Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Шесто сетило

Науката и филозофијата напредуваат заедно со напредокот на човештвото. Денес, сите научници и филозофи согласуваат дека човечкото истражување на светот околу него, е ограничено. Може да се рече дека човекот е како "црна кутија" кој го чувствува, разбира и прима само она што доаѓа однадвор.

Во сите наши истражувања, ние сме ограничени со нашите пет сетила. Сите инструменти кои што ги градиме, и кои што ќе бидат изградени во иднина,не можат да се оттргнат на ограничувањата на нашите пет сетила. Тие едвај ги прошируваат границите на нашите сетила. Тоа е затоа што ние никогаш не сме во состојба да замислиме што им недостига на нашите сетила. Имено, кои други додатни сетила ни требаат со цел да ја осознаеме вистинската реалност околу нас.

Ние не го чувствуваме тоа како недостаток, исто како што не чувствуваме недостаток на шестти прст на нашата рака. Она за кое ние не чувствуваме дека е недостаток никогаш нема да биде нешто коешто ќе го бараме. Затоа, сите наши истражувања на нашиот свет се во согласност со нашите пет сетила, и ние никогаш нема да можеме да почнеме да видиме, почувствуваме и да го разбереме она што е надвор од нашите сетила. Тоа се ограничувањата на нашите концепти.

Исто така, нашата имагинација е производ на нашите пет сетила, и искуствата кои произлегуваат од нив. Ние никогаш не можеме да замислиме некаков објект или суштество кое што не наликува на она што нам ни е познато преку нашите пет сетила. Ако сакам, на пример, некој да ми нацрта некое суштество од друга планета, со сигурност тој ќе го нацрта со елементите коишто ни се познати нам од нашиот свет. И ако јас те замолам да опишеш нешто имагинарно, ти без сомневање ќе ми дадеш нешто слично на овој свет.

Ова ги опишува сите наши ограничувања: ние сите живееме во еден мал свет, и ние не сме способни да чувствуваме, а од таму и да замислиме, било што, што е надвор од него. И бидејќи нашите ограничувања се апсолутни, ниедна наука или филозофија нема да може никогаш да ни помогне да го разбереме она што е надвор од овој свет.

Можно е на истиот простор, во друга димензија да постојат други суштества, други светови. Но ние не сме во состојба да ги почувствуваме бидејќи ни недостигаат потребните садови-сетила да ги почувствуваме. Можно е во тој друг свет, поголем од нашиот, да бидат пронајдени причините за нашето постоење, за сите инциденти кои ни се случуваат и причините за нашата смрт. А ние, несвесни за овие причини, живееме без вистинско знаење и без вистинска цел, што е исто како да се биде несвесен во нашиот свет.

Постојат луѓе во нашиот свет, кои ги добиваат тие додатни сетила кои им овозможуваат да го почувствуваат поширокото постоење коешто не' опкружува. Овие луѓе се наречени кабалисти. Бидејќи тие знаат како да добијат повисоко знаење од нашето. Тие луѓе велат дека околу нас постојат светови над нашиот. Сите овие светови се како слоеви на кромид, во коишто нашиот свет е создаден во средина на овие светови.

Но ние, кои постоиме во овој свет, сме способни да го чувствуваме само "овој свет", внатрешната сфера на постоењето. Ние се раѓаме, живееме, умираме во оваа сфера, која е наречена "овој свет".

Кабалистите ни кажуваат дека "овој свет" е наречен така бидејќи ова е само еден мал дел од вистинската реалност, која што сме способни да ја почуствуваме со нашите сетила. Но, ако ние можеме да развиеме додатни сетила, тогаш она што ќе го чуствуваме со нив ќе биде наречено-светот кој доаѓа. Методот кој што може да ни помогне да го почуствуваме и искусиме светот кој доаѓа се нарекува мудроста на кабалата.

Време за дејствување

Веќе подолго време се чувствував одговорен да ѝ ги дадам на пошироката јавност вистинските информации за мудроста на кабалата.

Пред појавувањето на печатарската индустрија не постоеле книги, површни по содржина, бидејќи безцелно било да се плаќа значителен износ на пари на писарот за безвредна стока. Од друга страна, кабалистите се труделе да ја сокријат мудроста на кабалата од оние коишто немаа вистинска потреба за неа.

Така што, кога се појавуваа кабалистички книги, тие биле сосема автентични. Со пронаоѓањето на печатарската преса, "болеста за пишување книги" се раширила низ светот, и авторите немаа повеќе потреба да ангажираат писар и да го плаќаат скапо за да направи копии од нивните дела. Книгите изгубија на цена, и рој неодговорни писатели сега можеа да "произведуваат" книги во потрага по профит и признание.

Следствено, се појавија секакви видови на "експерти", секој во своето поле, кои неселективно печатеа што сакаа, со цел да станат богати и славни. Некои од нив дури тврдеа дека се добри судии, па од таму тие ѝ диктираа на јавноста кои книги треба да ги чита. Во последниве неколку декади, такви "експерти" се обидуваа да ја објаснат кабалата, не разбирајќи дека тоа знаење може да биде откриено само ако е добиено од потврден кабалист.

Како и да е, парите и славата се целта на ваквите "експерти". Така, книги чии автори никогаш не студирале од вистински извори со реномиран научник, почнаа да се појавувааат во огромен број. Овие луѓе ги пишуваат и објавуваат своите неуки дела сосема несвесни за штетата што ја предизвикуваат на генерациите коишто доаѓаат. Затоа, перцепцијата на вистината од страна на јавноста е многу оштетена.

Ова доведе до едно такво лекомислено верување дека секој што пролистал низ некаков кабалистички текст, се чуствува дека може да денесува заклучоци за оваа мудрост која го проучува сокриениот дел од создавањето. Сето ова ме наведе да го откријам вистинското знаење на кабала на широк круг на читатели.

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели