Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

И Господ му се појави кај грмушките во Мамре, Статија Бр.6, 1984-85.

„И Господ му се појави кај грмушките во Мамре.“ Раби Шломо бен Јицак - РАШИ толкува: „Тој му дал совет во однос на обрежувањето и така Тој се појавил пред него.“ Во Зохар е запишано, ВаЈера (И Господ се појави), точка 6, во коментарот на Сулам, „И Господ му се појави кај грмушките во Мамре.“ Тој прашува, зошто грмушките кај Мамре не се на некое друго место? И тој одговара: Бидејќи Мамре му дала совет во однос на обрежувањето.

Кога Создателот му кажал на Аврам да се обреже, Аврам заминал да бара совет од неговите пријатели. Анер му рекол: „Сега имаш повеќе од деведесет години, само болка ќе си нанесеш.“ Мамре му рекла: „Го помниш ли денот кога Халдејците те фрлија во печката и на гладот кој целиот свет го искуси, како што е запишано: „и имаше глад во земјата, и Аврам замина доле во Египет, “ и тие кралеви кои ги гонеа твоите луѓе, кои ти ги удри и од кои Создателот те спаси и никој не можеше да ти наштети. Стани и прави како што Господарот ти заповедува.“ Создателот му кажал на Мамре: „Мамре, ти му го даде советот во однос на обрежувањето, затоа јас ќе се појавувам само во твојата палата.“

Вообичаено прашање е: „Како може да биде кажано дека кога Создателот му рекол да се обреже тој заминал да бара совет од своите пријатели, иако му служи на Создателот? Дали таква работа може да биде кажана?“

Треба да толкуваме дека кога Создателот му рекол да се обреже, тој заминал да се советува со неговите пријатели, што значи со неговото тело. Телото е тоа што мора да го изврши дејствието. Затоа го прашал своето тело дали се сложува, или неговите погледи се дека не треба да ги слуша заповедите на Создателот. Човековиот пријател, што значи желби, се во неговото тело и тие се заедно, споени со телото. Тој мора да ги праша бидејќи тие се оние кои треба да ги извршуваат овие заповеди кои ги добил од Создателот. Кога го знае нивниот поглед, тој ќе зне што да прави.

Треба да знаеме дека има три души во телото, како што е запишано во Зохар (ВаЈера, точка 315), „Раби Јехуда рекол: „Постојат три водства во човекот. Водството на умот и разумот е моќта на светата душа. Водството на страста копнее по секоја болна желба и ова е моќта на страста. Водството кое ги води луѓето и го засилува телото се нарекува Нефеш (душа) или тело.“ Тие три водства се сметаат за Аврамовите пријатели, што значи дека тој ги вклучил. Аврам ги побара нивните мислења; тој сака да го знае гледиштето на секој од неговите пријатели. Анер му рекол: „Ти си повеќе од деведесет години стар, само болка ќе си нанесеш.“

Анер во Гематриа е 320 и се однесува на 320 искри кои се таму. Исто така, мешавината од Малхут - наречена (камено срце), која е желбата за примање со цел да се прима - е засегнато со самољубие. Заради оваа причина, тој му рекол: „Ти си постар од деведесет години, само болка ќе си нанесеш на себеси.’’ Каменото срце - кое се смета како душа која копнее - му рекло: „Ти мораш секогаш да се принудуваш да примаш задоволство и да не си наштетуваш.“ Така, тој му рекол дека не вреди да ги слуша заповедите на Создателот.

Но Мамре му рекол: „Го помниш ли денот кога Халдејците те фрлија во печката.“ Со други зборови, тој му рекол: „Гледај како Создателот се однесува со тебе, над разумот, бидејќи разумно е оној кој е фрлен во печка да изгори. Тоа што си спасен е над разумот. Така, ти се припојуваш кон Неговите атрибути и ти исто така треба да одиш над разумот. Така, иако разумно е да се смета дека Анер е во право, треба да се оди над разум.’’

Ешкол е Нефеш (душа) на телото која го зајакнува телото. Тоа произлегува од зборот Ешкол (јас ќе тежнеам), дека мора да тежнее. Кон кого е подобро да се поврзе: со душата која копнее - Анер, или со Мамре, која е душата на умот и разумот. Ова е моќта на светата душа во него, како што е запишано во зборовите во Зохар. Мамре е од зборовите: „тој не ги послуша (Химра) зборовите на Анер.’’ Тој му рекол да оди над разумот, што е „и Господ му се појави покрај грмушките кај Мамре.“ Тоа значи дека токму таму каде што некој оди над разум, каде што нема интелект, точно во тоа место се појавува Создателот и тој е награден со познавање на Кедуша (Светоста). Затоа се нарекува „Мамре“, бидејќи тој се смета над разумот, со името „душата на умот и разумот.“ Тоа е точно во местото каде што некој оди над разумот и умот се појавува како разум.

Произлегува дека значењето ќе биде во она што го вели Зохар, „Аврам сака да го бара советот од своите пријатели,“ што го означува Аврамовото тело. Телото мора да одржува Мицва (заповед), така тој го бара гледиштето на телото за да знае што да прави. Со други зборови, дали да се присили себеси или тие се согласуваат со тоа што му го кажал Создателот. Кога вели дека тој отишол да се посоветува со пријателите тоа се однесува на трите души кои постојат во неговото тело и тие се неговите пријатели со кои тој секогаш е заедно.

Во Мидраш Раба е запишано (крајот на делот „Лех Леха“ (оди, одиси) и почетокот на ВаЈера, (И Господ се појави),“ Аврам рекол: „Пред да бидам обрежан, минувачите доаѓаа при мене. Откако се обрежав, тие не доаѓаат.“ Создателот му рекол: „Пред да бидеш обрежан, доаѓаа необрежани луѓе; сега Јас и мојата дружина се појавуваме пред тебе.“

Ние треба да разбереме дека не добил одговор на неговото прашање. Тој прашал: „Зошто минувачите повеќе не доаѓаат?“ И што бил одговорот? Нема одговор зошто не доаѓаат. Туку, тој добил друг одговор. Претходно, доаѓале необрежаните, а сега му доаѓа Создателот. Но, ова не била жалбата.

Неговото прашање било пред да биде обрежан, редоследот на работите бил дека минувачи секогаш доаѓале до него, што значи дека има мисли на поминувачи (исто така престапи), а потоа го има враќањето (исто така покајание). Тоа значи дека пред да биде обрежан имал место за работа, бидејќи имал мисли на престапи. Но потоа, тој нема место за покајание, да се посвети, бидејќи тој знаел дека бил работник. Но сега, тој немал место за поминувачи, а сепак копнеел за работа.

Така, Создателот му рекол: „Не треба да жалиш, бидејќи на крајот твојата работа е работата на луѓето кои се необрежани. Со други зборови, твојата работа не била чисто давање, бидејќи не си награден со отсранување на кожата, што значи желбата за примање.“„Но сега не треба да жалиш што ја немаш оваа работа која ја имаше тогаш, бидејќи иако беше убава работа, на крајот на краиштата таа била работа на луѓето, и таа била сè уште надвор бидејќи тие биле необрежани. Но сега кога си обрежан постои еднаквост на форма, па Јас и Мојата дружина можеме да дојдеме, што не бил сучај претходно

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели