Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

167. Зошто „Сабота на Покајувањето“ се нарекува така

Слушнав во Сабота на Покајувањето (9-ти октомври 1948 г.), во Тел-Авив

Зошто саботата пред Јом Кипур се нарекува „Сабота на Покајувањето“? Затоа што (на крајот од десетте дека каење на Судниот ден – Јом Кипур) се молиме со молитвата на покајувањето „За гревот“ и секој што ќе се задлабочи во зборовите на молитвата „За гревот“, се разбира, не наоѓа своја вина во шеесет проценти. Можеби четириесет проценти може некако да објасни и да се помири дека можеби и тој погрешил иако не чувствува нешто такво. Меѓутоа, во шеесет проценти од напишаното тој не се пронаоѓа себеси во никој случај.

Затоа и постои чудесната сила на Саботата, кога Светлината на Сабота му дава можност на човекот да види и да се пронајде себеси во сто проценти од гревовите, набројани во молитвата „За гревот“ и да сфати дека таа молитва е напишана само за него и за никој друг. Без Светлина тоа не може да се почувствува. Затоа се нарекува Сабота на покајувањето, бидејќи саботата помага за покајување, овозможувајќи да се почувствува гревот. Треба да се признае гревот првин, а после може да се бара прошка.

Но, ако ја кажува молитвата „За гревот“ и не чувствува дека направил грев, какво е тоа признание? Тој во своето срце вели дека не грешел. Ако изговара со устата, а со срцето не се согласува, тогаш се разбира дека таквото признание не вреди ништо.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели