(фрагмент)
Ги добив сите ваши писма и она што ми го пишува *** во врска со понижувањата и навредите, на кои што тој е подложен. Нека ми верува дека јас во иста мера ги добивам истите страдања, низ кои што поминува тој. Покрај тоа, нека знае дека ја чувствувам неговата болка посилно од самиот него... Заблагодари му се на *** за неговата порака за собирот на групата на петтиот ден од Сукот. Во врска со тоа што се случува меѓу членовите на групата, јас веќе пишав дека не треба да се прави голема работа од тоа, туку со Божја помош, Создателот ќе го заврши за нас она што го започнавме ние со цел за величање на Неговото Име...
Јехуда Лајб