидејќи тоа е значењето на нивните зборови, „целата Тора е имињата на Создателот. " Тоа значи дека Создателот е целината, а 620-те имиња се делови и предмети. Тие предмети се во согласност со степени и чекори на душата која не ја стекнува целата своја светлина одеднаш, туку полека, чекор по чекор.

Од сето ова наведено, гледате дека судбината на душата е да ги достигне сите 620 свети имиња, целиот нејзин статус, кој е за 620 поголем од оној кога дошла. Статусот се појавува во 620 Мицвоти каде Светлината на Тора е облечена, а Создателот е вкупната Светлина на Тора. Така гледате дека „Тора, Создателот, и Израел" се навистина едно.

Испитајте ги внимателно овие зборови, бидејќи им треба само малку објаснување. Се работи за она што го велат, „Нема да го објаснувам буквалното", и ќе бидете среќни ако го видите она што е пред вас.

Да се вратиме на темата дека пред да се доврши Божјата работа, Тора, Создателот и Израел се јавуваат како три различни нешта. Понекогаш, човек посакува да ја дополни својата душа и да ја врати кај нејзиниот корен, за кој се смета Израел. Понекогаш сака да ги согледа патиштата на Создателот и тајните на Тора, „бидејќи ако некој не ги знае заповедите на Вишиот, како ќе го служи?" Тоа се смета дека е Тора.

Понекогаш некој сака да го достигне Создателот, што значи да му се припои со целосна свесност. Во суштина на човек му е жал само за тоа и тој не се мачи околу достигнувањето на тајните на Тора, ниту во врска со враќањето на душата кај нејзиниот извор, како што била пред да се облече во тело.

Затоа, оној што чекори по вистинската линија на спремање за Божјата работа мора секогаш да се тестира себеси за да види дали подеднакво ги сака трите горенаведени аспекти, бидејќи крајот на делото е еднаков со неговиот почеток. Ако некој сака еден од нив повеќе од другиот и третиот дел, тогаш тој застранува од патот на вистината, и сфатете го тоа.

Затоа, подобро држете се за целта на копнеж по заповедта на Вишиот, бидејќи „тој што не ги знае патиштата на Вишиот и Неговите заповеди, кои се тајните на Тора, како ќе го служи?" Од сите три, ова најмногу ја гарантира средната линија.

Тоа е значењето на „Отвори за мене еден отвор на покајание, како дупче од игла, и јас за тебе ќе отворам порти да можат коли и кочии да влезат." Толкување: отворот не е за влез и излез, туку да влезе конецот за шиење и работа.

Слично на тоа, треба да копнеете само по заповедта на Вишиот, да работите, и тогаш ќе отворам за вас врата како влез во хала. Тоа е значењето на Експлицитното Име во стихот, „но навистина, како што сум жив, сета земја ќе биде исполнета со славата на Господа."

Јехуда Лајб

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели