Раби Барух Шалом ХаЛеви Ашлаг – Рабаш
Последна алка во низата на големите антички кабалисти, кои се наоѓале буквално на спојот од минатата и идната генерација, бил постариот син на Јехуда Леиб ХаЛеви Ашлаг, познат како Баал ХаСулам, -Сопственик на Скалите (1884-1954)
Рав Барух Шалом ХаЛеви Ашлаг е роден на 7-ми од месецот Шват 5667 г. (евр. календар – одговара на 22 јануари 1907 г.). На 13годишна возраст се преселил со татко му од Полска во Јерусалим и целиот свој живот учел од него. После смртта на Баал ХаСулам, Рабаш го продолжил неговото дело: во целост го издал коментарот „Сулам” и другите ракописи на татка си, а потоа почнал да пишува статии, во кои јасно го претставил дефинираниот метод на внатрешната работа на човекот, кој се стреми да ја достигне вистинската реалност, што не било направено од ниту еден кабалист пред него. Во тие статии тој дал детален опис на сите фази на духовниот пат на човекот – од неговиот почеток и сé до крајот.
Подоцна од тие статии бил составен збир на дела, составени од 5 тома „Фази на достигнувањето”[ShlaveiHa-Sulam]. Освен тоа, Рабаш ни ги пренесе своите најоригинални записи за објаснувањето на духовните состојби на човекот, добиени од неговиот татко, кои според тоа се наречени – “Шамати”[Shamati] („Слушнав”).
Рабаш починал на 5 Тишреј 5753 г. (13 септември 1991 г.).
Неговите книги, заедно со делата на Баал ХаСулам се најнеопходен материјал за изучување на науката кабала, чие што изучување ја открива пред човекот вистинската слика на реалноста која нè опкружува, и го доведува на квалитативно поинакво, високо ниво на осознаеното, свесно постоење во хармонија со Природата со целосна реализација на вишата намена на човекот – постигнување на Замислата на Создавањето.
Златната лоза
На многу начини, Рабаш е последниот од „златнaта лоза", последната алка од синџирот на најголемите кабалисти. Овој род започнал со Абрахам Патријархот и завршил со таткото на Рабаш, Раби Јехуда Ашлаг, (Баал ХаСулам) кого го следел самиот Рабаш. Неговата улога во ова потомство е можеби најзначајна за нас, бидејќи тој нè поврзува со сите големи кабалисти. Со своите дела тој го прилагодил методот на кабалата на нашата генерација.
Иако бил на врвот на духовното скалило, Рабаш бил многу добро поврзан со обичните луѓе кои едноставно сакаа да знаат дали има нешто повисоко од она што овој свет може да ни го понуди. Заради неговиот духовен развој, Рабаш разбрал зошто сите ние кои живееме во периодот околу 20-тиот век треба да ја откриеме тајната на животот. Тој бил способен да ја ни ја приближи мудроста на кабалата на разбирлив, едноставен, својствен јазик за нашата генерација. Правејќи го тоа, тој нè воведе во восхитувачкиот, вечен свет и го изградил најсигурниот пат за да стигнеме до таму.
Заминување од дома
Кога Барух Ашлаг имал 13 години, неговиот татко одлучил дека е време да ја напушти Полска и да се пресели во Израел. Баал ХаСулам се надевал дека ќе најде повеќе кабалисти во Израел кои ќе му се придружат во ширењето на кабалата. Затоа, во 1921 година, семејството на Ашлаг ја напуштило Варшава и се доселило во Ерусалим.
Во Израел (во тоа време Палестина), живеел Раби Аврахам Исак ХаКохен Коок. Тој бил главниот учител во Израел заедно со Раби Хаим Зоненфелд. Главниот учител во Ерусалим, духовен и политички водич во Израелската ортодоксна заедница, го назначиле Рабаш за учител. Рабаш имал само седумнаесет години кога бил назначен за учител.
Ученик на својот татко
Рабаш почувствувал желба да ја открие тајната на животот на рана возраст и решително тежнеел да ја оствари. Негова единствена желба била да стане ученик на неговиот татко - најголемиот кабалист на генерацијата. Тој сакал да продолжи по стапките на својот татко и да ја проучува кабалата. Знаел дека ништо освен кабалата не би му ја задоволило желбата што му го разгорувало срцето.
Навистина, еднаш кога Рабаш докажал дека неговите намери биле искрени, Баал ХаСулам го прифатил во неговата група на студенти. За да ги посетува часовите на својот татко, Рабаш морал да поминува по неколку километри преку ноќ, од стариот град на Ерусалим до домот на неговиот татко во соседството на Гиват Шаул. По пат, тој морал да се искрадне од минувачите криминалци и да помине низ бариери поставени од британските воени сили, кои биле дел од Британскиот Мандат (1922- 1948) кој ја водел земјата Израел.
И покрај суровите услови во Ерусалим во раните 30-ти години, Барух Ашлаг имал силна желба да продолжи по стапките на својот татко и не пропуштил ниту една лекција или случување на кое присуствувал неговиот татко. Тој останал покрај него, го придружувал на сите патувања, ги исполнувал сите негови наредби и му служел на секаков можен начин.
Со текот на времето, Барух станал најблискиот ученик на Баал ХаСулам и одделно почнал да учи со него. Неговиот татко го научил за Проучувањето за Сефирот и Книгата Зохар. Раби Јехуда Ашлаг исто така го подготвил својот син за улогата која што Рабаш требало да ја заземе - ширење на мудроста на кабалата на масите на најјасен и најпогоден јазик за нашето време.
„Шамати“ - „Слушнав“
Рабаш, посветениот ученик, запишувал сè што ќе чуел од својот татко во една тетратка што ја нарекол Шамати (Слушнав). Собрал илјадници белешки во врска со објаснувањата на Баал Ха Сулам, за духовното дело на една личност. На смртната постела, Рабаш му ја предал тетратката на својот личен асистент и ученик, Рав Михаел Лајтман, кој подоцна овие белешки ги објавил како книга, која го има истиот наслов.
Рабаш му бил ученик и личен помошник на својот татко повеќе од триесет години. За време на целиот период, тој примил од татко му учења, како и неговиот дух на љубов кон целата нација и за светот во целина. Тој го примил признанието за тоа дека ќе доживееме целосно спасение само со ширењето на мудроста кабала низ целата нација и низ целиот свет. Години подоцна, учениците на Рабаш потврдиле дека духот на сево ова бил неговиот „знак“ низ целиот негов живот, суштинска порака која ја оставил на своите ученици.
Поврзани со светот, но, сè уште изолирани од него
Како и татко му пред него, Рабаш не сакал неговото име да се слави и воздигнува како име на кабалист. Тој одбил да ги прифати официјалните должности кои му биле понудени. Наместо да биде почитуван и лидер на многу луѓе Рабаш си го посветил целото свое време и напори на работата на внатрешен план за да се подготви за учениците по кабала. Тие ја ширеле мудроста кабала и со искреност продолжиле на патот на Баал ХаСулам.
На внатрешен план, Рабаш бил поврзан со целиот свет. На надворешен план, сепак, тој бил повлечен човек. Неговата вдовица, Феига Ашлаг, сведочеше: „Дури ни нашите соседи не знаеја дека тој предаваше за скриената мудрост."
И покрај неговата скромност, оние кои навистина трагале го пронашле својот пат како да стигнат до Рабаш. Неговиот ученик и помошник, Рав Михаел Лајтман вели дека меѓу оние кои му пријдоа, имаше познати учители кои дискретно дојдоа во домот на Рабаш за да ја изучуваат скриената мудроста .
Во својата работа со нови ученици, Рабаш го развил својот единствен современ метод. Тој пишувал неделни статии во кои со едноставни зборови ја опишал секоја фаза од работата на внатрешен план на секоја личност на патот кон духовноста. Така, тој ни доверил вистинско богатство, комплетен, испробан метод што може секого да го натера да го согледа духовниот свет.
Овие неделни написи се собирни во серија на книги наречена „Славеј ХаСулам“ (Чекори на Скалата). Рабаш оставил зад себе многу групи ученици во Израел и на други места во светот. Овие групи, продолжуваат да ги учат неговите книги и книгите на Баал ХаСулам. Рабаш успеал во нешто, во што другите не успеале. Нам ни го претставил најдобриот начин да се открие најдлабокиот аспект на реалноста: Вишиот Свет.
Бнеи Барух
По смртта на Рабаш во 1991 година, неговиот ученик и личен помошник, Рав Михаел Лајтман формира група на кабалисти, на која ја нарекол според својот учител: „Бнеи Барух ", или „Синови на Барух." Целта на групата е да продолжи по патот на Рабаш и да го шири неговиот метод низ широките народни маси.
Бнеи Барух денес е меѓународна академија со стотици илјади студенти во Израел и низ целиот свет. Овие студенти учат кабала од автентични извори и бесплатно ја шират мудроста на сите кои сакаат да ја научат.
Раби Барух Шалом ХаЛеви Ашлаг бил единствен. Тој бил скриен кабалист кој се занимава со обука на новата генерација на кабалисти, преку негување на нов духовен метод, кој бил соодветен за современите ученици. Тој бил убеден дека ако може да го прилагоди методот на кабала на нашето време, тоа ќе биде неговиот најголем придонес кон човештвото.
Раби Барух Ашлаг сакал да промовира една посветла иднина за сите во светот, и успеал. Сите ние треба да направиме да се користи овој успешен метод што тој го развил. Ако го правиме тоа, ќе бидеме наградени со тоа што ќе откриеме потполна, вистинска и вечна реалност, која што ја откриле сите кабалисти низ генерациите.