Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

158. Зошто на Песах не се јаде на гости

                       Слушнав на утринската трпеза на празникот Песах (1948 г.)

Се вели дека обичајот да не се јаде на гости на Песах е заради барањата на кашрут. Тогаш зошто не се постапува исто така и во текот на целата година? Дури и ако е познато дека човекот се придржува до апсолутен кашрут уште повнимателно отколку дома, сепак тој не треба да јаде. Работата е во тоа што забраната за квасецот (хамец) се појавува за сè, а човекот нема сили да ја исполнува целосно и затоа само Создателот може да го чува и од најмалото нарушување.

Во ова се состои смислата на наредбата да се внимава со лебот со квасец – на човекот му е наредено да биде внимателен и да ги следи советите, за да не се доближи до нешто што не е дозволено. Меѓутоа, човекот не може да се чува себеси самостојно и затоа само Создателот може да го чува. И, се разбира, чувањето не е исто за секого – има луѓе кои Создателот ги чува повеќе, а има и такви, кои Создателот не ги чува толку многу. Тоа зависи од потребата на човекот за Создателот, затоа што има такви кои знаат дека имаат потреба од зголемено чување, па заради тоа Го повикуваат Создателот повеќе да се грижи за нив. Исто така, има и луѓе кои не чувствуваат посебна потреба од чување одозгора. Но, надворешно тоа не може да се разликува бидејќи сè зависи од внатрешното чувство, кога човекот чувствува во себе таква потреба и бара зголемена грижа.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели