Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Што нам ни дава правилото “Сакај го ближниот како себеси“?

 

Што нам ни дава законот (Клал 1) “Сакај го ближниот како себеси’’? Преку овој закон, ние можеме да дојдеме до љубов кон Создателот. Доколку е тоа така, што ни дава одржувањето на 612-те Мицвот?

Прво, треба да знаеме што е закон. Познато е дека заеднички (Клал) се состои од повеќе поединци. Без поединци, не може да постои заедница. На пример, кога се обраќаме на публиката како “света публика’’ ние мислиме на поединци кои се собрале и создале единство. Потоа, на публиката се назначува глава, итн.., и ова се нарекува Миниан (десет/кворум) или “обожавање.’’ Мора да бидат присутни најмалку десет луѓе, и тогаш е возможно да се каже Кедуша (одреден дел од еврејска молитва). Светиот Зохар за ова вели: “Каде што има десет, престојува Божественоста.’’ Ова значи дека во местото каде што има десет луѓе, има место за престој на Божественоста. Затоа следи, дека законот, “Сакај го ближниот како себеси’’ е изграден на 612 Мицвот. Со други зборови, доколку ги одржуваме 612 Мицвот, ние ќе бидеме во можност да го достигнеме законот “Сакај го ближниот како себеси.’’ Од ова произлегува дека поединечните елементи ни овозможуваат да ја достигнеме заедницата, и кога ја имаме заедницата, ние ќе бидеме во можност да ја достигнме љубовта на Создателот, како што е запишано, “мојата душа копнее за Господ,

Како и да е поединецот не може да ги одржува 612 Мицвот сам. Да го земеме на пример, искупувањето на првороденчето. Доколку првороденчето е женско, тоа не може да одржува Мицвот на искупување на првиот-бум. Исто така, жените се изземени од почитување на сите зависни во времето на Мицвот, како Цицит и Тефилин. Но бидејќи “сите од Израел се одговорни еден за друг,’’ преку другите, тие сите се одржани. Тоа е како преку сите заедно да го одржуваат Мицвот заедно. Така, преку 612 Мицвот, ние можеме да го достигнеме законот, “сакај го пријателот како себеси.’’

1. Напомена за преводот: на еврејски, зборот Клал значи и “закон’’ и “заедница.’’ Авторот прави замена помеѓу двете значења.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели