Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

162. Зошто се вели: „Засили се!“ по завршувањето на делот со учењето

Слушнав на Саботната утринска трпеза, на 2-ри Ав, во Тел-Авив

Се вели: „Засили се!“ (хазак) по завршувањето на секој дел со учењето, бидејќи со тој завршеток треба да се добие сила која овозможува да се завршат сите нивоа на искачувањето. Слично како што во телото има 248 (РАМАХ) органи и 365 (ШАСА) жили, така и душата има 613 (ТАРЈАГ) делови, кои што се канали на душата, низ кои тече Светлината. Со помош на учењето на Тора (односно на кабалата), тие канали се отвораат. Сè додека не се отворат сите канали, дури и на своето лично ниво, човекот ќе чувствува недостаток, затоа што и личното ниво содржи дел од заедничкото.

Излегува дека ако во заедничкото недостига некој дел, тогаш тој недостига и во личното. Така постепено тие се реализираат од ниво на ниво. Кога сите тие ќе завршат, ќе се случи Крајот на поправањето (Гмар Тикун). Дотогаш, тие се менуваат и поминуваат поправања еден по друг. Од ова сфати го она што го рекле мудреците: „Тора му претходи на светот“, односно уште пред да биде направено ограничувањето на светот, Тора веќе постоела.

Како е можно потоа таа да свети во светот, чија што суштина е ограничувањето? Тора свети така што едно доаѓа по друго. Кога ќе завршат сите нивоа, човекот треба да излезе од овој свет, бидејќи во себе ја собрал целата Тора, со сите нивоа.

Затоа од секој завршеток треба да се добие сила, со која што ќе може да се оди понатаму, а петте делови на Тора одговараат на седумте сфирот (Хесед, Гвура, Тиферет, Нецах, Ход, Јесод, Малхут), од кои што пет се основни, затоа што Јесод и Малхут не се основни, туку се состојат од останатите.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели