Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Кабалата споредена со другите науки


Вистинската мерка на вредноста на науката

Вредноста на било која наука во светот е одредена од вредноста на нејзината цел.Не постои таква работа како наука без цел. Вредноста на науката е одредена од нејзината важност , од тоа колку е корисна и предностите кои таа ги обезбедува. Како последица , ако вредноста на некоја наука се мери според материјалните придобивки која таа ги носи , тогаш исчезнувањето на тие придобивки во иднина сигурно ќе ја намалат вредноста на таа наука.Иако науката сама по себе има значителна предност над целта , бидејќи секогаш има повисока основа , таа се проценува соодветно со нејзината цел. Доколку целта е привремена односно минлива , тогаш и науката ќе исчезне заедно со целта.

Вредноста на кабалата

Врз основа на горе споменатото, да ја разјасниме вредноста на науката кабала.
• Кабалата се занимава со здобивање на владеењето на Вишата Сила врз создадените суштества , и го проучува воспоставувањето на контактот на личноста со Вишата Сила. Така науката се потпира на Вишата Сила , чија важност е тешко да се прецени.Затоа кабалата е од непроценлива вредност за човештвото :

• Бидејќи содржината на Кабалата е вечно постоење , оваа мудрост е вечна
• Личноста која ја проучува Кабалата заслужува пофалба, бидејќи целта на Кабалата е да се биде во допир со Вишата Сила ( најдобрата од сите замислени цели 

Причината за мал број на кабалисти

Главната причина за таквиот мал број на кабалисти е тоа што секој почетник сака да ја завладее таа мудрост целосно и да ја открие Светата Провидност колку што е можно побрзо. Ова навистина бара знаење , но невозможно е да се здобие со вообичаеното проучување на материјали , како што е прифатено во другите науки . Почетникот најпрво треба да го научи несебичниот јазик , бидејќи со тој јазик е напишана кабалата.

Здобивањето доаѓа како резултат на труд

Задолжително побарување во сите науки : За да може било која личност да стане научник во било која област треба да направи сериозен напор во совладувањето на таа наука . Здобивањето доаѓа како резултат на напорна работа.

Научен јазик

Секоја наука користи сопствен јазик. Тие кои започнуваат со изучувањето на некоја наука, ја објаснуваат целта на науката и нејзиното битие користејќи го јазикот на таа наука. Така, целта на јазикот е да служи како посредничка врска помеѓу битието на науката и тој што ја проучува. Јазикот на науката во себе дава неверојатни можности : Може да обезбеди краток опис или многу темелно објаснување.

Претставнци на Науката

Научникот кој е впуштен во научно истражување не се грижи за материјална благосостојба. Тој своето драгоцено време го користи да открива и пронаоѓа и не го троши на барање на животните погодности . Тој одлучува да ги занемари во замена за знаење .Најдоброто земско задоволство е препознавањето во општеството . За тоа вреди да се откаже од сите други задоволства и да го направи секој напор за да го здобие тоа задоволство . Вниманието на најдобрите претставници на секоја генерација е сконцентрирано на тоа. Нема да застанеме за ништо сè дур не го добиеме.

Претставници на науката кабала

Се додека препознавањето во околината има вредност за некоја личност, тогаш тој не е подготвен да ја изучува мудроста на кабалата . Тоа е така бидејќи тој ( како и сите кои трагаат по материјална благосостојба ) ќе троши време обидувајќи се да освои такво признавање и неговото срце ќе биде затворено за здобивањето на Вишата Сила преку мудроста на кабалата.

Од веќе споменатото јасно е дека условите кои се важечки за секоја наука исто така може да бидат применети и кај кабалата. Меѓутоа , науката кабала бара од изучувачот не само да го обезвредни материјалниот живот , туку додатно на тоа , кабалистот е обврзан да го обезвредни и препознавањето во општеството.

Застапување на науката

Се забележува дека претставниците на обичните науки тежнеат кон препознавање . Тие се измачуваат за да ја претстават својата наука на таков начин на кој ќе биде прифатен од популарните маси. Сè е застапено преку масите , бидејќи тие го сочинуваат јадрото на човештвото .( ова не се однесува на одличните и несебичните научници , иако тие се обврзани да ги рекламираат своите науки за да добијат средства за развојот на нивната наука).

Разоткривањето на мудроста кабала

Кабалистите никогаш не се обидувале да ја рекламираат својата наука во општеството , бидејќи личноста и приоѓа на оваа мудрост врз основа на желбата која произлегува од некој внатрешен повик. Само тогаш тој ќе биде подготвен за да занемари:

• Телесни желби
• Материјална благосостојба
• Препознавање во општеството

Во минатото , кабалистите никогаш не го делеле нивниот метод со јавноста , бидејќи тие верувале дека науката за откривање на Вишата Сила може да биде дадена на тие кои ја разбираат правилно . Инаку октривањето на суштината на Кабалата би ја одземала можноста на општеството да ужива во трошење , богатство , моќ и почит . Сè додека јавноста продолжува да ужива во :
• Изопаченост
• Богатства
• Моќ и почит ( препознавање во општеството )
и не е подготвена да се откаже од нив , во замена за воспоставување на контакт со Вишата Сила , треба да се дозволи да се прави токму тоа , бидејќи со потрагата по задоволства лугето растат и се развиваат , сè додека не започнат да тежнеат кон духовното. Затоа денес , кога општеството како целина станува разочарано од споменатите задоволства и е подготвено за допир со Вишата Сила , тогаш мудроста на кабалата ќе ја открие својата суштина и цел на јавноста.

Кабалата како модерно учење

Спознавање на околната реалност

Многу луѓе не се сигурно дали кабалата може да биде сметана за наука . Дури и да се смета за наука , дали е таа природна како на пример физиката , хемијата и други, или е слична на полу-науките како што се филозифијата и психологијата ? Или можеби таа е специјална наука која бара од истражувачот не само знаење туку и посебна сопственост на нешто кое не е вродено.

Науката ја сметаме како изучување на околната реалност , која може да биде забележана , повторена и помножена . Како што ние го истражуваме светот со нашите пет сетила и со помош на други направи кои го прошируваат видикот на нивната чувствителност , па затоа со стекнувањето на додатното шесто сетило ( екран , душа ) , ние слично ги анализираме сфатените непријатности , ги забележуваме и ги собираме сите во едно цело. Овие забележувања се спроведени низ многу векови и се потврдени од илјадници истражувачи - кабалисти . Разликата меѓу кабалистички и не-кабалистички истражувачи лежи во фактот дека кабалистите ја истражуваат реалноста со додатно сетило , кое може да биде здобиено од било кој што тоа го посакува.

Од друга страна , научниците од неодамна открија дека сликата за светот е целосно субјективна и е целосно одредена од набљудувачот. Ако е тоа така тогаш сите природни науки може да бидат дефинирани како знаење кое еден човек го здобил преку неговите вродени сетила , додека кабалата е натприродна наука , бидејќи може да биде сфатена само доколку личноста се здобие со додатно сетило.

Малку е необично , одеднаш да се дознае за можна шанса за здобивање на додатно сетило и со него да се добие уште додатна информација во врска со светот , кој човек го чувствува само со своите пет сетила. Но , само што личноста ќе биде подготвена да ја прифати оваа претпоставка , се останато изгледа како прилично природно и истражувањето на светот со додатните сетила сигурно ќе биде наречено наука.

Достигнувањата на Кабалистот се вистински , повторливи и може да бидат помножени од негова страна и од други . Всушност сите кабалистички книги ги претставуваат средствата со кои може да се усклади сетилото на спознавање и да се опише спознаената информација. Ова е слично на пресметките дадени од страна на физичар или хемичар. Секој може да го повтори истиот експеримент и да добие слични резултати.

Од ова може да заклучиме дека Кабалата е многу пореална наука од другите , бидејќи првично го зема во предвид фактот дека здобивањето на личноста целосно зависи од неговите сетила. Совладувањето на сетилото со кое се спознава околната реалност во согласност со неговите особини е апсолутно ново за личноста .Тоа ја подигнува личноста на повисоко ниво на здобивање , го претвора во истражувач , бидејќи со менувањето на неговите особини тој спознава целосно нови слики . Сите тие слики се доста вистински , и само постепеното подесување на овие сетила ги открива разликите меѓу нив .

Поради недоразбирањето што точно чувствуваат и здобиваат кабалистите , луѓето погрешно им препишуваат :

• Разни чуда , волшепства , манипулација со натприродни сили
• Употреба на црвени конци , истерувања на ѓаволот , света вода и други такви нешта.
Од споменатите нешта јасно ги гледаме грешките кои и се препишани на кабалата ( науката за околната реалност ) во врска со религијата , мистицизмот и други области на човечка дејност.

Историски аспект на мудроста кабала

Кабалата датира од древниот Месопотамски град Ур . Записите од тоа време кажуваат приказна за Месопотамски граѓанин кој се викал Аврам , кој бил првиот што ја истражил врската меѓу сфаќањето на околната реалност и намерното развивање на ново , шесто сетило.

Методот на такво развивање го добило името " Кабала " и започнало да се шири помеѓу наследниците на Аврам и неговите ученици . Со текот на времето групата пораснала и станала нација од околу три милиони луѓе . Бидејќи само тие што го ширеле тоа учење припаѓале на таа група , тешко може да се нарече нација. Ова едноставно била група на кабалисти , кои истражувале што здобиле со шестото сетило.Групата се нарекла " Народот на Израел " откако сите нејзини членови се здобиле со соодветно чувство за светот со шестото сетило.

Тоа што е кажано тука толку обично претставува нов пристап кон историјата на човештвото , и само психолошка неактивност нè спречува од тоа да посвоиме вакво сфаќање за самите себе и за светот околу нас. Членовите на оваа Кабалистичка група развиле додатно сфаќање за Вишата Реалност преку нивните деца , кои го примиле ова сосема природно. Ова продолжило сè до тој момент кога целата група одеднаш не го изгубила чувството за сфаќање на Вишиот Свет. Сè до тој момент Евреите создале група која живеела во чувствата на Духовниот Свет. После тоа тие се претворија во обична нација .

Но , бидејќи постоењето на групата било оправдано само од степенот на друховно сфаќање , тоа престанало да биде посебен феномен во светот. Напротив , таа веднаш создала слика на група расфрлана меѓу сите други народи во светот. Без чувството за Вишиот Свет оаа група нема право да се нарекува " Народот на Израел " ( живеејќи според законите на шетстото сетило ) , каде што Израел значи "Изра-Ел " ( правец кон Бога ) . Бидејќи го изгубиле чувството за Вишиот Свет , наместо да преземе духовни акции групата започнала да ја практикува нивната физичка интерпретација.

Обврска да се помине методот на сфаќање

Според општиот закон на природата , секоја личност во светот на крајот ќе мора да го открие своето шесто чувство и да го здобие универзумот кој се наоѓа во него. Врз основа на оваа цел на создавање кабалистите се обврзани да :
• Ги учат своите луѓе на методот на развој на шестото духовно сетило
• Да го пренесе методот на целото човештво.

Неуспехот на оваа задача е вистинската причина за анти-семитизмот ( омраза према Евреите ) , лошите нешта кои луѓето им ги имаат направено на Евреите , криењето на вистината и добрината . Всушност Евреите потсвесно ја чувствуваат оваа вина длабоко во себе.
Од друга страна , можеме да кажеме дека откако Евреите свесно престанале да го здобиваат Вишиот Свет преку кабалата , Јудеизмот ( масивно изведување на ритуали ) скокнал во живот и подоцна бил проследен од Христијанството и Исламот . Само затоа што Евреите задржале малку сеќавања од придобивките на нивните претци , тие ги смениле со површни ритуали и традиции . Самата идеја за различно ниво на сфаќање на светот целосно исчезнала. Евреите повеќе не разбираат дека нивните претци живееле на сосема различно духовно ниво .

Големиот Кабалист Баал ХаСулам го опишува ова во кратка приказна во која некоја личност живее далеку од својот заборавен дом , сè додека не нашол книга за едно прекрасна далечна земја . Читајќи тој започнал да се сеќава дека прекрасното опишано место во книгата всушност е неговата татковина. Слично на тоа, сите ние ќе мораме повторно да го откриеме чувството за Вишиот свет.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели